Груевски: Македонија со највисоки проекции за раст во регионот

Во проекциите и на ЕБРД и на ММФ колку и да се ниски, Македонија предничи, има највисока проекција за раст на економијата споредено со останатите земји во регинот, изјави денеска премиерот Никола Груевски

Според него, во Европа моментно има силна должничка криза проследена со рецесија која трае подолго од очекуваното. Веројатно на тоа влијаат новите моменти во Грција со одлагање на изборите и најавите дека можеби ќе се излезе од еврото. Има одредени продлабочувања на еконосмките состојби, секаде се намалуваат проекциите.

- Она што ЕБРД и ММФ го зборуваат како проекција за економскиот раст во регионот, се ниски проекции што корепсондираат на состојбата во ЕУ каде проекциите се уште полоши. Не сме среќни со тоа зашто се работи за ниски проекции, но сепак проекциите се највисоки што зборува дека и ЕБРД и ММФ сметаат дека во ваква исклучиетлно тешка ситуација во Европа, со проследена рецесија, Македонија наоѓа сили ако не повеќе, да биде малку поодбра од земјите во опкружувањето, истакна Груевски по отворањето на двете нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Владата, напомена, прави се што е во нејзина моќ да се ублажат последиците од кризата во ЕУ. Предвидувањата на ЕБРД и ММФ само укажуваат дека сите преземни мерки даваат некакви резултати.