Ковачевски во посета на „ИТГМА“ : Со нашата поддршка, домашните компании може да се носат рамо до рамо со оние во развиените земји, растат платите, не сме повеќе земја со евтина работна сила

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на ИТ компанијата „ИТГМА  ДОО”–Скопје, специјализирана за компјутерско програмирање и консултантски услуги. Компанијата, која има над 100 вработени, е основана во 2009 година и освен во Скопје, има канцеларии и во Белград, Република Србија како и во Обединетите Арапски Емирати.

Компанијата е корисник на финансиска државна помош во износ од близу 95 илјади евра, со што го реализирала нивниот План за инвестицискиот проект за периодот од 2020 до 2024 година.

„Денеска сме во посета на една од најуспешните македонски компании, која се занимава со софтверските и консултантските решенија кои ги нуди не само на нашиот пазар туку и вон границите на државата. Тие работат во најразвиените сектори на денешницата во областа на телекомуникациите, областа на финансиите, во областа на банкарството и навистина претставуваат компанија која што не само што е брзорастечка компанија на нашиот пазар туку претставува и место каде младите може да се развиваат и подготвуваат за индустриите на иднината“, изјави премиерот Ковачевски, при посетата на оваа ИТ компанија.

Тој потенцира дека Република Северна Македонија не е веќе земја со евтина работна сила.

„Имаме задоволни граѓани кои ќе работат во компании тука во нашата држава, а не да работат во компании надвор од државата, во други земји од ЕУ. Навистина, кога ќе се види искуството на вакви компании кои работат и кои што подготвуваат софтверски решенија за земји, кои ги сметаме за поразвиени од нас тогаш може со гордост да кажеме дека и нашата држава може да се носи рамо до рамо со оние за кои што до вчера сметавме дека се поразвиени од нас во многу делови“, нагласи премиерот Ковачевски, кој истакна дека зачленувањето во ЕУ е врвен приоритет за државата.  

Според него, зголемениот број странски инвестиции и зголемениот број на работни места се најдобар показател дека нашите граѓани се вредни, образовани и се препознаени кај инвеститорите како додадена вредност во нивните бизнис процеси.

Премиерот потсети и на владините мерки за поддршка на бизнисите.

„Минатата година ја заокруживме со над 750 милиони евра странски директни инвестиции и отворени се над 2.300 нови работни места. Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000, само од 2018 година досега се 10.000 нови работни места. Радува фактот што новите работни места имаат плата што е над просечната плата и тоа е причината зошто платите во државата растат, тоа овозможува да растат и минималната плата, да расте и просечната плата, со тоа растат и пензиите и со тоа се зголемува животниот стандард на граѓаните“ рече премиерот Ковачевски, нагласувајќи дека Владата покажа одговорност со најголемиот пакет на антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра.

„Успеавме да помогнеме и на граѓаните, меѓутоа и на компаниите да ја задржат ликвидноста и со тоа да ги задржат и работните места. И затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата што само го потврдува фактот дека државата економски расте и се развива“, изјави премиерот Ковачевски. Тој додаде дека во текот на 2022 година државата инвестирала 23 милиони евра во директна помош за инвестиции на нашите компании и тоа над 410 компании, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

ИТ компаниите, како што кажа премиерот Ковачевски, се една од движечките индустрии и најголеми корисници на државната помош.


Премиерот Димитар Ковачевски во посета на ИТ компанијата „ИТГМА”

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на ИТ компанијата Друштво за компјутерско програмирање и консултантски услуги „ИТГМА  ДОО”–Скопје. Компанијата е корисник на финансиска државна помош во износ од близу 95 илјади евра, со што го реализирала нивниот План за инвестицискиот проект за периодот од 2020 до 2024 година.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Почитувани основачи и сопственици на „ИТГМА“,
Почитувани вработени, 
Почитувани присутни,  

Денеска сме во посета на една од најуспешните македонски компании, која се занимава со софтверските и консултантските решенија кои ги нуди не  само на нашиот пазар туку и вон границите на државата.

Оваа успешна приказна на „ИТГМА, Друштво за компјутерско програмирање и консултантски услуги трае 14 години. Компанијата денес брои над 120 вработени со канцеларии, тука во Скопје и во Република Србија како и во Обединетите Арапски Емирати.

Им честитам навистина на успехот кој го имаат постигнато со нивните софтверски решенија, со нивните систем – интеграциски решенија. „ИТГМА“ успешно ја претставува нашата држава и во САД, кај клиентите што ги имаат таму и во земјите од ЕУ, меѓутоа и во Англија, Австралија, Канада итн.

Тие работат навистина во најразвиените сектори на денешницата во областа на телекомуникациите, областа на финансиите, во областа на банкарството и навистина претставуваат компанија која што не само што е брзорастечка компанија на нашиот пазар туку претставува и место каде младите може да се развиваат и подготвуваат за индустриите на иднината. 

Исто така „ИТГМА“ ја користи и можноста да добие поддршка од државата и тие се корисници на финансиска помош од близу 95 илјади евра, кои ги реализираат преку планот за инвестицискиот проект за периодот од 2020 до 2024 година. И тоа во вложување во паметни објекти во кои работи нивната компанија, како и во друга опрема и нематеријални средства, кои што им помогнале да ги зголемат своите приходи во 2022 во однос на 2021 година, за 11,4%. 

Навистина самото присуство овде во компанијата, буди чувство на восхит и на позитивна енергија, бидејќи навистина се работи за компанија која што има голем број на вработени, експерти во својата област, во ИТ индустријата и ова е начин на кој што нашата држава се приближува и надминува други држави во делот на развојот на телекомуникациски, финансиски и други софтверски решенија. 

Од друга страна, за приоритетите на Владата тогаш многу јасно е дека зачленувањето во ЕУ е врвен приоритет за државата. Тоа е начинот на кој ќе создадеме можност за компаниите да растат на заедничкиот пазар на ЕУ. Ние имаме задоволни граѓани кои ќе работат во компании тука во нашата држава а не да работат во компании надвор од државата, во други земји од ЕУ и навистина кога ќе се види искуството на вакви компании кои работат и кои што подготвуваат софтверски решенија за земји, кои ги сметаме за поразвиени од нас тогаш може со гордост да кажеме дека и нашата држава може да се носи рамо до рамо со оние за кои што до вчера сметавме дека се поразвиени од нас во многу делови. Денес потврдуваме дека можеме да се носиме со сите. 

Денес Северна Македонија не е веќе земја со евтина работна сила.

Зголемениот број странски инвестиции и зголемениот број на работни места се најдобар показател дека нашите вработени се вредни, образовани и се препознаени кај инвеститорите како додадена вредност во нивните бизнис процеси. 

Минатата година ја заокруживме со над 750 милиони евра странски директни инвестиции и отворени се над 2.300 нови работни места. Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000,само од 2018 до сега се 10.000 нови работни места. Радува фактот што новите работни места имаат плата што е над просечната плата и тоа е причината зошто платите во државата растат, тоа овозможува да растат и минималната плата, да расте и просечната плата, со тоа растат и пензиите и со тоа се зголемува животниот стандард на граѓаните.

Што се однесува до домашните компании, во текот на 2022 година државата инвестираше 23 милиони евра, во директна помош за инвестиции на нашите компании и тоа над 410 компании, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. ИТ компаниите се практично една од движечките индустрии и најголеми корисници на државната помош, покрај компаниите се разбира од преработувачка и прехранбена индустрија, текстилна индустрија, фармацевтската и автомобилската индустрија.

Покажавме и во време на криза голема одговорност како Влада со голем пакет од над 760 милиони евра антикризни мерки. Успеавме да помогнеме и на граѓаните, меѓутоа и на компаниите да ја задржат ликвидноста и со тоа да ги задржат и работните места. И затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата што само го потврдува фактот дека државата економски расте и се развива. 

Јас се надевам дека оваа успешна ИТ компанија ќе биде поттик и пример за многу претприемачи, за нови инвеститори во државата, меѓутоа и поттик за млади луѓе да одберат образование и да одберат своја професија за иднината која што ќе биде дел од оваа индустрија.

Ви благодарам“