Од 216-та владина седница: 7-ми и 8-ми јануари се неработни денови

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја промени препораката за работни празнични денови, донесена на 214-та владина седница.

Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.