Се дигитализраше Европската младинска картичка, младите ќе можат да ја користат и онлајн

Европската младинска картичка се дигитализираше и од денес е достапна за онлајн користење ширум државата и низ 30 држави ширум Европа. Со цел да се подобри и
олесни процесот на користење, младинската картичка ќе се издава исклучиво во онлајн форма и преку неа ќе се овозможи дополнителен комодитет и пристап до сите
бенефиции и попусти кои што следуваат.

Европската младинска картичка е бесплатна, а може да ја добие секој млад човек на возраст од 15 до 29 години. Аплицирањето за картичката е онлајн преку пополнување
на формуларот достапен на следниот линк: https://mladinskakarticka.mk/#apply-form

Со користење на картичката, младите имаат поволности и попусти во разни сектори, и тоа: угостителски објекти, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри за обуки
за стручни вештини и размена на информации.

Младинската картичка може да се преземе преку:

Android – Превземете ја апликацијата од Google Play Store преку следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=eu.eycaapp.eyca&pli=1

iOS – Превземете ја апликацијата од Apple App Store преку следниот линк: https://apps.apple.com/be/app/european-youth-card/id1180605203

Агенцијата за млади и спорт во наредниот период ќе праќа ЕYCA броеви (кодови) кои се потребни за понатамошна регистрација на вашата картичка.

За сите дополнителни прашања и информации, можете да се обратите на следната меил адреса: mladinskakarticka6@ams.gov.mk