Отворена влада и сајбер безбедноста се два клучни столбови во процесот на дигитализација

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска се сретна  со Марк К. Дитрих - потпретседател на East West Management Institute и Горан Лазаревски - Директор на Civic Engagement Project на УСАИД (ЦЕП).

Министерот Алити ја поздрави посветеноста на CEP за спроведување на стратешките реформи, фокусирани на одговорност, транспарентност, правда и антикорупција, за унапредување на реформите и членството во ЕУ.

Соговорниците разговараа и за плановите и предизвиците во однос на дигитализацијата, со посебен акцент на проектите за сајбер безбедност.

Алити ја истакна и важноста на досегашните соработки, како што е отворената влада (open government).

МИОА ќе остане партнер и поддржувач на секоја иницијатива во оваа насока, странките се договорија да останат во контакт, за да преземеме други чекори на соработка.