Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Методија Димовски, учествуваше на првата Microsoft работилница во рамки на новиот Microsoft договор

Денес, генералниот секретар Димовски учествуваше на првата Microsoft работилница во рамки на новиот Microsoft договор.

Освен официјално започнување со имплементација на новиот договор, тенденција на работилницата беше воведување во активностите за имплементација на Microstoft лиценците и сервисите кои се дел од Microsoft договорот, со нагласок на услугите за подигнување на нивото на безбедносната околина кои ги нуди.

„По успешната имплементација на претходниот тригодишен договор со Microsoft, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, преку склучување на уште еден ваков договор, ја продолжува добрата практика на создавање на генерални договори со големите светски производители на софтверски лиценци. Овој договор со Microsoft е направен согласно податоци од истражување за потребата за софтверски лиценци на сите 22 инситуции кои ги опфаќа. Наша цел како Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија е да обезбедиме услови за овие владини институции да го издигнат своето ниво на дигитализација и безбедност на нивните системи во највисоки можни стандарди“, истакна Димовски.