Сервисни информации

Со оглед на неповолната временска состојба и минусните температури, Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.

Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.

Во продолжение се контакт телефоните на дежурните екипи:

Скопје:
Црвен крст - 071 733 171, 02 3096 227
ЦСР - 078 230 943, 076 381 762

Струга:
Црвен крст 070 249 733
ЦСР - 075 588 980

Битола:
Црвен Крст - 075 907 060
ЦСР - 071 342 492

Струмица:
Црвен Крст 070 253 441
ЦСР - 075 377 798

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган на Програмата) во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган на Програмата)

Го објавуваат на 09.02.2018 год. Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, чија цел е подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете држави. Програмата е ко-финансирана од Инструментот за претпристапна помош II на Европската унија.

Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите во регионот со цел заедничко справување со заедничките предизвици и користење на неискористениот потенцијал за развој на прекуграничниот регион преку ефикасно користење на ресурсите.

Вкупниот износ на Поканата за проектни предлози е  6 917 631,00 евра.

Проектните предлози треба да одговараат на една од следните приоритетни оски и специфични цели на Програмата:

Приоритетна оска 1. ЖИВОТНА СРЕДИНА

Специфична цел 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС;

Специфична цел 1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС.

Приоритетна оска 2. ТУРИЗАМ

Специфична цел 2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство;

Специфична цел 2.2. Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот за ПГС;

Специфична цел 2.3. Поттикнување на соработката помеѓу партиципиентите од регионот во сферата на одржливиот туризам.

Приоритетна оска 3. КОНКУРЕНТНОСТ 

Специфичнацел 3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси.
 

Крајната цел на Програмата е да се подигне капацитетот на локалните и регионалните власти во развојот и спроведувањето на заеднички проекти во дозволениот прекуграничен регион, определен во Програмата, како што следува:

За Бугарија (административно ниво NUTS III) - областите Ќустендил и Благоевград;

За Македонија (административно ниво, еквивалент на NUTS III) - Североисточен плански регион, Источен плански регион и Југоисточен плански регион.

Целосниот пакет документи за апликација, вклучувајќи го и Упатството за аплицирање е објавен на следните интернет страници:

www.ipa-cbc-007.eu
www.mls.gov.mk
www.mrrb.government.bg
www.eufunds.bg
 

Крајниот рок за доставување на проектни предлози е 17:00 часот по локално бугарско време (ЕЕТ) на 11 мај 2018 год. Поднесувањето на проектните предлози ке се врши исклучиво по електронски пат преку електронскиот систем: 

https://bp.ipa-cbc-007.eu/beneficiary_reg/registration/add

 

Информативната кампања за кандидатите ќе биде организирана и спроведена на територијата на Република Бугарија и Република Македонија во текот на наредните месеци. На интернет страницата на Програмата (www.ipa-cbc-007.eu) ќе бидат објавени датумите и местата на одржување на информативните настани.

За дополнителни информации можете да контактирате со Заедничкиот секретаријат на Програмата, на следните телефони:

Главна канцеларија во Ќустендил: 

тел. +359 (0)78 58 01 01; 359 (0)78 55 11 83/5,
Филијала во Струмица: тел. +389 (0)34 330 331.
 

Пакет документи за аплицирање:

Упатство за аплицирање

Формулар за аплицирање

Анекси

Прилози

Договор за субвенција (драфт)

 

Бирото за јавни набавки на Република Македонија изработи интерактивна платформа за пребарување низ Отворените податоци од јавните набавки за сите државни институции.

Решението ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) овозможува интерактивно пребарување низ податоците за јавни набавки и визуализација преку која може да се добие појасен приказ за јавните набавки на институциите и тоа околу:

  1. Бројот на склучени договори на различни институции 
  2. Вредноста на склучените договори
  3. Договори според вид на договор и вид на постапка
  4. Информации за спроведени електронски аукции и поднесувања на конечни цени
  5. Податоци за бројот на поништени постапки на договорните органи
  6. Со кои економски оператори државните институции имаат склучено договори?

Целта на решението за ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ на Електронскиот систем за јавни набавки е да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите во делот на јавните набавки и да им овозможи на граѓаните полесен пристап до истите.

На електронската платформа е-набавки можат да се пронајдат и сите оргинални договори кои институциите ги имаат потпишано со економските оператори, одлука која Владата ја донесе на 12ти декември и со која институциите се обврзани јавно да ги објавуваат договорите од стапувањето на слика на одлуката, па сѐ до денес.

Зголемен интерес за културни проекти, правичност и диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, согласно интересот на граѓаните. Обезбедена е силна поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите, децентрализација на културата и еднаков пристап до неа, за сите граѓани подеднакво.

 

Врз основа на член 65 ставови 1 и 4 и член 70 став 5 од Законот за културата („Службен весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура ја објавува Годишната програма  и резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области.

Повикот за националните установи беше објавен на 12 јуни 2017 година. До истекот на рокот беа поднесени 1041 пријави од над 60 национални установи во областа на културата што функционираат под надлежност на Министерството за култура, а се одобрени 600 проекти.

Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 година беше распишан на 30 септември 2017 година, а до крајот на конкурсниот рок, 15 ноември 2017 година, до Министерството за култура беа доставени над 2903 проекти.

Вкупно се добиени повеќе од 5000 пријави (5018). Во речиси сите дејности има видливо зголемен број на пријави. На пример, во ликовната, музичката, фолклорната и драмската дејност, на годинашниот конкурс пристигнаа 2066 проекти - 500 проекти повеќе, или над 25% повеќе апликации отколку во претходните две години (за споредба, во 2016 година беа пристигнати 1556 проекти, во 2017 година 1593 проекти).  Тоа покажува зголемена доверба во институцијата и нејзин успех во популаризацијата на конкурсот во јавноста. Министерството за култура одобри над 50 % од сите пристигнати апликации, што демонстрира јасна заложба да им се излезе во пресрет на уметниците и културните работници во најголема можна мера.

Драстично е зголемена транспарентноста во целиот процес на конкурирање и во објавувањето на резултатите. За време на конкурсниот период, Министерството за култура обезбеди 2 јавни консултативни средби и 1 консултативна сесија онлајн за потенцијалните апликанти, на кои присуствуваа и учествуваа стотици заинтересирани. Министерството за првпат го објавува списокот на одобрени проекти со побарани и одобрени суми, а за првпат се објавуваат и состави на комисиите. Со ова уште еднаш демонстрираме дека транспарентноста и отчетноста пред граѓаните е наш врвен приоритет.

Домаќинското работење и одговорноста кон парите на граѓаните на РМ беше водечки принцип во овој процес. Освен поддршката за проектите на националните установи и вонинституционалните актери, преку Годишната програма се обезбедени средства и за раздолжување од обврските создадени со мегаломанското и неодговорно трошење во изминатите години, како и за создавање основни услови во установите и дејностите, по долгогодишна негрижа и запоставување. Нашите комисии инсистираа одобрените проекти да бидат издржани, со реални буџети што овозможуваат база за нивно успешно реализирање.

Анализата на резултатите од конкурсот покажува дека годинава имаме далеку порамномерна и поправична дисперзија на средствата од минатите години, во однос на етничката, географската, родовата застапеност, застапеноста на маргинализирани заедници, застапеноста на различните дејности и застапеноста на проектите кои доаѓаат од вонинституционални апликанти. Со ова, Министерството за култура ја демонстрира и во пракса посветеноста кон културните политики што целат кон изградба на едно општество за сите, децентрализација на културата и еднаков пристап до културата за сите граѓани.

Освен тоа, Министерството за култура од овој конкурсен циклус воведе  целосно нова конкурсна апликација за интердисциплинарни проекти, со што ја демонстрира и во пракса заложбата за приклучување на македонската култура кон современите и иновативнисветски трендови.

Врвен приоритет меѓу сите програми е заштитата на културното наследство. Сите загрозени фрески, икони, историски објекти, како на пример црквата во Курбиново, Скопскиот акведукт, фреската Св. 15 Тивериополски маченици, се планирани или за директна конзервација или за изработка на основен проект, што е прв чекор во нивното санирање и заштита. Заштита им беше потребна и на многу објекти на културата низ целата земја, поради долгогодишно отсуство на грижа и финансии. Министерството за култура обезбеди средства за санација на сите загрозени објекти на националните установи. Со посебна програма од 60 милиони денари, ќе спроведеме акција за реконструкција на покриви во над 20 објекти.

Во музичко – сценската дејност обезбедивме средства и за фестивали на алтернативните жанрови – рок, електронска и светска музика, а поддржавме и повеќе џез манифестации покрај веќе етаблираните фестивали.  Знаејќи ја лошата економска кондиција на општините и долговите што тие ги наследија, Министерството обезбеди поддршка за многу манифестации, чијшто директен или индиректен организатор се самите општини. Многу културни манифестации и истакнати уметници, кои со години беа игнорирани, првпат влегуваат во програмата или за првпат добиваат достоинствена поддршка. 

Зголемени активности се предвидуваат и за меѓународното претставување на важните меѓународни саеми на книга. Министерството за култура од оваа година го активира целосно Секторот за книга при Министерството и го презема меѓународното претставување и презентирање на издавачката продукција и литературата од нашата земја, преку концептуално презентирање на автори и дела од Македонија прилагодено на тематските фокуси на саемите, што ќе ги зајакне меѓународните претставувања на македонската книжевност и издаваштво.

Со Годишната програма за 2018 година, Министерството за култура ги крати непродуктивните трошења на парите на граѓаните, вложува повеќе пари директно во културата и уметноста и започнува со интензивна акција за распространување и развој на културата низ целата земја и до публиката од сите возрасти. И покрај големите долгови кои ќе создаваат буџетски импликации и во наредните години, обезбедуваме повеќе средства директно за уметниците и нивните проекти, ја подобруваме инфраструктурата и условите за вработените во културните установи и за публиката, ги отвораме установите за независната културна сцена, создаваме нови програми, ги зголемуваме можностите за поддршка за сите актери во културата и обезбедуваме механизми за суштинска вклученост на сите засегнати страни во процесите на креирање на културните политики.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

За проектите кои се избрани на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година по дејности и области, министерот за култура одлучува по предлог на комисиите, односно надворешните соработници од членот 11 став (4) од Законот за културата, а за истите ќе бидат донесени решенија за проекти кои се поддржани и кои не се поддржани на Годишниот конкурс.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.

Министерството за култура со субјектите кои се носители на прифатените проекти ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата.

За проектите кои ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура ќе донесе решенија. Министерот за култура и директорот на националната установа ќе склучат договор за финансирање на годишната програма за работа на националната установа откако ќе ја донесе директорот, по претходна согласност на Управниот одбор на установата, и тоа во рок од 15 дена од денот на донесувањето на решенијата на министерот.

Националните установи се должни на својата веб - страница да ги објават проектите кои ќе ги реализираат во тековната година.

Скопје, 10.2.2018
Министерство за култура

 


 

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ И ЛИТЕРАТУРА

Предлозите во издавачката дејност и литература ги разгледуваше Комисија во состав: Оливeра Ќорвезироска - претседател, Сашо Кокаланов - член и Ханид Хајрулаху - член

Табела за издавачка дејност и литература - Национални установи 

Табела за издавачка дејност и литература - Други корисници

 

МУЗИЧКО И МУЗИЧКО - СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

Предлозите во музичко и музичко - сценска дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Васо Ристов - претседател, Маријана Николовска - член и Рами Мустафа – член

Табела за музичко и музичко - сценска дејност - Национални установи

Табела за музичко и музичко - сценска дејност - Други корисници

 

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

Предлозите во драмската дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Петар Арсовски - претседател, Викторија Рангелова - член и Хамди Рашиди - член

Табела за драмска дејност - Национални установи

Табела за драмска дејност - Други корисници

 

ФОЛКЛОРНА И СЦЕНСКО - УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ

Предлозите во фолклорна и сценско - уметничка дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Марко Коловски - претседател, Арлинда Калиси - член и Јошко Бошковски - член 

Табела за фолклорна и сценско - уметничка дејност - Национални установи

Табела за фолклорна и сценско - уметничка дејност - Други корисници

 

ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН 

Предлозите во ликовна дејност, архитектура и дизајн ги разгледуваше Комисија во состав: проф.Тони Васиќ - претседател, Нада Пешева - член и Наиле Дормиши - член

Табела за ликовна дејност, архитектура и дизајн - Национални установи

Табела за ликовна дејност, архитектура и дизајн - Други корисници

 

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНА ДЕЈНОСТ

Предлозите во интердисциплинарна дејност ги разгледуваше Комисија во состав: Никола Писарев - претседател, Ѓорѓе Јовановиќ - член и д-р. Аднан Јахја – член

Табела за интердисциплинарна дејност

 

БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ

Предлозите во библиотечната дејност ги разгледуваше Комисија во состав: проф. д-р Славица Србиновска - претседател, Енвер Беќири - член и Оља Стојкова - член

Табела за библиотечна дејност - Национални установи

Табела за библиотечна дејност - Други корисници

 

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Предлозите во музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство ги разгледуваше Комисија во состав: Мила Шурбановска - претседател, Илир Куртиши - член и д-р Снешка Лакалиска - член 

Табела за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство - Национални установи

Табела за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство - Други корисници 

 

ЗАШТИТА НА НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И НА АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

Предлозите за заштита на недвижното културно наследство и заштитата на аудиовизуелни добра ги разгледуваше Комисија во состав: Зоран Георгиев - претседател, Нарона Луме Весели - член, Елизабета Касапова - член 

Табела за заштита на недвижното културно наследство - Национални установи

Табела за заштита на недвижното културно наследство - Други корисници

Табела за заштита на аудиовизуелни добра - Национални установи

 

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЗА СОРАБОТКА СО УНЕСКО

Предлозите за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО ги разгледуваше Комисија во состав: Анита Ивковиќ - претседател, Петрит Незири - член, Ивана Васев - член

Табела за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО - Национални установи

Табела за меѓународна соработка и за соработка со УНЕСКО - Други корисници

 

КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Предлозите за културно - уметничките манифестации ги разгледуваа комисиите по дејности.

Табела за културно - уметнички манифестации 

 

ПРОЕКТИ  КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2018 ГОДИНА ОД ОБЛАСТА НА ИНВЕСТИЦИОНОТО И ТЕХНИЧКОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ И ОПРЕМАТА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

Проекти за инвестициско и техничко одржување и опрема на објектите на националните националните установи од културата 2018 

 

ПРОГРАМА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ ОБЈЕКТИ И ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА, САНАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ПОСТОЈНИТЕ ОБЈЕКТИ ШТО ГИ КОРИСТАТ НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2018 ГОДИНА

Програма за инвестиции 2018

 

 

* НАПОМЕНА - објавените табели се нелекторирани 

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари  (“Службен весник на Република Македонија“ бр.17/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/18

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

 

I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 843ха 73ар 53м2 во повеќе региони во Република Македонија.
 

Целиот ЈАВЕН ОГЛАС, Образецот за учество на огласот, како и катастарските општини во кои се наоѓаат површините се достапни на следните линкови:

JАВЕН ОГЛАС 01-18.pdf
Obrazec na ponuda po javen oglas 01-18.pdf
BEROVO za povrsini do 3ha.pdf
TABELA do 3 ha Probistip.pdf
Тabela do 3 ha za PE Kisela Voda.pdf
TABELA DO 3HA PRILEP.pdf
Tabela Negotino.pdf
Тabela za region Kicevo.pdf

 


 

Врз основа на член 21-а став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/18

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

 
I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 758ха 76ар 35м2 во повеќе региони во Република Македонија. 

Целиот ЈАВЕН ОГЛАС, Образецот на понуда по Јавен Оглас, Табелите со слободно земјиште по региони, како и Драфт верзијата за банкарска гаранција за учество на Јавен Оглас се достапни на следните линкови:

JАВЕН ОГЛАС 02-18.pdf
Oбразец на понуда по Јавен Оглас 02-18.pdf
Tабела - слободно земјиште.pdf
Драфт Верзија за банкарска гаранција за учество на Јавен Оглас.pdf

Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се повикува на податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, соопштува дека  среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 мg/m3, во текот два последователни дена на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје.

Согласно оваа состојба, препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух престануваат да важат веднаш.

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200 мg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) е надминат во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче и во Гази Баба, на 28 и 29 јанауари.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје, Град Скопје и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот. 

Согласно заклучоците од записникот од 40-тата седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, стапуваат на сила следните препораки и мерки:

 

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

  • Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
  • Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот
  • Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено
  • Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба
     

Владата на Република Македонија:

  • Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила
  • Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти
     

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

  • Да обезбедат прифатилишта за  сместување на  бездомници
  • Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети
     

Министерството за здравство:

  • Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето
     

Државниот инспекторат за животна средина:

  • Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух
     

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:

  • Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија
     

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините

Соопштение за мерките против аерозагадувањето, кои се деактивирани од денеска врз основа на информацијата добиена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

(10.01.2018) Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 09.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни  концентрации над 200 μg/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 μg/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре четврток 11.01.2018 година мерките престануваат да важат.


Сектор за комуникација,
Министерство за животна средина и просторно планирање

Владата на Република Македонија, почнувајќи од денеска (понеделник, 08.01.2018) ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје.

Мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје, односно мерните станици Лисиче и Ректорат.

Во продолжение, мерките кои треба да ги преземат надлежните институции: 

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да:

- Ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста;

- Да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот;

- Да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено;

- Да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба;

Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе:

- Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата);

Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат:

- Издавањето на одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот;

- Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот;

- Да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз;

- Да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации;

- Дневно чистење на улиците и пешачките површини;

- Да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла;

Владата на Република Македонија:

- Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила;

Градежните компании имаат обврска:

- Да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.);

- Градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

 

 

Прогноза за температурна инверзија и појава на магла - 08.01.2018

Ќе продолжи периодот на стабилно и претежно суво време. До четврток најчесто ќе дува слаб јужен ветер поради што по котлините ќе има појава на температурна инверзија. Најизразена инверзијата ќе има во периодот од вторник до петок.

Утре, а потоа и во периодот до четврток ќе има и појава на магла, а некаде и ниска облачност по долините и речните долини.

Во овој период на североистокот и во Скопско, од вторник кон среда ќе има малку поизразено струење, па преку денот маглата ќе слабее, но се очекува условите за магливо време и понатаму да останат.

Дневната температура во местата со магла ќе остане пониска, а во останатите ќе се задржи релативно топло преку денот за овој дел од годината.

Од среда попладне се очекува зголемена облачност и услови за појава на слаб дожд, некаде на југот. Значителна промена на времето се очекува од петок преку денот и ќе биде проследена со умерен северен ветер и врнежи од дожд, а на планините од снег. Позначително спуштање на температурата ќе се почувствува во сабота.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2017 година (четврток), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.