Пешевски:Земјите од Западен Балкан не се заморени од интегративните процеси на ЕУ

Земјите од Западен Балкан не се заморени од интегративните процеси на ЕУ и покрај излегувањето на Велика Британија што е најава по нивниот референдум. Сепак државите и понатаму гледаат во ЕУ главен пазар и главна можност за наредок на своите економии.

Како што изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, ова е пораката од бизнис форумот што се одржа денеска во Париз, како сегмент од Третиот самит за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Пешевски кој ја претставуваше Република Македонија на форумот истакна дека се работи за еден напор на ЕУ и на ЕК државите од Балканскиот регион кои не се членки на Унијата да ги засилат интегративните процеси во неколку сегменти на функционирање при што најважен е сегментот на економијата бидејќи таму реално се случуваат работите.

- За таа цел се одвоени определени средства. Република Македонија користи уште од првата транша на едната милијарда која е алоцирана за оваа активност, а тоа се средтсва за градење на далекуводот кон Албанија. Ние конкурираме и со други проекти. Дел од нив ќе останат за разгледување и понатаму бидејќи не се сите средства искористени, рече Пешевски.

Цел на самитот додаде тоје е и да се засили и соработката меѓу самите земји на неколку полиња како енергетиката, инфраструктурата, транспортот, а на бизнис форумот во Париз би ла посочена и нова тема – дигиталната технологија и дигиталните држави.

-  Ние ја претставивме Македонија. Сега продолжуваме на работниот ручек на министрите за еконоија на кој ќе се говори за конкретни проекти и иницијативи. Во секој случај за Македонија е важно да биде присутна тука и да покаже што има да каже, бидејќи сепак, во делот на бизнис реформите сме отидени најдалеку од сите држави, што беше нотирано и од експертите на Светската банка кои се присутни на овој форум. Голем дел од проектите во Македонија се финансирани од меѓународните финансиски институции што значи дека она што го правиме е во вистинска насока, но се разбира треба да се продолжи по оваа патека и конечно политичката криза која што владее во Македонија можеби е мал застој кај нас но долгорочно сепак економијата останува и кај нас и во ЕУ главниот фокус, рече вицепремиерот Пешевски.

Запрашан дали може да очекуваме француски компании да дојдат во посета на Македонија по форумот, тој нагласи дека веќе соработуваме со француски компании години наназад, а и овој пат бил изразен интерес за можна соработка.

-  Македонија има промотори во Република Франција. Остваривме среди со некои компании. Имаат интерес за проекти од областа на заштита на животната средина. Тие ја посетиле Македонија но дел од нив ќе продолжат да ја посетуваат бидејчи гледаат дека бизнис климата во Македонија е поволна. Не се премногу загрижени од политичката криза бидејчи реалните бројки што ги презентираме говорат сами за себе. Така што ќе продолжиме понатаму по истата патека, рече вицепремиерот Пешевки.

На бизнис форумот присуствуваа компании и стопански комори од земјите од Западен балкан како и француски компании заинтересирана за соработка и инвестиции во регионот.

Самитот на шефови на држави и влади како централен настант на тетиот самит за западен Балкан во Париз во рамки на Берлинскиот процес ќе почне попладнево. Македонската делегација на самитот ја предводи премиерот Емил Димитриев, а покрај премиерите од Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ и Косово учествуваат и германскиот канцелар Ангела Меркел и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. Самитот ќе го отвори претседателот на Франција Франсоа Оланд.