Премиерот Заев: Одговорноста пред граѓаните е пред сѐ

Медиуми: Најавивте едно пролетно проветрување во Владата, дали во истото е вклучен и вицепремиерот Бујар Османи со оглед на тоа дека своеволно одлучи да не оди на конференцијата за Западен Балкан, тоа е моето прво прашање, моето второ прашање е, Коѕијас најави дека нацрт стратегијата ќе стигне во Македонија пред него, не отстапува од тоа да има промена на уставнто име. Како тоа Македонија ќе изреагира на оваа провокација, со оглед на тоа дека рековте дека прашањето за идентитетот нема да биде во точките од стратегијата?

Премиерот Заев: Дадов и вчера одговор, коментираше и вицепремиерот на Владата, Бујар Османи, се работи за аспектот на солидарност на земјите од Западен Балкан. Веројатно не докрај даденото објаснување за оваа своја одлука предизвика реакција, со право, кај граѓаните.

Верувам дека со неговиот одговор, мојот одговор од вчера, еве повторно ќе дадам одговор, се работи за солидарност во делот на организацијата и поканата на сите меѓународни настани поврзани со интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Секогаш сме присуствувале 6-те земји. Знам дека е многу непријатно, во регионот некои земји го признале Косово, некои не го признале, и поради тоа е така, но нашата пракса покажува, еве, кај Могерини сме на вечера сите, кога одиме на работни состаноци сме сите. Веројатно, на 1 март сега во Софија ќе бидеме сите премиери. Од тој аспект верувам дека чувството на солидарност пред се, како 6 земји од Западен Балкан, била причината за ова.

Во вториот дел од прашањето, не би сакал навистина да навлегувам за коментарите на другата страна во преговорите. Нашите позиции се отприлика јасни, ние сме подготвени за решенија, на Македонија и требаат решенија, знам дека и на Грција и требаат решенија. Верувам дека навистина ќе се изнајде решение кое ќе биде достоинствено за двете страни, и дека нема да задира во идентитетот на нашиот македонски народ, но нема да задира и во потребите од идентитетското поставување на дел од грчкиот народ.

Впрочем и тоа е прашањето за разговорите. Ние разговараме, преку изнаоѓање на решение за името, за разграничување на регионот на северна Грција што се вика Македонија, со Република Македонија.

Медиуми: Во врска со пролетното проветрување, за какви грешки на функционерите се работи поради кои треба да бидат сменети?

Премиерот Заев: Да нема дилеми, евентуална реконструкција ќе се случи поради окрупнување на парламентарното мнозинство. Од тука доаѓаат работите.
Ако се случува незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави, истраги пред обвинителството и готово. Се работи за еден преглед на сите резултати и активности во еден пресек од 10 до 12 месеци, каде што можеме да видиме дали сме задоволни, пред се граѓаните, и сите ние прво одговорни, кои што очекуваме граѓаните да дадат свој коментар за луѓето кои ги поставиле на овие високи и оговорни извршни функции.

Со оглед на тоа, не се работи за нешто од таков чувствителен или суштествен карактер, туку се работи за одговорност, пред се пред граѓаните, како што реков, ако некој не може да се снајде на првата позиција, ќе го биде на втората, на третата позиција за да даде придонес. Затоа што сериозни се потребите на граѓаните, барањата се многу високи, јас го разбирам тоа, без ралика колку сме сите свесни за урнисаната финансиска состојба во државата која што ја затекнавме.
Драго ми што веќе се стабилизаат работите, многу голем дел од граѓаните се исто така свесни ако беа буквално блокирани самите институции рпеку законски решенија, знаете дека 30-40 % од власта сеуште не е променета.

И не брзаме. Ние сме различни од ВМРО-ДПМНЕ, но за да се превземе до крај одговорноста, и да се испорачаат потребите на граѓаните, навистина беше потребно голем дел од законските решенија да се променат, парламентот е блокиран и слично.
Така да, во овој дел на оваа реконструкција, немојте да очекувате дека се работи за некој неуспех, дека нешто кое што ние сме го имале проектирано не сме го исполниле. Реконструкцијата би се случила поради природната потреба од распределба на одговорноста согласно со зголемениот број на пратеници во новото парламентарно мнозинство, секако ако прво успееме да се договориме за тоа ново парламентарно мнозинство.

Медиуми: Во врска со блокирањето на Собранието. Формирани се работни групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои ќе работат за засилување на договорот за донесување на двотретински закони. Кој е резултатот од овие средби и дали очекувате како услов на ВМРО за да ги гласа овие закони да биде амнестија?

Премиерот Заев: Не апсолутно. Работните групи се направени со чувството и потребата да бидат сите вклучен од самиот почеток на изготвувањето на законските решенија.
И сега е почетокот на изготвувањето на законските решенија за кои се потребни 2/3. Но ние разговараме и за законски решенија за кои не е потребно двотретинско мнозинство, односно е потребно просто мнозинство. Би сакале да добиеме поддршка и од опозицијата и за тие закони.
Секогаш кога тие се втурнат, уште од самот почеток, ние тоа ќе го правиме за сите законски решенија кои што се пред парламентот правевме повик уште од самиот почеток.

Еве сега додека се во парламентот истото го правиме. Ќе го кажам само законското решение за заштита на сведоците. Тоа е усогласувано откако веќе стигна во парламентот, затоа што во тие моменти кога беше изготвено ВМРО – ДПМНЕ беше пред конгрес, имаа најверојатно несоодветна поставеност како во парламентот да влезат во преговори, но никогаш не е доцна. Еве веќе се разговара и за оние законски решенија за кои што не се неопходни две третини од гласовите во парламентот.

Така што работните групи имаат за цел да помогнат во реформите, преку еден консензус на критичен осврт на опозицијата, со будното око на опозицијата, како што личи во сите демократски држави, да бидат вклучени, за да може да добиеме поквалитетни решенија.
Но многу е важно после тоа дека нивната вклученост би била и соодветна гаранција и за имплементацијата преку критичниот осврт на опозицијата.
Амнестијата не е апсолутно точка на разговор во ниту едни работни групи.

Медиуми: Дали ќе има проширување на владиното мнозинство и со кои партии се разговара?

Премиерот Заев: Па ние разговараме со опозиционите партии за да го прошириме мнозинството. Тоа е и начинот како да го проширите мнозинството. Разговараме со сите политички партии кои би сакале да ги поддржат процесите кои што се отпочнати во државата, со една засилена тенденција, поради тоа што доаѓа пролет, а таа е многу важна и поради оперативните теренски активности, реализацијата на крупните капитални проекти во државата но и политичките аспекти како што е интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ .
Сериозни прашања се исправени пред Македонија. Нема да биде на одмет да тоа парламентарно мнозинство биде постабилно, посериозно, а секако со присуство на опозицијата, да се носат сите одлуки во законодавниот дом.

Медиуми: Дали очекувате да се договорите со Србија која што најави контра мерки за брашното и трговска војна поради ригорозните мерки за увоз на брашно од Србија, која што ги има направено Македонија?

Премиерот Заев: Градиме пријателства и позитивен однос со сите наши соседи, јас верувам дека кога сме изнаоѓале во минатото решенија на многу потешки прашања, и на ова прашање ќе најдеме решение.
Уште денеска најверојатно ќе има разговори помеѓу соодветните министри, за да се изнајдат решенија. Ние треба да им служиме на граѓаните, и да не бидеме никаква пречка ниту за трговијата ниту за било кој вид на соработка. Така ќе биде и во однос на овој проблем.

Медиуми: Поради проблемите со мелничарите, дали очекувате да поскапи лебот годинава?

Премиерот Заев: Не очекувам. Поради тоа што се надевам дека продуктивноста ќе биде соодветна, ќе има доволна понуда, државата мора да интервенира. Јас на решението гледам преку модерните мерки кои што ги употребуваат земјите, а тоа се складишните белешки акко вредносни хартии, кои што ги користат многу европски земји, многу земји производители на жито.
Се работи за можност кога преку давање на складишна белешка од страна на државните институции, самите производители ќе можат дел од тие складишни белешки да ги уновчат поради сеидбената сезона, а всушност да се случи продажбата на житото тогаш кога цената е повисока, а тоа е веќе есента.
Таквите механизми се решение на таквата проблематика, за да можеме, и да идат доволно задоволни и доволно мотивирани производителите на жито, а секако тоа да нема влијание врз севкупната цена на лебот.