Премиерот Заев се сретна со Жан-Филип Куртуа, Извршен потпретседател и претседател, Мајкрософт Глобални продажби, маркетинг и операции

Како дел од бројните активности и средби на Светскиот економски форум во Давос, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со Жан-Филип Куртуа, извршен потпретседател и претседател, Мајкрософт Глобални продажби, маркетинг и операции, една од компаниите на глобалниот лидер во информатичката технологија.


Двајцата соговорници на средбата разменија мислења за потенцијалите за соработка меѓу Мајкрософт и Владата на Република Македонија во делот на информатичката технологија, во делот на услугите од информатичката технологија, како и во делот на платформите за размена на знаења и искуства.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го информираше извршниот потпретседател и претседател, Мајкрософт Глобални продажби, маркетинг и операции Жан-Филип Куртуа за степенот на развојот и примената на информатичката технологија и го запозна со програмата на владата за долгорочна и суштинска апликација на новите информатички технологии во администрацијата, образованието и во сите други области.

Посебно внимание на средбата беше посветено на информацијата дека Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за развој и за апликација на блокчејн технологија, како и за потенцијалите кои стојат пред оваа глобална компанија да учестува со проекти во образованието во средното и универзитетското образование.

Премиерот Заев на средбата информираше и за подготовките за организацијата на првиот самит за ИТ (дигитална економија) кој ќе се одржи во Република Македонија како прв од ваков тип во регионот, и како дел од Берлинскиот процес.

Премиерот Заев информираше и за можностите за инвестирање во Република Македонија и го запозна соговорникот со размислувањата на владата да го намали данокот за ИТ компаниите, како и за можностите за дополнително зголемување на државната помош за компаниите од информатичката технологија. 

Категорија: