Министерот без ресор Зоран Шапуриќ во еднодневна посета на Црна Гора

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ, беше во еднодневна посета на Црна Гора. За време на посетата Шапуриќ се сретна со министерка без ресор Марија Вучиновиќ, со повеќе пратеници во Собранието на Црна Гора, меѓу нив и со пратеникот Андреја Поповиќ.

На средбата со министерката Вучиновиќ беше констатирано дека билатералните односи помеѓу Македонија и Црна Гора се на високо ниво, особено во економската сфера. Обемот на надворешно-трговската размена Македонија-Црна Гора во изминатата година е околу 26 милиони евра при што констатирана е можноста за натамошно зголемување и унапредување на истата, имајќи го предвид трендот на зголемување на извозот на македонски производи во Црна Гора. 

Од страна на министерот беше изнесено дека за македонските граѓани црногорското приморје е многу посакувана дестинација.

Тема на средбата беше и испитување на можноста за евентуално повторно воведување на авионската линија помеѓу Скопје и Подгорица.