Премиерот Ковачевски на Божиќ на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

Премиерот Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите.  

 
Големиот христијански празник Божиќ, како што констатираше премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.


Обраќање на премиерот Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на премиерот Ковачевски:

„На сите христијански верници сакам да им го честитам големиот празник, Христовото раѓање - Божиќ. Сакам да им посакам љубов, среќа, здравје, да им посакам мир во нивните домови и како што Христијаните се обединиле во Витлеем на овој голем празник, исто така посакувам и сите наши граѓани, сите наши Македонци да се обединиме во градење на просперитетна, среќна и напредна држава. 

Среќен Божиќ. Христос се роди! Навистина се роди!“