Премиерот Заев во Давос оствари средба со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондацијата отворено општество

Во рамките на интензивната агенда од учеството на Светскиот економски форум во Давос, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се сретна со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондацијата отворено општество (ФОО) и со Александар Сорос, заменик претседавач со глобалниот одбор на ФОО.

Република Македонија, беше истакнато на средбата, ги споделува и промовира вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, како вредности за кои се застапува и ФОО.

Концептот отворено општество еднакво за сите и понатаму останува столб врз кој се гради новиот лик на Република Македонија, заедно со демократските реформи за членство во ЕУ и НАТО и со економските мерки кои ги презема Владата, беше нагласено на средбата со Џорџ Сорос.

Владата на Република Македонија и Џорџ Сорос остануваат и понатаму отворени за соработка на планот на развојот на демократските капацитети на општеството, како и на можностите за нови бизниси и директни инвестиции.

Категорија: