Премиерот Ковачевски ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 21 ноември 2023 година (вторник) во 15:25 часот ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО.

Видео материјалот од официјалниот пречек може да се преземе во висока HD резолуција преку следниот линк:

Официјален пречек на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг од страна на премиерот Ковачевски

Според агендата за официјалната посета на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата, во 16:30 часот.

Видео материјалот од заедничката прес-конференција на премиерот Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, може да се преземе во висока HD резолуција преку следните линкови:

Прес-конференцијата на македонски јазик

Прес-конференцијата на англиски јазик

Прес-конференцијата на албански јазик