Делегација на Владата на света литургија во Католичката црква во Скопје по повод раѓањето Христово - Божик

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, како и советничката на претседателот на Владата за култура, Цветанка Ласкова, присуствуваше на Светата литургија во Католичката црква во Скопје „Пресвето Срце Исусово“, по повод раѓањето на Исус Христос, големиот христијански празник Божик.

Со Светата литургија чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија.

 

Категорија: