Битиќи: Домаќинското работење и вистинската грижа заштедуваат 82,25 милиони евра пари на граѓаните

Оваа Влада води конзистентни економски политики, преку преземање паметни чекори, со посебно внимание секој потрошен денар на граѓаните да се троши домаќински.

Тоа го потврдија и сите релевантни меѓународни финансиски институции, кои го потврдија нашиот кредитен рејтинг, а тоа резултираше  со емитување на најевтината евро обврзница досега.

Само за потсетување и споредба:

Во 2014 година ВМРО – ДПМНЕ ја задолжи државата со еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка од 3,975%, за кои во овие 7 години, од парите на граѓаните, беа платени камати во вкупен износ од 139,1 милиони евра.

Оваа последна еврообврзница е со повеќе од половина пониска каматна стапка, или домаќинското работење заштедува 82,25 милиони евра во камати, пари на граѓаните.

Почитувани граѓани, овие 82 милиони евра, ваши пари ќе беа доволни да:

  • Се изградат уште 7 модерни училишта како новоизграденото основно училиште „Киро Глигоров“ каде нашите деца ќе можат да се образуваат;
  • и 42 градинки, како градинката „Јаболче“ што ја изградивме во Ресен, каде најмалите ќе имаат ран детски развој по европски стандарди;
  • и 320 километри канализација;            
  • и 160 километри примарна водоводна мрежа низ државата;
  • или, почитувани сограѓани, тоа се средства кои ги покриваат годишните трансфери за социјална помош за 45.000 домаќинства.

Ова е разликата, како умно и продуктивно се трошат и вложуваат парите на граѓаните.

Остануваме посветени во креирањето на стабилна и одржлива домашна економија.

Бројките не лажат. Грижата се покажува на дело.