Вицепремиерот Пешевски се сретна со претседателката на австрискиот Парламент

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска се сретна со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија Барбара Прамер, која престојува во неколкудневна посета на Македонија.

За време на средбата, како што соопштуваат од Кабинетот на вицепремиерот, стана збор за билатералната економска соработка помеѓу двете земји како и за можностите за нејзино унапредување, при што посебен акцент се стави на зголемувањето на нивото на австриски инвестиции во Република Македонија.

Вицепремиерот Пешевски информираше за идните активности и проекти на Владата на Република Македонија кои се насочени кон подобрувањето на бизнис климата и кои истовремено ќе овозможат зголемена трговска размена помеѓу Република Македонија и останатите земји.

Во разговорот со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија, вицепремиерот Пешевски напомена дека Австрија е еден од најголемите инвеститори во нашата држава, а воедно и еден од најзначајните трговски партнери. Во првото тримесечие од оваа година обемот на трговска размена помеѓу двете земји изнесува 39.706.000 милиони долари, што споредено со истиот период од минатата година преставува раст од 15 отсто, при што извозот кон Република Австрија бележи раст од 45 отсто, додека увозот е зголемен за 5 отсто во однос на истиот период лани.

На крајот двете страни го истакна заемното задоволство во однос на унапредувањето на трговската размена помеѓу двете земји, посакувајќи успешно продолжување на соработката.