Работна посета на министерот Шапуриќ во Витаминка Прилеп

Вчера, на 20 септемеври 2017 година министерот Зоран Шапуриќ ја посети фабриката Витаминка во Прилеп.


Во разговорите со претседателот на Управниот одбор Симе Наумоски и со другите членови на менаџментот Шапуриќ беше информиран за работењето на овој стопански субјект со 660 вработени и напорите за зголемување на извозот, како и проблемите во работењето со кои се соочува Витаминка.


За време на посетатата беа претставени новите технолошки подобрувања кои постепено се вршат во фабриката, со цел на зголемување на конкурентноста на домашниот пазар и на пазарите на 27 земји каде се извезуваат производите на Витаминка. Посебен акцент за време на посетатата беше ставен на информирањето на менаџментот од страна на Шапуриќ за новите мерки на Владата за стимулирање на проширување на производството, зголемување на извозот и отварање на новите работни места.