Редовна 28-ма Владина седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска 15.3.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 28-ма седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред министрите ќе се најде Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информација со Предлог-меморандум за соработка во туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.