Вицепремиерот Битиќи на проштална средба со австрискиот амбасадор Н.Е. Георг Вуцас

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржа проштална средба со австрискиот амбасадор, Н.Е. Георг Вуцас.

На средбата, вицепремиерот Битиќи се заблагодари за придонесот на амбасадорот Вуцас во делот на економска поддршка и промоција на Северна Македонија како атрактивна дестинација за австриските инвеститори, но и за политичката подршка во европската интеграција на нашата земја.

„Верувам дека Австрија ќе продолжи да биде силен промотор и партнер на нашата земја“, рече Битиќи.

Амбасадорот Вуцас се заблагодари за досегашната соработка и истакна дека за Австрија интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е еден од главните приоритети и изрази убедување за позитивен исход.

„Северна Македонија е модел за решавање на внатрешните конфликти, но и на споровите со соседите“, рече австрискиот Амбасадор во заминување,  Н.Е. Георг Вуцас