Буџет на Владата на Република Северна Македонија

ВКУПЕН БУЏЕТ НА ВЛАДАТА: 5.244.744 илјади денари

ОПИС И ЦЕЛИ ЗА 2020 ГОДИНА

Владата на Република Северна Македонија ја утврдува економската и развојната политика на државата, утврдува мерки за нејзино  остварување и му предлага мерки на Собранието за стварувањето на политиките што се од негова надлежност, ја утврдува политиката на извршување на законите и другите  прописи на Собранието, го следи нивното извршување, врши координација на процесот на стратешкото планирање на централно ниво и негово усогласување со буџетскиот процес и  врши други работи утврдени со закон.

Активностите на Владата на Република Северна Македонија во 2020 година како буџетски корисник се во согласност со утврдените стратешки приоритети за зголемување на економскиот раст, обезбедување на повисоки стапки на вработеност, пораст на животниот стандард и поквалитетен живот за граѓаните,  интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување на добри  меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и подеднаков третман на сите пред законот,  инвестирање во образованието, иновациите и информатичката технологија како елементи на општество базирано на знаење.
 

Тековен буџет:

Писмо за достава на Предлог-закон за извршување на буџетот за 2019 година

Изминати буџети: