30 години независност

 

Настанот за одбележување 30 години независност на Северна Македонија претставува високо-церемонијална државна манифестација кој се одвива пред Собранието на Република Северна Македонија и која го отсликува историскиот референдум на 8 септември 1991, кога граѓанките и граѓаните на Република Македонија го потврдија илинденскиот и асномскиот континуитет и масовно го дадоа својот глас за независност на нашата држава како суверен меѓународен субјект и за меѓународно признавање како рамноправна членка на заедницата на народите.
 

Настанот ја отсликува и денешна Северна Македонија која стана дом еднаков за сите граѓани, без разлика на етничката и верска припадност или на социјалниот статус. Настанот ја отсликува нашата држава која стана едно и еднакво општество за сите, како и нас, граѓаните на Северна Македонија, кои заеднички ги остваривме нашите стратешки интереси што ја определуваат иднината на нашата земја.

Република Северна Македонија денеска е членка на НАТО, засилено се европеизира и подготвена чекори на патот кон Европската Унија.


30 факти за 30 години независност:

 

 


Видео од преносот во живо:


Албум со фотографии

8 Септември - 30 години независност [08.09.2021]