Интервјуа

Пр­ва­та мер­ка, пр­ви­от за­фат на но­ва­та вла­да се од­не­су­ва ток­му на сфе­ри­те ка­де што Вие сте од­го­во­рен, Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, а тоа се сет мер­ки што ги оп­фа­ќа­ат нај­ран­ли­ви­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни?

Спа­сов: Гри­жа­та за нај­ран­ли­ви­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни е еден од глав­ни­те при­о­ри­те­ти не са­мо за Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка ту­ку и за вла­да­та. За вре­ме на кам­па­ња­та из­ле­гов­ме со кон­крет­на про­гра­ма во ко­ја го­лем дел од про­е­кти­те беа на­со­че­ни кон по­до­бру­ва­ње на жи­во­тот и на ква­ли­те­тот ток­му на гра­ѓа­ни­те што се на­о­ѓа­ат во по­те­шка со­стој­ба, ли­ца со ин­ва­лид­ност, спре­че­ност, за кои са­ка­ме да нај­де­ме раз­лич­ни на­чи­ни, да ре­а­ли­зи­ра­ме ни­за про­е­кти со кои ќе го по­до­бри­ме нив­ни­от жи­вот.

Од ту­ка е и пр­ви­от про­ект што го прет­ста­ви пре­ми­е­рот. Тоа е ед­но­крат­ни­от от­пис на дол­го­ви за гра­ѓа­ни­те што се при­ма­те­ли на со­ци­јал­на па­рич­на по­мош, при­ма­те­ли на по­сто­ја­на па­рич­на по­мош, не­вра­бо­те­ни по­дол­го од 12 ме­се­ци, кои ба­ра­ат ра­бо­та. Исто та­ка, гра­ѓа­ни­те што се во со­ци­ја­лен ри­зик ка­ко ре­зул­тат на смрт или на ин­ва­лид­ност на брач­ни­от дру­гар.

Со ог­лед на фа­ктот де­ка по­ми­на, на­ви­сти­на, те­жок пер­и­од не са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ка на­се­ка­де во све­тот, прос­ле­ден со го­ле­ма­та свет­ска еко­ном­ска кри­за, овие ка­те­го­рии гра­ѓа­ни беа нај­по­го­де­ни. Ток­му по­ра­ди тоа со овој про­ект са­ка­ме да им по­мог­не­ме ток­му ним. Си­те тие дол­го­ви што им се на­со­бра­ле по ос­но­ва на по­тро­ше­на еле­ктрич­на енер­ги­ја, топ­лин­ска енер­ги­ја, по­тро­шу­вач­ки кре­дит и пла­теж­ни кар­тич­ки, кои се ка­те­го­ри­зи­ра­ни во ка­те­го­ри­ја Г и Д,  ра­ди­о­ди­фуз­на та­кса, да им ги от­пи­ше­ме ед­но­крат­но.

Исто та­ка, пре­зен­ти­рав­ме ни­за дру­ги мер­ки што ќе се спро­ве­ду­ва­ат по­на­та­му, ка­ко што е, на при­мер, ос­ло­бо­ду­ва­ње­то од ра­ди­о­ди­фуз­на та­кса за при­ма­те­ли­те на со­ци­јал­на по­мош. За­кон­ски­те из­ме­ни ги усвои вла­да­та. До­пол­ни­тел­но, ни­за дру­ги про­е­кти, ка­ко што е за­бр­зу­ва­ње на про­це­сот на ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те ток­му за при­ма­те­ли­те на со­ци­јал­на по­мош. Опре­де­лив­ме со за­кон Аген­ци­ја­та за ка­та­стар за нед­виж­но­сти да би­де об­вр­за­на бесп­лат­но да изра­бо­ти ва­кви ела­бо­ра­ти за ле­га­ли­за­ци­ја по ба­ра­ње на гра­ѓа­ни­те што се при­ма­те­ли на со­ци­јал­на по­мош.

Пред­лог-за­ко­нот за пре­вен­ци­ја, спре­чу­ва­ње и за­шти­та од се­меј­но­то на­силс­тво. Тоа е ед­на те­ма што е оп­шир­на, а го за­фа­ти и на­ше­то оп­штес­тво, ка­ко и це­ли­от европ­ски и свет­ски си­стем?

Спа­сов: Ова е, исто та­ка, про­ект од на­ша­та про­гра­ма. Из­ми­на­ти­от пер­и­од ра­бо­тев­ме на ед­на де­тал­на и оп­сеж­на ана­ли­за на на­ши­от си­стем за за­шти­та на жр­тви­те на се­меј­но на­силс­тво, ме­ѓу­тоа и на си­сте­ми­те на европ­ски­те др­жа­ви и на др­жа­ви­те од на­ше­то оп­кру­жу­ва­ње. По­ве­ќе­то од др­жа­ви­те има­ат по­се­бен си­стем­ски за­кон со кој се ре­гу­ли­ра оваа ма­те­ри­ја и ова пра­ша­ње. И ток­му по­ра­ди тоа, опре­де­лив­ме да ги иско­ри­сти­ме по­зи­тив­ни­те ре­фор­ми што ги има­ат спро­ве­де­но европ­ски­те др­жа­ви, да ги спро­ве­де­ме во еден за­кон­ски текст, кој ќе би­де по­се­бен и на­со­чен ка­ко од­го­вор од др­жа­ва­та во бор­ба­та за за­шти­та, пре­вен­ци­ја и за спре­чу­ва­ње на се­меј­но­то на­силс­тво.

За­ко­нот во го­ле­ма ме­ра обез­бе­ду­ва зна­чи­тел­но по­го­ле­ма за­шти­та на жр­тви­те од се­меј­но на­силс­тво. Исто та­ка, го­ле­ма за­шти­та на де­ца­та што се жр­тви или, пак, при­сус­тву­ва­ат во те­кот на се­меј­но­то на­силс­тво, за со овој за­кон да обез­бе­ди­ме по­го­ле­ма гри­жа од др­жа­ва­та ток­му за де­ца­та. Се пред­ви­ду­ва­ат и ни­за но­ви мер­ки, ка­ко што е па­рич­на каз­на од 2,5 до пет ил­ја­ди евра до­кол­ку сто­ри­те­лот на се­меј­но на­силс­тво не ја по­чи­ту­ва изре­че­на­та при­вре­ме­на мер­ка за за­шти­та од су­дот. Су­дот до­пол­ни­тел­но, во рок од 24 ча­са, да до­не­се од­лу­ка ко­га по­стои опас­ност по жи­во­тот на жр­тва­та, ка­ко при­вре­ме­на мер­ка, от­стра­ну­ва­ње на сто­ри­те­лот на се­меј­но на­силс­тво од до­мот, а не на жр­тва­та. До­се­га за­шти­та­та бе­ше на­со­че­на да се за­шти­ти жр­тва­та, да се од­не­се во шел­тер-цен­тар и та­ка на­та­му. Ова е сли­чен мо­дел на ав­стри­ски­от, кој е мно­гу по­зи­ти­вен и ну­ди го­ле­ма за­шти­та на жр­тви­те и ток­му тоа се ге­не­рал­ни­те опре­дел­би на за­ко­нот, поц­вр­сти каз­ни.

Во раз­го­во­ри со прет­став­ни­ци на здру­же­ни­ја­та што ги оп­фа­ќа­ат овие пра­ша­ња, нев­ла­ди­ни­от се­ктор ве­ли де­ка нај­че­сто жр­тви­те на се­меј­но на­силс­тво се фи­нан­си­ски за­вис­ни од на­сил­ни­кот и оста­ну­ва­ат во до­мот, па по­втор­но ста­ну­ва­ат жр­тви.

Спа­сов: Ток­му по­ра­ди тоа еко­ном­ско­то се­меј­но на­силс­тво, кое е де­фи­ни­ра­но во ме­ѓу­на­род­ни­те кон­вен­ции, го де­фи­ни­ра­ме и во на­ши­от за­кон. Пред­ви­ду­ва­ме кон­крет­ни активности на цен­та­рот за со­ци­јал­ни ра­бо­ти, на цен­три­те за вра­бо­ту­ва­ње, на жр­тва­та да ѝ се обез­бе­ди еко­ном­ска не­за­вис­ност. Од­нос­но, пре­ку вклу­чу­ва­ње на жр­тви­те во актив­ни­те мер­ки и по­ли­ти­ка за вра­бо­ту­ва­ње, жр­тви­те кои се еко­ном­ски во по­те­шка со­стој­ба или се ма­те­ри­јал­но не­о­без­бе­де­ни, ќе им по­мог­не­ме по­лес­но да стиг­нат до ра­бо­та. Се опре­де­лу­ва и бесп­лат­на здрав­стве­на за­шти­та на жр­тва­та од се­меј­но на­силс­тво, ин­тер­вен­ции од стра­на на по­ли­ци­ја­та и од си­те над­леж­ни ин­сти­ту­ции што по­ста­пу­ва­ат во про­це­сот на за­шти­та на жр­тва­та од се­меј­но на­силс­тво. Во де­лот на пре­вен­ци­ја, ќе во­ве­де­ме мо­ду­ли во си­те сте­пе­ни на обра­зо­ва­ни­е­то и во пре­ду­чи­лиш­но­то вос­пи­ту­ва­ње, пре­ку кои де­ца­та од нај­ма­ла во­зраст ќе се учат на не­на­сил­но од­не­су­ва­ње, на по­чи­ту­ва­ње на раз­ли­ки­те ме­ѓу ма­жот и же­на­та, на ед­на­кво­ста ме­ѓу нив и та­ка на­та­му.

Го спо­ме­на­вте на­ма­лу­ва­ње­то на не­вра­бо­те­но­ста, од­нос­но вра­бо­ту­ва­ње­то на жр­тви­те и во тој кон­текст се на­до­вр­за и пра­ша­ње­то за про­е­кти­те и за по­ли­ти­ка­та во Ва­ши­от се­ктор за на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста. И ту­ка има го­лем број мер­ки.

Спа­сов: Не­вра­бо­те­но­ста сѐ уште е нај­го­лем пре­диз­вик и нај­го­ле­мо отво­ре­но пра­ша­ње на кое ка­ко вла­да кон­ти­ну­и­ра­но ра­бо­ти­ме. Ни­за­та актив­но­сти што ги спро­ве­ду­ва Вла­да­та на РМ се, пред сѐ, во на­со­ка на отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста. Да­ли се тоа стран­ски ин­ве­сти­ции или, пак, ка­пи­тал­ни ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти, си­те тие про­е­кти но­сат но­ви ра­бот­ни ме­ста. Ка­ко вла­да, за прв­пат во 2007 го­ди­на поч­нав­ме со ре­а­ли­за­ци­ја на актив­ни мер­ки и по­ли­ти­ки за вра­бо­ту­ва­ње и от­ту­ка се­ко­ја го­ди­на про­дол­жу­ва­ме со ре­а­ли­за­ци­ја на опе­ра­тив­ни­от план за  вра­бо­ту­ва­ње во кој се со­др­жа­ни ни­за кон­крет­ни мер­ки, кои го по­ма­га­ат вра­бо­ту­ва­ње­то во при­ват­ни­от се­ктор и, кои, на­ви­сти­на, да­ва­ат ре­зул­та­ти. На­јус­пеш­ни се про­е­кти­те за грант за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње и суб­вен­ци­о­ни­ра­но­то вра­бо­ту­ва­ње. За пом­ла­ди­те, ус­пеш­на е мер­ка­та за ос­ло­бо­ду­ва­ње од пла­ќа­ње при­до­не­си за си­те при­ват­ни ком­па­нии што ќе вра­бо­тат мла­до ли­це до 29 го­ди­ни. Ос­ло­бо­ду­ва­ње­то е од 27 про­цен­ти со­ци­јал­ни при­до­не­си и 10 про­цен­ти пер­со­на­лен да­нок. Мер­ка што сѐ по­ве­ќе ја ко­ри­стат при­ват­ни­те ком­па­нии. Са­мо за око­лу три ме­се­ци ре­а­ли­за­ци­ја на оваа мер­ка, ко­ја е си­стем­ска и ко­ја ќе трае две го­ди­ни, до­се­га се вра­бо­те­ни над 2.400 мла­ди ли­ца. 

Поч­нав­ме и со ре­а­ли­за­ци­ја на ве­те­ни­от про­ект за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње мла­ди ли­ца со по­себ­ни кре­ди­ти со ни­зок про­цент на ка­ма­та од са­мо еден про­цент го­диш­но, со грејс-пер­и­од од ед­на и пол го­ди­на и со 66 ме­се­ци рок на исп­ла­ќа­ње на кре­ди­ти­те. Се­кој мла­до ли­це што са­ка да се са­мо­вра­бо­ти мо­же да по­диг­не ва­ков кре­дит пре­ку Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње и Ма­ке­дон­ска­та бан­ка за под­др­шка на раз­во­јот во ви­си­на од се­дум ил­ја­ди евра, а до­кол­ку вра­бо­ти плус уште че­ти­ри ли­ца, до 23 ил­ја­ди евра. Тоа до­пол­ни­тел­но ќе го пот­тик­не отво­ра­ње­то мал биз­нис во РМ.

И ток­му во таа на­со­ка се по­го­ле­ми­от број мер­ки. Тие што имаа ни­ско обра­зо­ва­ние или, пак, кои не поз­на­ва­ат ве­шти­ни по­ба­ру­ва­ни  на па­за­рот на труд ќе ги обу­чи­ме за да се зго­ле­ми мож­но­ста за нив­но вра­бо­ту­ва­ње. Од дру­га стра­на, пак, ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат кон­крет­ни број­ки со кои ди­рект­но ќе се суб­вен­ци­о­ни­ра при­ват­ни­от се­ктор за да вра­бо­ти не­вра­бо­те­ни гра­ѓа­ни што актив­но ба­ра­ат ра­бо­та. Си­те ста­ти­стич­ки по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка из­ми­на­ти­те го­ди­ни не­вра­бо­те­но­ста кон­ти­ну­и­ра­но па­ѓа, а и по­на­та­му ќе се бо­ри­ме со за­си­ле­но тем­по за да про­дол­жи па­дот на не­вра­бо­те­но­ста и да се зго­ле­мат вра­бо­ту­ва­ња­та во на­ша­та др­жа­ва, пред сѐ во при­ват­ни­от се­ктор.

И на по­че­то­кот ко­га раз­го­ва­рав­ме за от­пи­сот на дол­го­ви­те и се­га се спом­на­ти бан­ки­те ка­ко ин­сти­ту­ции. Зна­еј­ќи ги ка­ко кру­ти ин­сти­ту­ции, ка­ко ре­а­ги­ра­ат на от­пи­сот на дол­го­ви, а и на кре­ди­ти­ра­ње­то за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње?

Спа­сов: Во од­нос на кре­ди­ти­ра­ње­то за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње, во ре­а­ли­за­ци­ја на овој про­ект се вклу­че­ни три бан­ки. Оче­ку­вам да се зго­ле­ми ин­те­ре­сот и во наскоро да се прик­лу­чат уште нај­мал­ку ед­на до две бан­ки. Во од­нос на от­пи­сот на дол­го­ви­те, еден до­бро­де­те­лен и ху­ман про­ект, оче­ку­вам да се прик­лу­чат си­те суб­је­кти што се за­сег­на­ти со овој за­кон. И но­та­ри­те и из­вр­ши­те­ли­те и бан­ки­те и топ­ли­фи­ка­ци­ја и ЕВН. Со ог­лед на тоа што, на­ви­сти­на, тре­ба да по­ка­жат оп­штес­тве­на од­го­вор­ност и си­те за­ед­но да им по­мог­не­ме на гра­ѓа­ни­те што се на­о­ѓа­ат во со­ци­ја­лен ри­зик и во те­шка фи­нан­си­ска и ма­те­ри­јал­на со­стој­ба.

По­ве­ќе про­е­кти се на­со­че­ни кон гри­жа за де­ца­та. Од отво­ра­ње дет­ски гра­дин­ки до кам­па­ња­та на се­кое де­те му е по­треб­но се­мејс­тво, пре­ку бесп­ла­тен ле­тен од­мор за 2.000 де­ца во со­ци­ја­лен ри­зик, ка­ко и гри­жа за де­ца­та без ро­ди­те­ли и ро­ди­тел­ска гри­жа.

Спа­сов: Се раз­би­ра, има­ме ни­за про­е­кти што се на­ме­не­ти за најм­ла­ди­те. Пред сѐ, во од­нос на гра­дин­ки­те. Во РМ до­се­га има­ше го­лем број оп­шти­ни, нај­че­сто ру­рал­ни на­се­ле­ни ме­ста, во кои во­оп­што не­ма­ше гра­дин­ка. От­ту­ка поч­нав­ме еден про­ект, и про­дол­жу­ва­ме со не­го­ва ре­а­ли­за­ци­ја, за отво­ра­ње гра­дин­ки во дру­ги­те про­стор­ни ус­ло­ви, пред сѐ, во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, за да овоз­мо­жи­ме за­шти­та­та, гри­жа­та и вос­пи­ту­ва­ње­то на де­ца­та од пре­ду­чи­лиш­на во­зраст да се ре­а­ли­зи­ра во си­те оп­шти­ни во РМ. Пла­ни­ра­ме во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни да отво­ри­ме нај­мал­ку 40 ва­кви об­је­кти, кои ќе би­дат на­ме­не­ти за дет­ски гра­дин­ки. Исто та­ка, ту­ка е и гри­жа­та за де­ца­та што се од ран­ли­ви ка­те­го­рии или, пак, од се­мејс­тва што се на­о­ѓа­ат во со­ци­ја­лен ри­зик, од­нос­но про­дол­жу­ва­ме со ре­а­ли­за­ци­ја на про­ектот за бесп­ла­тен ле­тен и зим­ски од­мор за де­ца­та од со­ци­јал­но ран­ли­ви ка­те­го­рии за да им овоз­мо­жи­ме и да им да­де­ме мож­ност и тие да за­ми­нат на од­мор.

Мо­же­би нив­ни­те ро­ди­те­ли не­ма­ат до­вол­но фи­нан­си­ски средс­тва, ме­ѓу­тоа тоа не зна­чи де­ка ние ка­ко ин­сти­ту­ции и ка­ко вла­да не мо­же­ме да им по­мог­не­ме. Се раз­би­ра, пре­ку овие про­е­кти нè пра­ват среќ­ни нас­ме­вки­те на де­ца­та и нив­но­то за­до­волс­тво по­ра­ди овие бесп­лат­ни од­мо­ри што ги ко­ри­стат.  Не­кои за прв­пат одат на ле­ту­ва­ње и ток­му по­ра­ди тоа ќе про­дол­жи­ме со овој про­ект. Ова ле­то ќе оп­фа­ти­ме 2.000 де­чи­ња, а на зи­му­ва­ње ќе пра­ти­ме уште 1.000 де­чи­ња и про­дол­жу­ва­ме по­на­та­му, се­ко­ја го­ди­на, со ре­а­ли­за­ци­ја на овој по­зи­ти­вен про­ект. Исто та­ка, ту­ка е и гри­жа­та за де­ца­та без ро­ди­те­ли и ро­ди­тел­ска гри­жа, ме­ѓу­тоа и за ли­ца­та што до 18 го­ди­ни има­ле ста­тус на де­ца без ро­ди­те­ли. Про­дол­жу­ва­ме со ре­а­ли­за­ци­ја на про­гра­ма­та што ка­ко вла­да ја во­ве­дов­ме и пре­ку ко­ја овоз­мо­жу­ва­ме вра­бо­ту­ва­ње во јав­на­та и во др­жав­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја (до­се­га вра­бо­тив­ме 83 ли­ца) де­ца што до 18 го­ди­ни би­ле со ста­тус де­ца без ро­ди­те­ли. Про­дол­жу­ва­ме со па­рич­на­та под­др­шка што им ја да­ва­ме за сту­ди­ра­ње. Се­кое де­те што ќе се за­пи­ше на кои би­ло пост­дип­лом­ски сту­дии, на ма­ги­стер­ски сту­дии или, пак, на сту­дии ќе до­бие па­ри­чен на­до­мест од 12 до 24 ил­ја­ди де­на­ри за да му по­мог­не­ме во здо­би­ва­ње­то дип­ло­ма, да му по­мог­не­ме да го за­вр­ши ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние и да за­ста­не на пра­ви­лен пат за по­лес­но и по­бр­зо да се здо­бие со ра­бо­та. Се спро­ве­ду­ва­ат и го­лем број дру­ги кам­па­њи и про­е­кти, на­со­че­ни ток­му кон оваа ка­те­го­ри­ја де­ца. На­ша цел е кон­ти­ну­и­ра­но да им по­ма­га­ме на де­ца­та со преч­ки во раз­во­јот, на де­ца­та што се од по­си­ро­маш­ни се­мејс­тва, на де­ца­та без ро­ди­те­ли и ро­ди­тел­ска гри­жа... и ту­ка ста­ну­ва збор за еден па­кет-про­е­кти со кои кон­ти­ну­и­ра­но ќе се по­до­бру­ва жи­во­тот на овие де­ца.

Не­о­дам­на бе­ше об­ја­вен из­ве­шта­јот на Стејт де­парт­мен­тот во од­нос на тр­го­ви­ја­та со лу­ѓе во кој бе­ше наг­ла­се­но де­ка де­ца­та што пи­та­чат ќе би­дат тре­ти­ра­ни ка­ко жр­тви на тр­го­ви­ја со лу­ѓе. Во од­нос на тој проб­лем, ќе се пре­зе­ме ли не­што?

Спа­сов: Се­ка­ко де­ка се пре­зе­ма. Тоа е проб­лем во го­лем број др­жа­ви. Ре­чи­си во си­те. Ние во РМ нај­дов­ме на­чин ка­ко си­стем­ски да вли­ја­е­ме на овој проб­лем. Со из­ме­ните во За­ко­нот за се­мејс­тво на­ве­ду­ва­ња­та и ко­ри­сте­ње­то де­те за пи­та­че­ње го кла­си­фи­ку­ва­ме ка­ко те­шка зло­у­по­тре­ба на ро­ди­тел­ски­те пра­ва и долж­но­сти. От­ту­ка пред­ви­дов­ме дво­сте­пе­на по­стап­ка. Во слу­чај ко­га прв­пат ќе се утвр­ди де­ка де­те­то ќе се ко­ри­сти за пи­та­че­ње, за­дол­жи­тел­но ќе се изре­че ре­ше­ние за над­зор на вр­ше­ње­то на ро­ди­тел­ско­то пра­во, ќе се ра­бо­ти со ро­ди­те­ли­те во фор­ма на со­ве­ту­ва­ње, ме­ѓу­тоа и ќе се опо­ме­нат. До­кол­ку по­втор­но се про­дол­жи со зло­у­по­тре­ба на де­ца­та на со нив­но­то на­ве­ду­ва­ње и ко­ри­сте­ње за пи­та­че­ње или, уште по­ло­шо, до­кол­ку ко­ри­стат дро­ги итн., во тој слу­чај цен­та­рот за со­ци­јал­ни ра­бо­ти за­дол­жи­тел­но при­вре­ме­но ќе го од­зе­ме де­те­то од ро­ди­те­ли­те, ќе по­ве­де суд­ска по­стап­ка за од­зе­ма­ње на ро­ди­тел­ско­то пра­во и ќе под­не­се кри­вич­на при­ја­ва за ро­ди­те­ли­те. Спо­ред ме­не, на те­рен ве­ќе се гле­да­ат ре­зул­та­ти­те. Са­мо ми­на­та­та не­де­ла се под­не­се­ни де­се­ти­ци кри­вич­ни при­ја­ви за ва­кви не­од­го­вор­ни ро­ди­те­ли, кои ги кр­шат ро­ди­тел­ски­те пра­ва и долж­но­сти и ги за­не­ма­ру­ва­ат де­ца­та. Де­ца­та се на­о­ѓа­ат во при­лич­но те­шка здрав­стве­на со­стој­ба.

Пен­зи­о­не­ри­те има­ат по­ве­ќе при­до­би­вки и се бла­го­дар­ни. Се про­ши­ру­ва про­е­ктот до­маш­на ви­зи­та, до­пол­ни­тел­на гри­жа за гра­ѓа­ни­те во со­ци­ја­лен ри­зик, бан­ско-кли­мат­ска­та ре­кре­а­ци­ја, има ли ту­ка но­ви­ни?

Спа­сов: Има но­во­сти во си­те де­ло­ви. Пен­зи­о­не­ри­те или по­ста­ри­те ли­ца се тие на­ши со­гра­ѓа­ни што учес­тву­ва­ле во из­град­ба­та на оваа др­жа­ва и ние ка­ко вла­да, но и ка­ко пом­ла­ди ге­не­ра­ции им ја дол­жи­ме це­ла­та по­чит. Но им дол­жи­ме и про­е­кти со кои ќе го по­до­бру­ва­ме нив­ни­от жи­вот. Про­дол­жу­ва­ме со про­е­ктот бесп­лат­но бањ­ско-кли­мат­ска ре­кре­а­ци­ја, кој до­се­га го иско­ри­сти­ја над 22.000 пен­зи­о­не­ри. До­пол­ни­тел­но ова го­ди­на ќе го иско­ри­стат уште  5.000 пен­зи­о­не­ри. Од 2015 го­ди­на, исто та­ка, про­дол­жу­ва­ме со про­е­ктот бесп­ла­тен ту­ри­стич­ки ви­кенд за пен­зи­о­не­ри­те, се­ка­ко со пред­ност за тие што има­ат по­ни­ски пен­зии. Со фор­ми­ра­ње­то на вла­да­та се ста­ви во си­ла од­лу­ка­та за тие да има­ат бесп­ла­тен град­ски пре­воз во Скоп­је и во не­де­ла, а до­пол­ни­тел­но бе­ше про­мо­ви­ра­на мер­ка­та за бесп­ла­тен же­лез­нич­ки пре­воз за пен­зи­о­не­ри­те, од­нос­но за по­ста­ри­те ли­ца од 64 го­ди­ни за ма­жи и од 62 го­ди­ни за же­ни. Се­ко­ја вто­ра не­де­ла во ме­се­цот, од­нос­но еден ви­кенд од пе­ток до не­де­ла. Ме­ѓу­тоа, исто та­ка, се обр­на вни­ма­ние и на мла­ди­те за и тие да до­би­јат одре­де­ни по­вол­но­сти. 

Во план ни е во 2015 го­ди­на да до­не­се­ме по­се­бен опе­ра­ти­вен план за актив­ни мер­ки и по­ли­ти­ка за вра­бо­ту­ва­ње при што пла­ни­ра­ме да изд­во­и­ме до пет ми­ли­о­ни евра го­диш­но за ре­а­ли­за­ци­ја на го­лем број вра­бо­ту­ва­ња. Исто та­ка, ве­ќе бе­ше об­ја­ве­на од­лу­ка­та де­ка тре­ти­от ви­кенд во ме­се­цот ќе има­ат бесп­ла­тен же­лез­нич­ки пре­воз. Сту­ден­ти­те ќе до­би­јат бесп­лат­ни влез­ни­ци во ки­на­та, те­а­три­те, му­зе­и­те, бесп­ла­тен пре­воз на жич­ни­ца­та до Ми­ле­ни­ум­ски­от крст, исто та­ка бесп­ла­тен же­лез­нич­ки пре­воз со цел да ги оп­фа­ти­ме и мла­ди­те со про­е­кти­те со кои се по­до­бру­ва жи­во­тот на ре­чи­си си­те на­ши гра­ѓа­ни.

Си­те овие про­е­кти ги до­не­су­ва­те со ед­на страст и енер­ги­ја ка­ко да Ви е прв ден на ми­ни­стер­ско­то ме­сто. Има­те не­пол­ни 30 го­ди­ни, ка­ко из­ле­гу­ва­те на крај со нив?

Спа­сов: Искре­но, обе­мот на ра­бо­та е, на­ви­сти­на, ши­рок и МТСП, на­ви­сти­на, по­кри­ва ши­рок спе­ктар на об­ла­сти. На­пор­но е и не е ед­но­став­но, ни­ту лес­но. Ме­ѓу­тоа, се­ка­ко, со­ра­бо­ту­вам со до­бар тим, кој ми да­ва под­др­шка, и со мо­и­те со­ра­бот­ни­ци, на кои сум им, на­ви­сти­на, бла­го­да­рен. Од дру­га стра­на, ре­а­ли­зи­рај­ќи про­е­кти со кои ди­рект­но се вли­јае на по­до­бру­ва­ње на жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те, се да­ва го­ле­ма под­др­шка на ка­те­го­ри­ја гра­ѓа­ни што, мо­же­би, до се­га не до­би­ва­ле по­мош од  др­жа­ва­та. Во Ми­ни­стерс­тво­то има­ме мож­ност да вли­ја­е­ме на пот­тик­ну­вање вра­бо­ту­ва­ње­то - се­ри­о­зен пре­диз­вик на кој што се­ри­оз­но ра­бо­ти­ме. Про­е­кти кои што ја оп­фа­ќа­ат со­ци­јал­на­та и дет­ска­та за­шти­та и гри­жа­та за ран­ли­ви­те ка­те­го­рии. Ед­но­став­но, со се­кој про­ект што ќе го ре­а­ли­зи­ра­ме, ако му по­мог­не на еден или на по­ве­ќе лу­ѓе, за­до­волс­тво­то е го­ле­мо и тоа ни ја да­ва си­ла­та и енер­ги­ја­та и јас и ти­мот да про­дол­жи­ме да ре­а­ли­зи­ра­ме про­е­кти што се пред­ви­де­ни во про­гра­ма­та на вла­да­та. Ед­но­став­но, јас ка­ко ми­ни­стер да по­мог­нам во ре­а­ли­за­ци­ја­та на це­ли­те што ни се пред­ви­де­ни со ед­на единс­тве­на цел, по­до­бру­ва­ње на жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те во РМ.

Има­те ли вре­ме за се­бе? Да пог­лед­не­те еден фуд­бал­ски нат­пре­вар, ете акту­ел­но е Свет­ско­то пр­венс­тво.

Спа­сов: Гле­дав, нај­и­скре­но, еден до два нат­пре­ва­ра. Ре­ал­но, не­мам мно­гу сло­бод­но вре­ме, че­сто се оста­ну­ва на ра­бо­та до доц­ни­те ве­чер­ни ча­со­ви. На­у­тро, се­пак, тре­ба да се ре­а­ли­зи­ра­ат си­те актив­но­сти што си ги но­си де­нот. Сло­бод­но­то вре­ме е ма­ло, но се оби­ду­вам да го иско­ри­стам ефе­ктив­но. Не­ко­гаш спор­ту­вам, са­кам и не­кој филм да пог­лед­нам, се раз­би­ра и да про­ше­там... Иа­ко е мал­ку сло­бод­но вре­ме, на­о­ѓам на­чи­ни ка­ко да го иско­ри­стам ефе­ктив­но.

Уште ед­на ак­ци­ја што поч­на ла­ни, а што пре­диз­ви­ка до­бар, по­зи­ти­вен ефект кај гра­ѓа­ни­те и бе­ше пот­ти­кот да на­пра­ват ху­ма­но де­ло, бе­ше ак­ци­ја­та „Се гри­жи­ме за то­пол дом“. Ќе про­дол­жи ли го­ди­на­ва?

Спа­сов: Ќе про­дол­жи. Тоа е ак­ци­ја со ко­ја си­те за­ед­но им по­ма­га­ме на тие што има­ат по­мал­ку од нас. Гра­ѓа­ни­те што има­ат ви­шок на ме­бел, об­ле­ка, апа­ра­ти за до­ма­ќинс­тво, по­куќ­ни­на, им ја до­ни­ра­ат на тие на кои им е по­треб­на. До­се­га се ре­а­ли­зи­раа пре­ку 1.300 до­на­ции со кои им се по­мог­на на пре­ку 1.500 се­мејс­тва, кои се на­о­ѓа­ат во по­те­шка ма­те­ри­јал­на со­стој­ба, кои се во со­ци­ја­лен ри­зик. Са­мо за око­лу де­вет ме­се­ци. И по­на­та­му ќе про­дол­жи­ме да ја ре­а­ли­зи­ра­ме оваа актив­ност и слич­ни на неа, за до­на­ции на кни­ги, на об­ле­ка за де­чи­ња. Се­кој од нас до­ма има не­што што не му тре­ба. Зо­што да не го до­ни­ра­ме тоа, а ние ка­ко Ми­ни­стерс­тво ќе по­мог­не­ме да стиг­не та­му ка­де што е по­треб­но, би­деј­ќи има­ме кон­такт ток­му со оние на кои им е по­треб­на под­др­шка.

На крај на ова ин­терв­ју мо­рам да Ве пра­шам за слу­чаи, кои че­сто исп­ли­ву­ва­ат во јав­но­ста, а во кои акте­ри и жр­тви се ток­му нај­ран­ли­ви­те ка­те­го­рии, не­за­шти­те­ни­те, ка­ко на при­мер де­те­то чу­ва­но во не­со­од­вет­ни ус­ло­ви во Ба­ња Бан­ско. Кол­ку лич­но Ве по­го­ду­ва­ат та­кви слу­чаи?

Спа­сов: Јас за слу­ча­јот што се об­ја­ви де­не­ска пр­во би са­кал да изра­зам жа­ле­ње. Вед­наш по до­би­е­ни­те ин­фор­ма­ции од из­ве­шта­јот на на­род­ни­от пра­во­бра­ни­тел да­дов на­ред­ба на со­ци­јал­на­та инс­пек­ци­ја да поч­не де­тал­на и те­мел­на по­стап­ка и да ги ис­пи­та си­те ас­пе­кти на овој слу­чај и по­ста­пу­ва­ње­то на над­леж­ни­от цен­тар за со­ци­јал­ни ра­бо­ти што го упа­тил де­те­то во уста­но­ва­та. Но и по­ста­пу­ва­ње­то на вра­бо­те­ни­те во за­во­дот Ба­ња Бан­ско за да ги ис­пи­та­ме те­мел­но си­те од­го­вор­но­сти. Да­ли и кој по­ста­пу­вал спро­тив­но на за­ко­нот, на про­це­ду­ри­те, да­ли по­ста­пу­вал не­е­тич­ки, не­пра­вил­но и не­за­кон­ски. На­ско­ро оче­ку­вам ре­зул­та­ти, из­ве­штај од инс­пек­ци­ски­от над­зор и ќе би­дат пре­зе­ме­ни си­те мер­ки во сог­лас­ност со за­ко­нот. Ни­што не се иск­лу­чу­ва, сè за­вис­ни од тоа ка­ква е по­вре­да­та.

Во се­кој слу­чај, ме по­го­ду­ва­ат. На служ­би­те од со­ци­јал­на­та за­шти­та, на на­ши­те уста­но­ви, при­мар­на цел им е гри­жа­та за со­ци­јал­но ран­ли­ви­те ка­те­го­рии. При ва­ка изо­ли­ра­ни слу­чаи по­треб­но е да се ин­тер­ве­ни­ра, да се пре­зе­мат мер­ки за да не се по­вто­ру­ва­ат. Со ог­лед на фа­ктот што го­лем број од струч­ни­те ра­бот­ни­ци про­фе­си­о­нал­но и струч­но си ја вр­шат ра­бо­та­та, еден ва­ков слу­чај не тре­ба да ја за­цр­ни ра­бо­та­та на про­фе­си­о­нал­ци­те. Ме­ѓу­тоа, и не смее да по­ми­не не­за­бе­ле­жан и затоа ќе го има мо­е­то це­ло вни­ма­ние, за да се ин­тер­ве­ни­ра и да се пре­зе­мат кон­крет­ни мер­ки.

 

Извор: неделник „Република“

Новинар: Наум Стоилковски

Фотографија: Александар Ивановски

 

 

 

- Инаетењето на СДСМ со невлегување во Парламентот не носи во губење на препораката од Европската Комисија и тоа ќе биде лошо за сите, но изгледа Заев се уште верува дека на тој начин ќе го сврти јавното мислење кон него, и во него ќе видат спасител кој ќе не врати на вистинскиот пат. Со тоа уште еднаш покажува колку многу го потценува капацитетот на граѓаните.

Ова, меѓу другото, го истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во интервјуто говори и за функционирањето на Собранието по одлуката на опозицијата да не учествува во неговата работа, за обвинувањата околу продажбата на Македонска банка и за наводните уплати на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, за слободата на медиумите, за преговорите со ДУИ за формирање на новата Влада и нејзините идни приоритети...

Господине Груевски, со исклучок на крајот на минатата недела, претходно речиси еден месец многу ретко се појавувате во јавноста. На што се должи тоа?

- Се должи на неколку работи. Прво, имав многу интензивни подготовки за старт на реализација на делови од програмата која ќе се комплетира во наредните неколку дена.

Работев на затворени состаноци со часови со раководствата на одделни министерства и други институции во тој правец.

Второ, кога веднаш почнавме со реализација на измени на закони од програмата, СДСМ

изреагира дека тоа било неправилно и незаконски и дека тоа сме требало да го правиме по формирањето влада. Иако мислам дека нема пречка Парламентот да усвојува закони и во овој период решив да го задоволам нивното барање за да не им давам уште едно алиби на нивните несмасни и непресметани постапки.

Трето, иако изборите завршија и јасно е кој ќе формира влада, СДСМ негодува на секое мое појавување поврзано со почеток или реализција на некој проект или реформа. Решив и тука да им излезам во пресрет па моето појавување го сведов на две промоции на книги и слично.

Со економскиот тим за привлекување инвестиции и со економскиот совет посветено работиме на привлекување инвеститори, и како и обично тоа е надвор од очите на јавноста се додека инвеститорот не одлучи да се објави.

И конечно, паралелно со работата и забрзувањето на темпото на работа низ институциите активно ги водам разговорите за формирање нова влада. Кратко кажано работам од сабајле до касно навечер во целиот овој период. На крајот би рекол дека и не беше лошо малку да ја одморам јавноста од моите изјави после интензивната кампања во која секој ден бев присутен низ медиумите.

Во јавноста вашето име беше поврзувано со продажбата на Македонска банка, а СДСМ обвини за криминал при продажбата која се случи пред повеќе од 10 години. Ваш коментар за овој случај?

- За волја на вистината во првиот круг од претседателските избори Зоран Заев и ова раководство на СДСМ вложија максимум што можат на ВМРО ДПМНЕ да му се спротистават на полето на натпревар со идеи, проекти, политики, со позитивна кампања.

Значи не е проблемот дали сакаат со позитивна кампања. Тие направија сериозен обид. Проблемот е дека нивните идеи и проекти се слаби, а многу од нив недоквакани, набрзина подготвени. Значи излезе на површина безидејноста и слабиот капацитет и визија на ова  партиско водство.

Втор значаен проблем за нив беше довербата во она кое го говорат, која доверба односно недоверба се базира на нивното минато и како партија и како индивидуалци. И за тоа се самите виновни. Многу ветуваа и неисполнуваа. Вие погледнете, Заев изгуби и во неговата општина каде е актуелен градоначалник и каде пред една година, иако со тесен резултат го доби мандатот од граѓаните.

Во една таква ситуација кога се соочија со тежок пораз, а претходно ги искористија сите можни адути, ја загубија самодовербата дека во чесен натпревар можат да не победат освојувајќи ја довербата од мнозинството граѓани, дојде до брза и непромислена промена на стратегијата која ги втурна во уште поголем пораз за што јас јавно предупредував во говорите на митинзите во вториот круг.

Влегоа во две сценарија. Прво, максимално валкана, нечиста или негативна кампања, насочена главно кон мене како прв човек на најголемата владејачка партија и нивни главен ривал. И второ, силна подготовка на членството и граѓаните за непризнавање на резултатите од изборите, која идеја ја имаа јавно пласирано уште пред изборите, да неречам ја најавија пред изборите, но сега веќе влегоа во нејзина силна промоција. Со обидот за мое оцрнување се одеше на намалување на разликата во број на гласови, со подготовката на прогласување на изборите за нерегуларни целта беше друга: Заев да има алиби со кое би останал на претседателската функција, истовремено умилкувајќи се на Бранко Црвенковски, јавно признавајки му дека бил во право кога година дена порано го заговараше истото, а Заев бидејки чуствуваше дека тој лично во Струмица ќе победи сериозно му се спротивстави внатре во партијата. Со тоа неговата проценка беше дека и тој ќе си заврши работа и со Бранко ќе застане на иста линија, бидејки Бранко нема да може да се спротивстави на таа идеја која до лани ја нудеше за единствено можна, кога пак имаше иста позадина: алиби за опстанок на партиската функција.

А сега поконкретно за нивното обвинување. Јас никогаш не сум земал еден и пол милион евра кеш, ниту на било кој друг начин, ниту пак помала или поголема сума за продажбата на Македонска банка. Од тука сите други обвинувања кои произегуваат од тоа се невистинити.

Иако клеветата од Заев е за непостоечки акт постар од 10 години, јас за секој случај одлучив да поднесам тужба за клевета за да со сигурност се расчисти оваа валкана манипулација и да добие судска разврска, а човекот кој видовме како во минатото се заборавил во делење тендери и јавни пари на сите роднини и партиски функционери, и кој пред 5 години се согласи за спас од обвинение за криминал тежок 8 милиони евра преку аболиција од неговиот ментор, тој истиот ќе треба да се соочи со вистината кога ќе треба да докаже дека јас сум ги земал тие еден и пол милион евра пред повеќе од 10 години за кои тој ме клевети.

Самиот факт што сега пред да заврши судската разврска, СДСМ и нивните контролирани медиуми нервозно секој ден се трудат да ја експонираат темата, покажува колку е ниска нивната самодоверба во овој случај. Тој што е сигурен во себе не џавка, туку мирно го чека крајот на судската разврска. Но ќе дојде и тој ден, кога правдата и вистината ќе излезат на површина. Јасно е дека Заев негирајќи го судскиот систем уште одсега спрема терен и судската одлука да не ја признае. Мислам дека се работи за недоволно зрел човек, во најмала рака политички недоволно зрел. Некои негови постапки наликуваат на детско лутење кога ќе загуби во некоја детска игра. Но политиката не е детска игра и не е место каде некој треба да го чекаме да досозрее, пред се политички. Неговите постапки иако од позиција на претседател на најголемата опозициска партија и носат сериозна штета на државата, но и на сите нејзини граѓани вклучувајќи ги и членовите на СДСМ.

На пример, инатењето со не влегување во Парламентот не носи во губење на препораката од Европската Комисија, и тоа ќе биде лошо за сите, но изгледа Заев сеуште верува дека на тој начин ќе го сврти јавното мислење кон него, и во него ќе видат спасител кој ќе не врати на висинскиот пат. Со тоа уште еднаш покажува колку многу го потценува капацитетот на граѓаните, што пак најмногу говори за него лично. Од друга страна, неговите постапки толку многу со радост ги дочекуваат оние кои несакаат да ја видат земјата да напредува, што понекогаш човек на се помислува. Но тоа е друга тема. Она што е важно е дека народот покажа витинска зрелост. Не само што не подлегна на манипулациите на клеветите на Заев, туку го казни со еден од најсилните порази на СДСМ со над 200 илјади гласа разлика. Македонија не е истата од деведесеттите.

Меѓу другото СДСМ објави каса прими од уплати на контраверзниот бизнисмен Загорац Тумбовски за кој тврди дека се уплатени на сметката на ВМРО-ДПМНЕ, а за кој не е платено данок. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш тврдеја дека сметките се фалсификат, односно на каса примите стои невалиден печат. Која е вистината?

- Во времето кога започнаа големите реформи во ВМРО ДПМНЕ во 2003-та кои добија на интензитет во 2004-та се случи ситуација да исчезне партискиот печат. Раководството на партијата веднаш го прогласи за невалиден со пријава во надлежните органи и извадивме нов печат кој се разликува од претходниот. Сега гледам дека некој се обиде да направи евтин трик со тоа, користејки правосилно осудена личност на 6 години затвор за различни кривични дела меѓу кои и за фалсификат, и личност која е во бегство. Дознав дека и таткото на таа

личност бил осуден на 4 години затвор. Наводниот потпис на Јанкулоска од авион се гледа дека не наликува на тој кој го видовме во медиумите. И овој случај беше дел од набрзина сменетата стратегија на СДСМ за вториот круг. Но и овој случај е во институционална разврска и се надевам на брза разврска на тој случај.

Во медиумите се отвори правната дилема дали сте пратеник или премиер. Тезата е дека по верификувањето на пратеничките мандати во Собранието, премиер на Македонија до изборот во Собрание треба да биде некој друг поради неспоивост на функциите?

- Оваа тема е повеќе производ на дневната политика, а највеќе производ на оние кои се  занимаваат со разно разни кадровски комбинаторики, отколку со нормалното функционирање на државата и опслужувањето на секојдневните потреби на граѓаните.

Најважно е што граѓаните на избори го доверија легитимитетот на оној кому му веруваат, и ваква слична ситуација сме имале и претходно во повеќето вакум простори помеѓу завршувањето на изборите и формирањето нова влада. За да не давам простор за вакви  манипулции јас веќе поднесов оставка на позицијата пратеник во Парламентот, иако не морав тоа да го сторам до денот на избор на нова влада.

Како го оценувате исходот на конгресот на СДСМ и повторниот избор на Заев на чело на опозицијата?

- Не би сакал да навлегувам во состојбите на СДСМ, тоа е нивна работа. Исходот не е ништо друго туку победа на политиката на Бранко Црвенковски, неговите луѓе продолжуваат во истиот дух и со истите методи онаму каде што тој застана. Неповлекувањето на Заев не ме изненади бидејќи тој тоа го најави уште во кампањата. Јас и тогаш кажав што мислам, а тоа мислење е непроменето. Како партија да баравме не можеше да најдеме подобар противкандидат од Заев, и тоа го кажав ни најмалку со желба да го потценам, туку едноставно поради разликата на начинот на функционирање и вредностите и принципите до кој држи едната и другата политичка опција.

Разликата која се гледа во прецизната програма која ние ја имаме, наспроти голата реторика и немањето на програма во СДСМ, во минатото и аферите кои се провлекуваат зад нивната работа и чесниот труд и вложувања кој се дел од нашите залагања и работење.

Едноставно направете анализа што се се` нудеше и зборуваше на митинзите и што ние понудивме. Толку мала и слаба понуда, со толку многу навреди, клевети, црнила и манипулаации кон противникот, кон нас, наспроти 2046 многу конкретни и реални проекти.

Таков ли човек планира да ја води државата. На крајот што и како мислат граѓаните се покажа на изборите. Тие во огромно мнозинство се одлучија за проекти и програма, за принципи и вредности.

СДСМ излезе со оценка дека овие избори беа нерегуларнии недемократски, Ве изненадува ли политиката на бојкот на СДСМ?

- Прво, ќе повторам и потсетам дека СДСМ загуби со над 200 илјади гласа на овие избори и немаше ниту една формална жалба до ДИК за овие избори од причина што реално немаше матерјал на кој би се жалеле. Најавуваа и некакви докази дека ќе приложеле во јавноста за наводни нерегуларности, но ниту докази, ниту снимки, ништо конкретно не видовме.

Политиката на бојкот е продолжување на политиката на Црвенковски, тоа е старо и веќе видено. Со таа тврдоглавост се прави штета врз угледот на државата, се прави штета врз работата на Собранието, но најголем губитник е самиот СДСМ кој наместо да се помири со размислувањето на граѓаните, тие решија да одат наспроти нивната волја. За тоа дали овие избори се регуларни и демократски не мора да ја слушнете мојата оценка, туку пред се оценката на ЕУ, САД и ОБСЕ/ОДИХР кој рекоа дека изборите се ефикасно спроведени.

Истиот СДСМ кога во 2004-та година победи Бранко на претседателските избори, иако ОБСЕ/ОДИХР излегоа со извештај во кој беа нотирани масовни полнења на гласачки кутии, замислете во извештај да ви пишува масовни полнења кутии на изборите, понатаму вооружени лица во близина на гласачки места, физички инциденти, непрочистен избирачки список, семејно гласање и ред други тешки пропусти и недостатиоци, нешто што на овие избори ништо од ова не се случи, тогаш СДСМ излезе и ги призна за фер овие избори. Тоа е двојниот стандард и аршин на СДСМ. А што се однесува до медиумите, паметам тогаш во тие времиња честопати имавме проблем да воопшто некоја тв камера ни дојде на оргнизирана прес-конференција.

Со други зборови, после толку многу подобрувња на изборниот закон, најголем дел од нив заедно со опозицијата, и сите во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, после заедничкото пречистување на изборниот список пред локалните избори лани, после така мирен изборен ден и професионално и ефикасно спроведени избори некој истите да ги прогласува за нерегуларни е нон сенс. И тоа истата партија која ги спроведе изборите во 2004-та. И истиот човек кој тогаш беше претседател на ДИК, а денес десет години подоцна кандидат за претседател на СДСМ.

Да потсетам пред овие избори повторно заеднички со СДСМ ги усогласивме измените и подобрувњата на изборниот закон. Заеднички ги гласавме и во Парламентот. Најголем дел од нив се базираа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а дел беа хирови на СДСМ, како оној од типот да ни ги фарбаат палците со мастило, нешто што го немаа никаде во Светот. Се прифативме, и пак немаат доблест да признаат пораз да се свртат кон себе и сопствените грешки. На крајот и самиот Заев на прашање на новинар призна дека и се да било како што

тој замислува пак ќе загубеле на овие избори, само разликата ќе била помала. Смешно и трагично истовремено. Излегува дека СДСМ признава регуларност на избори само тогаш кога ќе победи. Недоволно зрело однесување.

Се разбира ова не знaчи дека Законот за избори не може и понатаму да се унапредува. Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е добра основа за понатамошни подобрувања на законодавството и секако ние ќе се фокусираме на тоа.

Трпите многу критика за слободата на медиумите. Планирате ли нешто на ова поле?

- Приказната со слободата на медиумите е еден надуен балон во недостаток на силна опозиција и креативна опозиција која ќе се бори на реални теми и основи, а не на надуени теми. Tаа теза се користи за политичка битка и таа стана политичка тема, но тоа е нивно алиби за поразите кои се базирани на нивните неработа и непосветеност, на нивната неискреност кон народот и безидејност

Ако денес во Македонија некој ја проблематизира состојбата со медиумите, во ера на многу национални и локални телевизии, на сателитски телевизии, на национални и локални радиа, како и во ера на многу интернет портали и дневни весници, зошто истите тие луѓе молчеа кога Македонија се на се имаше три медиуми: една телевизија тоа беше МТВ, и два весника Нова Македонија и Вечер. И ако ова сега е диктатура, што како квалификација е апсолутен нон сенс, што било тоа тогаш, кога владееле актуелново раководство на СДСМ заедно со Црвенковски и истите збор не ги слушнавме да кажат нешто за демократија. Ова е уште еден доказ дека тоа што го зборуваат се дневно политички измислици и памфлети.

Згора на ова, ВМРО-ДПМНЕ победи на избори во 2006-та година во крајно лоши услови на поддршка во медиумите. Жалам што ја претворија во политичка тема која и штети на државата, тоа е факт. Една структура на луѓе која беше финансиски моќна и со добри интернационални контакти се обиде и до некаде успеа да ја продаде приказната дека медиумите на Велија згаснаа заради нешто друго, а не заради тоа што газдата им беше до гуша во криминал и не плаќаа даноци. Затоа ќе продолжиме да работиме со сите сили на унапредување на средината, за тоа треба поддршка и од фелата, ама искрена и без ракавици и задкулусни игри, да се работи, а не да се одработува како што некои од нив прават.

Тврдам дека онолку работи колку што ние имаме направено во оваа сфера како

декриминализација, нов Закон за медиуми за кој преставникот на ОБСЕ рече дека е одличен, повторувам одличен, мене лично ми го кажа тоа на состанокот во Владата пред десет луѓе, а во слична форма го кажа и во јавноста па се соочи со гневот на тие кои одработуваат, а не работат. Не се виновни медиумите, не се согласувам со тезите за провладини медиуми, не се согласувам со навредите кои ги пласираат дел од таа заедница кон други новинари и обратно. Ние добро знаеме што значи неслобода на медиуми, ние бевме соочени со коплметно контролирани медиуми кои наместо новинарство тераа пропаганда од најдолен вид, со навреди, клевети, жестоки навреди, не ни пуштаа деманти нa нивните лаги и конструкции, ако сте квалитетни како партија медиумите ќе ви даваат простор, тоа сигурно го знам, ако нудите мерки за подобрување, ако се борите во чиста политичка борба. Ова не значи дека не постои простор за понатамошни подобрувања во оваа сфера.

Ние планираме да продолжиме со реформи кои ќе ја зајкнат слободата и стабилноста на медиумите. Сечии добронамерен предлог е добредојден, а пред се добрите примери во понапредните земји на ова поле.

СДСМ поднесе тужба до Управен суд за мандатите и наводни докази дека власта насилно ги верификува мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата, а потоа понесоа оставки во Парламентот?

- СДСМ сами, но и свесно, го искреираа проблемот и сега градат приказна врз основа на лавиринтот кој самите го создадоа. Собранието кој е највисокиот законодавен орган утврди дека мандатите треба да бидат верификувани.

Оставките кои пратениците на СДСМ ги поднесоа беа вон процедура и закон. Пак ќе кажам, немојте да помислувате дека тие тоа не го знаат. Но им стана навика да делуват со интриги.

Се заплеткаа со оставките и сега незнаат како да се отплеткаат. Ние ќе треба да ги отплеткуваме. Со поднесените оставки Собранието нема да има друг избор освен на следната седница да ги верификува и да распише нови избори за ослободените 34 места во Парламентот. Таа седница не може да е подоцна од 18 ти или 19 ти јуни кога треба да е изборот на новата влада. Дотогаш имаат можност да ги повлечат, освен ако во меѓувреме претседателот на Парламентот не свика седница за други прашања и да го постави и оваа точка на дневен ред.

Од една страна имаат голем мерак еднаш да излезат од Парламентот, оти веруваат во успех на партијата на тој начин, иако опасно се лажат. ВМРО-ДПМНЕ во деведесеттите искуси една таква ситуација и колку што знам тогашното раководство на партијата самото потоа говореше дека тоа било грешка. Но, СДСМ го нема поминато тоа на свој грб и верува дека тоа ќе им донесе победа, а веројатно наивно веруваат дека токму тоа на ВМРО-ДПМНЕ му донесе победа во 1998 година. Таа победа на ВМРО резултираше во голема мерка од неработењето на СДСМ, немањето резултати во економијата, растечката невработеност, растечката корупција на СДСМ, криминалите со приватизацијата, со ТАТ и другите штедилници, шверцот во ембаргото против Милошевиќ, немањето ниту еден странски глобален ивеститор во земјата, бркањето на странските инвеститори како случајот со Ауди и редица други такви ситуации. Тој филм СДСМ во наредните 4 години нема да го гледа. На власт е многу различна гарнитура од онаа бранковата во 90 тите. Така што ако мислат дека со нивното отсуство од Парламентот јас ќе дозволам да се врати тоа време, силно се лажат. Напротив, ќе се соочат со влада која ќе работи со така силно темпо како да изборите се утре и како да во Парламентот имаме многу посилна опозиција од СДСМ.

По 4 години верувам дека ќе имаме уште посилна поддршка од народот отколку на последните избори. Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде немилосрдна, жестоко ќе се бориме да најдеме решение за многу нерешени прашања и тоа ден порано, ќе работиме уште повеќе отколку до сега. Гледам со години зборат дека ќе формирале влада во сенка. Абер немаат. Ако вака продолжат со одолговлекување, незвисно дали ќе бидат надвор од Парламентот или внатре во него, ќе размислиме ние, ВМРО-ДПМНЕ да направиме влада во сенка што би било многу невообичаено, но со вакви опозиционери, можеби и тоа ќе биде потребно. Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, кои ќе треба да ги пополнат испрзнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите до следната пролет. Ќе се засилиме со нова свежина со нови сили. Нема назад, само напред. Тоа е мојот план. Тој е многу поразличен од оној на СДСМ.

Како одат преговорите за состав на новата влада?

- ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти преку медиумите дека со ДУИ, како партии кои ја добија најголемата доверба на граѓаните одлучија да формираат ново парламентарно мнозинство.

Партиите, согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции.

Преговорите се во самиот финиш и деновиве треба да се завршат целосно во законски утврдениот рок.

Кои ќе ви бидат трите работи кои ќе ви се најважниот фокус во новиот мандат?

- Прво, привлекување и стимулирње на нови инвестиции со цел отворање на нови работни места со истовремена реализација на крупните капитални проекти во сферата на патната и железничката инфраструктура како и продолжување со реформите и мерките кои ќе значат подигнување на стандардот, подобар живот и економски развој, поефикасно образование, попрофесионално здравство, и посилно земјоделие итн.

Второ, максимални напори и посветеност за остварување на стратешките цели поврзани со европските и евроаатланските интеграции, и трето, понатамошно зајкнување на правната држава, на демократијата, човековите права, понатамошни реформи на правосудниот систем, администрцијата како и зајакнување на меѓуетничките односи во земјата.

Македонската економија фати залет. Странските инвестиции го зголемија извозот. Со раст на БДП од 3,1% Македонија се најде на високото трето место во Европа. За ова министерот за финансии и вицеремиер Зоран Ставрески говори во интервјуто за Македонската радио телевизија.

П: ММФ почна да ја скенира македонската економија, а претходно стигна веста дека Македонија има трет најголем раст во Европа. како земјава стигна дотаму?

Ставрески: Со многу работа и со добри економски политики. Во живoтот ништо не доаѓа случајно, и во економијата исто така. Потребни се добри економски политики, а ние тие политики ги водиме долги години. Базата ја поставивме уште во 2006-та година, кога го направивме данокот на ниско ниво,  најниски даноци во Европа што е добро за домашните фирми, втора политика е привлекувањето на странски инвестиции, исто така со добар бизнис амбиент , ја направивме Македонија да биде атрактивна дестинација за странските инвеститори и прилив на странски инвестиции и фирмите што работат во зоните  се вториот генератор на економскиот раст и трето секако се политиките од буџетот со кој финансираме голем дел од структурни проекти   капитални инвестиции кои што помогнаа во градежништвото и многу други гранки доста високи стапки на раст, сето тоа кога ќе се собере заедно со стабилноста и конзистентноста на тие политики со години без да се зголемуваат даноци без да се прават проблеми на фирмите во делот на регулаторната клима и слично, придонесе Македонија и ова признание кое што стигна од Брисел и од ММФ и од Светска банка имаме трет најдобар резултат во Европа, ние планираме и така да остане.

П: Монетарците почнаа со скенирање на економските параметри, што ќе видат тука?

Ставрески: ММФ како и вообичаено еднаш годишно доаѓа на мисија каде што ги следат макроекономските политики на владата, ќе видат стабилност бидејќи нивото на државниот долг е ниско буџетскиот дефицит е во рамки на планираното, даноците остануваат во зоната на ниски вредности, банкарскиот сектор е стабилен, а реалниот сектор односно стопанството има простор да оствари економски раст, тоа е она што ММф го интересира, невработеноста се намали на 28,6% тоа се показатели што во секој случај наидуваат на поддршка и кај ММФ и од аспект на базичните политики се добро поставени се разбира ќе разговараме и за ризиците во европската економија и за ризиците што ги носат состојбите во европската економија но и таму поблаги се сега тие ризици отколку што беа порано.

П: Рековте дека нема да има ребаланс на државната каса колку буџетот е одржлив на долг рок со оглед на најавените субвенции и социјални трансфери.?

Ставрески: Ние кога ја правием програмата и го планираме буџетот планираме за следните четири години, значи не е нешто што се прави година за година, од година во година деталите се менуваат, рамката и проекциите се направени за четири години, и тука се вклопени сите оние зголемувања за социјалната помош, тука се вклучени зголемувањето на пензиите, платите во јавниот сектор како и високиот износ на инфраструктура капиталните инвестиции, автопатите  и се друго што ќе се финансира следните години буџетот со се тие проекции е одржлив ке биде обезбедена ликвидноста на буџетот, навреме ќе биде да се плаќаат обврските во стопанството, обврските кон земјоделците, пензионерите , но тоа е добро испланирано добро ја знаеме состојбата  во буџетот, добро знаеме како да ги планираме приходите, така да е одмерено реално она што може да се направи мислам со таа комбинација како и досега успеавме во период на криза да ја извлечеме Македонија да успееме бидејќи состојбите во Европската економија ќе биде постабилна.

П: Извозот расте новите бројки на државната статистика покажуваат дека извозот го билдаат токму странските компании кои работат во зоните, очекувате ли раст во извозот и во наредниот период со оглед на најавените странски инвестиции?

Ставрески: Секако, една од покрупните придобвики од доаѓањето на странските инвестиции е зголемувањето на извозот и девирсифиркацијата на извозот бидејќи се освојуваат и нови пазари или пак повеќе се пласира на пазарите како што се Германија и други земји каде што порано многу тешко се пласирале македонски производи. Сега имаме суфицит со Германија значи произведуваме производи, катализатори и друга автомобилска опрема што се користи во германските фирми, а производителите на автомобилските фирми и автомобили и слично. Тоа покажува дека имаме потенцијал за зголемување на додатната вредност во Македонија односно да не се извезува само она што е базично призводство,базична индустрија туку индустрија со повиска дополнителна вредност и затоа ние проектираме околу 10 % раст на извозот секоја година,верувам дека тоа е дури и конзерватино сценарио, можно е и оствариме и повисок извоз а фирмите што работат во зоните секако во следнаите година – две ќе придонесуваат за повеќе од една третина од вкупниот македонски извоз.

Извор: „МРТВ“

Македонија е мала земја и привлекувањето инвеститори во мала земја која нема излез на море не е лесна работа. Eдинствениот начин се цврсти и конзистентни реформи за олеснување на бизнис климата.

Ова го истакнува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за лондонски „Банкер“ во врска со привлекувањето инвеститори и рангирањето на Македонија на 25. место во извештајот на Светска банка за условите за водење бизнис што според магазинот е многу висока позиција која Македонија ја става и пред некои големи нации како што е Јапонија.

- Прво треба да ги средите работите, треба значително да го подобрите деловното окружување, постојната инфраструктура, и, исто така треба да имате квалификувана работна сила, а не само конкурентна работна сила во смисла на трошоците, туку и со добар квалитет. Така што, ова е она што го направивме во последните неколку години. Инвестиравме многу во инфраструктурата, исто така инвестиравме и во образованието, околу 6 проценти од БДП е инвестирано во образованието, но спроведовме и бројни реформи за поедноставување на постапките, намалување на бирократијата, со цел да го направиме деловното окружување што е можно полесно и поедноставном, истакнува вицепремиерот.

Тој додава дека воведувањето на рамниот данок беше една од најважните реформи во 2006 година, по што следеа реформи во регулаторното окружување, катастарот и имотните права, судството и сите други области кои се важни за инвеститорите.

Според него на овој начин го подобривме рангирањето, од 94 место во 2006 година, на 25 место во светот, многу пред 17 земји-членки на Европската унија.

Посочува дека во основа, предизвикот за Влада е да остане конзистентна и постојано да го приспособува и да го подобрувае деловното окружување, бидејќи, како што вели, на тој начин се справувате со постојните предизвици и одговарате на потребите на приватниот сектор. На тој начин ние се справуваме со постојните предизвици и со потребите на приватниот сектор. Ова ни помогна да привлечеме некои глобални компании, како што се „Џонсон Мети“, „Џонсон Контролс“, како и други компании, кои не само што инвестираа за првпат во Македонија, туку повторно инвестираат по неколку години, што покажува дека се задоволни со деловното окружување, истакнува министерот во интервјуто.

Во него вели дека Македонија има динамична економија. Оствари раст од 3,3 проценти што беше највисок пораст во Европа. Невработеноста се намали, а Буџетот и јавните финансии се стабилни и вкупниот долг е на одржливо ниво, под Мастришките критериуми и значително под просекот во регионот.

Додава дека се применувани многу конзервативни политики кога станува збор за задолжување, а средствата беа наменети за значајни инвестиции во инфраструктурата.

За Банкарскиот сектор наведува дека беше еден од столбовите за порастот, во смисла на тоа да се одржи сигурен и стабилен во услови на криза, обезбедувајќи ја потребната кредитна поддршка за приватниот сектор.

Кредитната активност,  посочува, не беше толку силна како во некои други земји така што соодносот помеѓу кредитите и БДП во Македонија е сè уште понизок во споредба со други земји. - Тоа покажува дека има простор за зголемување, меѓутоа, секако, само за профитабилни проекти кои нема да ги зголемат нефункционалните заеми на банкарскиот сектор. Она што го гледаме како перспектива за банкарскиот сектор најверојатно е консолидација на банкарскиот сектор, што не значи многу банки туку повеќе здрави банки. Во овој контекст, отворени сме за нови инвеститори кои се подготвени да ги купат постојните банки или да бидат присутни во  банкарскиот сектор во Македонија, додава вицепремиерот во интервјуто за „Банкер“.

Ин­ду­стри­ски­те зо­ни ќе се по­вр­зат со но­ви авто­па­ти­шта, се нај­а­ву­ва­ат стран­ски ин­ве­сти­ции, ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво рас­те, а се на­ма­лу­ва тр­гов­ски­от де­фи­цит, па ка­кви се оче­ку­ва­ња­та, мож­но ли е вид­но зго­ле­му­ва­ње на стап­ка­та на по­раст ако се зе­мат пред­вид и нај­а­ве­ни­те ин­ве­сти­ции?

Пе­шев­ски: Би тре­ба­ло, и пре­ми­е­рот нај­а­ви, а и од ди­рект­ни­те кон­та­кти што ги имам, ка­ко од­го­во­рен во тој дел, мо­жам да по­твр­дам де­ка оче­ку­ва­ме го­лем број ком­па­нии да до­не­сат по­зи­тив­на од­лу­ка оваа го­ди­на. Но ток­му на­ма­лу­ва­ње­то на тр­гов­ски­от де­фи­цит и по­ра­стот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво во го­ле­ма ме­ра е ре­зул­тат на тоа што го пра­вев­ме из­ми­на­ти­те го­ди­ни во де­лот на прив­ле­ку­ва­ње­то стран­ски ди­рект­ни ин­ве­сти­ции, без раз­ли­ка да­ли се во сло­бод­ни­те еко­ном­ски зо­ни или над­вор од нив би­деј­ќи нај­го­ле­ми­те ра­бо­то­дав­ци се над­вор од нив, а се­то тоа при­до­не­су­ва за мно­гу зна­чи­тел­но зго­ле­му­ва­ње на из­во­зот и со тоа за на­ма­лу­ва­ње на тр­гов­ски­от де­фи­цит. Но на­ша крај­на­та цел, се­ка­ко, е соз­да­ва­ње­то но­ви ра­бот­ни ме­ста би­деј­ќи, ин­ди­рект­но, тоа е тоа што ја ре­ша­ва еко­но­ми­ја­та, тоа е тоа што до­ве­ду­ва до по­го­ле­ми стап­ки на по­раст. Кон­крет­но, на пра­ша­ње­то да­ли оче­ку­вам по­го­лем по­раст на еко­но­ми­ја­та, од­го­во­рот е де­ка ние се­ко­гаш сме вни­ма­тел­ни оп­ти­ми­сти и из­ле­гу­ва­ме со стап­ки за кои сме при­лич­но си­гур­ни де­ка ќе ги ис­пол­ни­ме, но ре­ал­но ра­бо­ти­ме за ре­ал­ни­те стап­ки, тоа што ќе се слу­чу­ва, да би­дат по­го­ле­ми. Ко­га би тре­ба­ло да на­пра­вам не­о­фи­ци­јал­на про­ек­ци­ја, би ре­кол де­ка оваа го­ди­на оче­ку­вам стап­ка на по­раст од 3,5 про­цен­ти и оче­ку­вам таа да би­де ме­ѓу нај­ви­со­ки­те, ако не и нај­ви­со­ка во ре­ги­о­нот. Ма­ке­до­ни­ја по­ка­жа, оваа вла­да по­ка­жа де­ка, за раз­ли­ка од дру­ги­те  вла­ди во ре­ги­о­нот, знае да из­ле­зе на крај со се­ри­оз­ни проб­ле­ми и знае во ус­ло­ви на отеж­на­та еко­но­ми­ја во Евро­па да соз­да­де по­ли­ти­ка што до­ве­ду­ва до еко­ном­ски по­раст.

ММФ, од­нос­но из­врш­ни­от ди­ре­ктор на ММФ, Ме­но Снел, из­ле­зе со оце­на за зем­ја­ва де­ка е нај­ам­би­ци­оз­на др­жа­ва во прив­ле­ку­ва­ње­то ин­ве­сти­то­ри, со да­ноч­на и ма­кро­е­ко­ном­ска ста­бил­ност. Кол­ку се зна­чај­ни, кол­ку Ви зна­чат ва­кви­те оцен­ки?

Пе­шев­ски: Се­ко­гаш е до­бро од не­кој што прет­ста­ву­ва авто­ри­тет на свет­ско ни­во да до­би­е­те по­твр­да де­ка тоа што го пра­ви­те е во ви­стин­ска на­со­ка. Но ние не го пра­ви­ме тоа по­ра­ди оце­ни­те од оваа или од таа ин­сти­ту­ци­ја, ту­ку го пра­ви­ме за ин­ве­сти­то­ри­те ре­ал­но да ја пре­поз­на­ат Ма­ке­до­ни­ја ка­ко  ин­ве­сти­ци­ска де­сти­на­ци­ја и ре­ал­но да дој­дат ту­ка. Таа оце­на ни е нај­важ­на, ко­га ин­ве­сти­тор ќе до­не­се од­лу­ка да ин­ве­сти­ра ту­ка. Но ва­кви­те оце­ни од ва­кви авто­ри­те­ти не се пр­ви, ре­чи­си си­те ме­ѓу­на­род­ни фи­нан­си­ски ин­сти­ту­ции, Свет­ска­та бан­ка, ММФ, ЕБРД не­кол­ку па­ти ги по­вто­ру­ва­ат овие оцен­ки за Ма­ке­до­ни­ја. Но тоа што не мо­же да се ви­ди од прет­став­ни­кот на ММФ, на што се ба­зи­ра тоа што се пра­ви, е ста­вот на вла­да­та, ста­вот на лу­ѓе­то што ра­бо­тат кон прив­ле­ку­ва­ње­то ин­ве­сти­ции. Тоа што се соз­да­де­ни до­бри ма­кро­е­ко­ном­ски ус­ло­ви, до­бри фи­скал­ни па­ке­ти, ин­тен­зив­на кам­па­ња за про­мо­ци­ја , це­ла мре­жа про­мо­то­ри , мно­гу ин­тен­зив­ни ро­уд­шо­уа и, ге­не­рал­но, ста­вот на вла­да­та кон ин­ве­сти­то­ри­те ка­ко кон не­кој што мо­же да по­мог­не во раз­во­јот на др­жа­ва­та, зна­чи тој став е тоа што е клуч­но­то и што ги пра­ви си­те про­ме­ни. За­тоа ве­ли­ме де­ка во­ди­ме кон­ти­ну­и­ра­ни раз­го­во­ри со си­те ин­ве­сти­то­ри, и со до­маш­ни­те и со стран­ски­те. Се­ко­гаш ко­га ќе пре­поз­на­е­ме мож­ност да по­до­бри­ме не­што, ние го пра­ви­ме тоа, не гу­би­ме вре­ме ту­ку, ед­но­став­но, ја по­до­бру­ва­ме де­лов­на­та кли­ма со цел, по­втор­но ќе ка­жам, прив­ле­ку­ва­ње ин­ве­сти­ции за да се отво­рат но­ви ра­бот­ни ме­ста и да се по­диг­не жи­вот­ни­от стан­дард на на­ши­те гра­ѓа­ни, тоа е на­ша­та ко­неч­на цел.

Ги спо­ме­ну­ва­те но­ви­те ра­бот­ни ме­ста. Во­ве­де­на е но­ва вла­ди­на мер­ка за ос­ло­бо­ду­ва­ње од при­до­не­си на фир­ми­те што ќе вра­бо­тат ли­ца до 29 го­ди­ни. Ка­ков ефект оче­ку­ва­те од оваа мер­ка и зо­што со неа се оп­фа­ќа­ат са­мо ли­ца­та до таа во­зраст?

Пе­шев­ски: Мер­ка­та е на­со­че­на кон по­пу­ла­ци­ја­та кај ко­ја, ре­ал­но, про­цен­тот на не­вра­бо­те­ност е по­го­лем откол­ку кај дру­ги­те. И ова не е ка­ра­кте­ри­сти­ка са­мо во Ма­ке­до­ни­ја. Оваа со­стој­ба пре­ов­ла­ду­ва во це­ла Евро­па, де­ка кај мла­да­та по­пу­ла­ци­ја сте­пе­нот на не­вра­бо­те­ност е по­го­лем. Од тие при­чи­ни, се ре­шив­ме да соз­да­де­ме ва­ква мер­ка, иа­ко во раз­ни фор­ми и дру­ги се оби­ду­ва­ле или пред­ла­га­ле не­ка­кви мер­ки, но оваа мер­ка бе­ше ди­рект­но ди­зај­ни­ра­на, знам точ­но ка­ко бе­ше ди­зај­ни­ра­на, во ди­рект­ни раз­го­во­ри по вла­ди­ни­те ко­ми­сии, гле­дај­ќи ја ста­ти­сти­ка­та, гле­дај­ќи ги мож­но­сти­те на бу­џе­тот. Цел­на гру­па се 45.000 лу­ѓе, тол­ку се не­вра­бо­те­ни до 29-го­диш­на во­зраст, од кои, ка­жав­ме, 25.000 се па­сив­ни, 20.000 се актив­ни ба­ра­те­ли на ра­бо­та. Се раз­би­ра, ни­што не ги спре­чу­ва и па­сив­ни­те да по­ба­ра­ат ра­бо­та. Зна­чи ова тре­ба да се наб­љу­ду­ва ка­ко еден мал дел од вкуп­ни­от мо­за­ик на актив­но­сти за отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста. Ние има­ме не­кол­ку раз­лич­ни про­гра­ми во Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што на ком­па­ни­и­те што вра­бо­ту­ва­ат мла­ди лу­ѓе или на тие што са­ка­ат да отво­рат биз­нис им се да­ва­ат опре­де­ле­ни по­вол­но­сти, фи­нан­си­ска по­мош, има про­гра­ми во Ми­ни­стерс­тво­то за еко­но­ми­ја за отво­ра­ње нов биз­нис, кој мо­же и да се за­си­ли по­на­та­му и тоа и ќе го пра­ви­ме , но са­кав­ме да им по­ка­же­ме на мла­ди­те де­ка сме под­го­тве­ни да оди­ме по­на­та­му, де­ка не­ма да за­ста­не­ме ту­ка. Се раз­би­ра, не по­стои ед­на мер­ка што ќе го ре­ши проб­ле­мот. Да по­сто­е­ше та­ква мер­ка, си­те ќе ја зна­е­ја, ќе ја при­ме­ну­ваа и проб­ле­мот не­ма­ше да по­стои. По­ве­ќе ра­бо­ти тре­ба да се на­пра­ват, ова е еден че­кор во таа на­со­ка, ед­но­став­но, да им се олес­ни на ра­бо­то­дав­ци­те, да им се на­ма­лат тро­шо­ци­те до­кол­ку при­мат млад чо­век.  Тоа не е вед­наш, ди­рект­на при­до­би­вка за мла­ди­от чо­век, но е при­до­би­вка де­ка ќе би­дат по­прив­леч­ни на па­за­рот би­деј­ќи фир­ми­те ќе мо­же да ги вра­бо­тат со по­ма­ли тро­шо­ци.

Ме­ѓу при­до­би­вки­те за мла­ди­те, се­ка­ко, би би­ло и здо­би­ва­ње­то искус­тво со тоа вра­бо­ту­ва­ње. По раз­го­во­рот за ин­ве­сти­ции, вра­бо­ту­ва­ње­то, сле­ду­ва пра­ша­ње за уште ед­на мер­ка: вле­зе во си­ла За­ко­нот за сте­чај­ци со кој се обез­бе­ду­ва­ат по 7.000 де­на­ри за око­лу 3.000 сте­чај­ни ра­бот­ни­ци од др­жав­ни фир­ми до пен­зи­ја. Ист трет­ман ба­ра­ат и дел од сте­чај­ци­те од при­ват­ни фир­ми.

Пе­шев­ски: Со­се­ма е при­род­но за се­кој што се на­о­ѓа во опре­де­ле­на те­шка со­стој­ба да се оби­ду­ва да ба­ра ре­ше­ние и ко­га, на еден на­чин, лу­ѓе­то со кои, ус­лов­но, ра­бо­те­ле во слич­ни фир­ми ќе до­би­јат опре­де­ле­на ко­рист од др­жа­ва­та, ка­ко што е овој на­до­мест, тоа го ба­ра­ат и тие што ра­бо­те­ле во при­ват­ни ком­па­нии. Но, по­стои су­штин­ска раз­ли­ка ме­ѓу тоа да­ли сопс­тве­но­ста на опре­де­ле­на ком­па­ни­ја е др­жав­на или при­ват­на. Кај ком­па­ни­и­те во др­жав­на сопс­тве­ност ние ка­ко др­жа­ва за прв­пат по­ка­жу­ва­ме од­го­вор­ни­от и ве­ли­ме не би­ла ви­на­та на ра­бот­ни­ци­те вна­тре, вла­да­та, др­жа­ва­та, има опре­де­ле­на ви­на за­тоа ­што овие ком­па­нии отиш­ле во сте­чај би­деј­ќи таа ка­ко до­ми­нан­тен сопс­тве­ник тре­ба­ло да наз­на­чи упра­ви­те­ли, ди­ре­кто­ри, ме­на­џер­ски тим што ќе се гри­жи за ком­па­ни­ја­та и таа да не оти­де во сте­чај. Би­деј­ќи се соз­да­ва ед­на мо­рал­на од­го­вор­ност ние при­ста­пив­ме кон ед­на ва­ква мер­ка, но да не за­бо­ра­ви­ме, ова е мер­ка со кој се ре­ша­ва проб­лем што не го соз­да­ла оваа вла­да. Зна­чи, проб­ле­мот на оде­ње на тие др­жав­ни фир­ми во сте­чај бил на не­кои дру­ги вла­ди прет­ход­но, ние ве­ли­ме иа­ко не сме ние тие што го пре­диз­ви­ка­ле тие ком­па­нии да одат во сте­чај, има­ме пра­вен кон­ти­ну­и­тет, би­деј­ќи ка­ко др­жа­ва, ка­ко вла­да но­си­ме опре­де­ле­на од­го­вор­ност во кон­ти­ну­и­тет ка­ко др­жа­вен ор­ган. За­тоа, за вра­бо­те­ни­те во др­жав­ни­те ком­па­нии што отиш­ле во сте­чај би­деј­ќи др­жа­ва­та би­ла од­го­вор­на за нив­но­то упра­ву­ва­ње, пред­ви­ду­ва­ме еден ва­ков на­до­мест.

Би на­ста­на­ла комп­лет­на ди­стор­зи­ја во си­сте­мот до­кол­ку иста­та мер­ка вед­наш се по­вто­ри и за ком­па­ни­и­те што се во при­ват­на сопс­тве­ност. Би­деј­ќи ќе мо­же да се до­ве­де во ед­на си­ту­а­ци­ја не­кои лу­ѓе што, мо­же­би, на­мер­но ги до­ве­ле ком­па­ни­и­те во сте­чај или, пак, во ид­ни­на ќе ги до­ве­дат во сте­чај  да се по­ви­ку­ва­ат на ед­на та­ква мер­ка и, ед­но­став­но, да не по­стои ни­ка­ков ри­зик на па­за­рот - ќе ја од­не­се­те фир­ма­та во сте­чај, а це­ли­от то­вар па­ѓа на др­жа­ва­та. Тоа са­мо ќе пре­диз­ви­ка фи­нан­си­ски ко­лапс на си­сте­мот. Но, го раз­би­рам проб­ле­мот на лу­ѓе­то што со го­ди­ни ра­бо­те­ле во ком­па­нии што би­ле во др­жав­на сопс­тве­ност. Во еден мо­мент  тие ком­па­нии, од 2000 го­ди­на на­ва­му, пре­ку при­ва­ти­за­ци­ја за­вр­ши­ле во при­ват­на сопс­тве­ност, па при­ват­ни­те сопс­тве­ни­ци ги од­не­ле во сте­чај. Тој што бил вра­бо­тен ве­ли: „До­бро, јас 20, 25, 30 го­ди­ни ра­бо­тев во ком­па­ни­ја што бе­ше во до­ми­нант­но др­жав­на сопс­тве­ност, не сум јас ви­но­вен што при­ват­ни­кот ја од­не­се во сте­чај“. Не е иск­лу­че­но во ид­ни­на да се оби­де­ме да нај­де­ме не­ка­ква со­лу­ци­ја и за нив, но не би са­кал да пре­ју­ди­ци­рам. Би­деј­ќи, се­пак, ако се гле­да прав­но-тех­нич­ки, ко­га тие ком­па­нии отиш­ле во сте­чај тие би­ле при­ват­ни ком­па­нии и при­ват­ни­те сопс­тве­ни­ци ја има­ат од­го­вор­но­ста за суд­би­на­та на ком­па­ни­и­те.

Со ова нав­ле­гу­ва­ме во де­лот на пра­ша­ња­та што се од­не­су­ва­ат на до­маш­на­та по­ли­ти­ка. Опо­зи­ци­ја­та по­сто­ја­но ја кри­ти­ку­ва вла­ди­на­та еко­ном­ска по­ли­ти­ка.

Пе­шев­ски: Ра­бо­та на опо­зи­ци­ја­та е да кри­ти­ку­ва во сво­ја­та бор­ба за власт. Тоа што ние са­ка­ме да им по­ра­ча­ме е да би­дат мал­ку по­пре­циз­ни и по­де­тал­ни во ана­ли­за­та би­деј­ќи со не­кол­ку мер­ки со кои до­се­га из­ле­гу­ваа ка­ко пред­ло­зи, на прв пог­лед се чи­нат сим­па­тич­но и прив­леч­но, но ако се нав­ле­зе во ана­ли­за ќе се ви­ди или де­ка се не­ло­гич­ни или де­ка пре­диз­ви­ку­ва­ат се­ри­оз­ни имп­ли­ка­ции врз бу­џе­тот за кој не­ма од­го­вор од ка­де ќе се нај­дат тие средс­тва. Не мо­же од­го­во­рот на опо­зи­ци­ја­та да би­де чист по­пу­ли­зам, се­то тоа тре­ба да би­де из­др­жа­но. И во таа на­со­ка, до­бро е што да­ва­ат пред­ло­зи, до­бро е што кри­ти­ку­ва­ат, во крај­на ли­ни­ја, и нас нè пра­ви пов­ни­ма­тел­ни ко­га ги соз­да­ва­ме мер­ки­те, но ми се чи­ни де­ка би би­ло до­бро и за нив и за др­жа­ва­та мал­ку по­де­тал­но да вле­гу­ва­ат во ана­ли­зи­те, зна­чи за си­те до­пол­ни­тел­ни ефе­кти што ги пре­диз­ви­ку­ва­ат мер­ки­те што ги пред­ла­га­ат.

Во од­нос на кри­ти­ки­те на на­ши­те мер­ки, до­ка­зот е во ре­зул­та­ти­те. Мер­ки­те што ги пре­зе­ма оваа вла­да прив­ле­ку­ва­ат ин­ве­сти­ции и зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те и на при­хо­ди­те, се раз­би­ра, со­стој­ба­та не е иде­ал­на, но сè по­ве­ќе стран­ски струч­ња­ци, го спом­нав­ме и ММФ, да­ва­ат по­зи­тив­ни кри­ти­ки за на­ша­та по­ли­ти­ка, ние сме при­лич­но си­гур­ни де­ка тоа што го пра­ви­ме е во ви­стин­ска на­со­ка.



Кри­ти­ки­те и ана­ли­зи­те, фа­ктич­ки, се про­гра­ма­та што ја ну­ди опо­зи­ци­ја­та пред гра­ѓа­ни­те за вра­ќа­ње на сред­на­та кла­са, па кол­ку се тие ви­стин­ска кон­ку­рен­ци­ја на еко­ном­ска­та про­гра­ма што ја во­ди вла­да­та?

Пе­шев­ски: Пр­во, сè уште ја не­ма­ме ви­де­но, фор­мал­но гле­да­но, про­гра­ма­та што ја нај­а­ву­ва опо­зи­ци­ја­та, таа по­сто­ја­но се нај­а­ву­ва. Тие се оби­ду­ва­ат да опре­де­лат цел­на гру­па, ко­ја са­ка­ат да ја прив­ле­чат на сво­ја стра­на ка­ко гла­сач­ко те­ло, па од тие при­чи­ни са­ка­ат да соз­да­дат пер­цеп­ци­ја де­ка нив­ни­те мер­ки се на­пра­ве­ни, се на­со­че­ни кон вра­ќа­ње на, ус­лов­но ка­жа­но, сред­на­та кла­са. Сред­на­та кла­са се вра­ќа со соз­да­ва­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста. И тоа е тоа што ре­ал­но ни тре­ба, ако са­мо се ба­зи­ра­те на ад­ми­ни­стра­тив­ни мер­ки, тоа е мно­гу мал дел од ра­вен­ка­та. Зна­чи, сред­на­та кла­са ќе се вра­ти со прив­ле­ку­ва­ње ин­ве­сти­ции, ќе се вра­ти со отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста, со соз­да­ва­ње го­ле­ми ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти во кои ќе има го­лем број вра­бо­ту­ва­ња, со мер­ки за сти­му­ли­ра­ња на ту­риз­мот, со мер­ки за сти­му­ли­ра­ње на зем­јо­делс­тво­то... Се­то тоа што го пра­ви­ме ние. Да мо­же­ше со две-три ад­ми­ни­стра­тив­ни мер­ки да по­ме­сти­те не­кој да­нок на­го­ре или на­до­лу и тоа да го ре­ши проб­ле­мот, си­те ќе го пра­веа тоа. Се­пак, на­ша­та цел е вра­ќа­ње на сред­на­та кла­са, иа­ко јас би ре­кол де­ка таа е во про­цес на вра­ќа­ње, не е це­лос­но за­гу­бе­на во Ма­ке­до­ни­ја, а е за­гу­бе­на во пер­и­о­дот ко­га СДСМ вла­де­е­ше во зем­ја­ва, но тоа што го пра­ви­ме ка­ко вла­да е тоа што ќе до­ве­де не са­мо кон вра­ќа­ње на сред­на­та кла­са, ту­ку кон зго­ле­му­ва­ње на при­хо­ди­те, до по­ви­сок стан­дард во це­ло­то оп­штес­тво. Тоа е на­ша­та цел. Но ле­ги­тим­но е тие да пред­ла­га­ат, па на­ро­дот на из­бо­ри да оце­ни ко­му му ве­ру­ва, кој е тој што ги одр­жу­ва ве­ту­ва­ња­та, што е тоа што ре­ал­но да­ва ре­зул­та­ти. И мис­лам де­ка на тоа по­ле оваа вла­да, пред­во­де­на од пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, е нес­по­ред­ли­во по­до­бра од ко­ја би­ло вла­да.

Ги спо­ме­на­вте суб­вен­ци­и­те за зем­јо­делс­тво­то и за ту­риз­мот, ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те об­ви­ну­ва­ња­та на опо­зи­ци­ја­та де­ка исп­ла­ти­те на суб­вен­ци­и­те и дру­ги­те бу­џет­ски тро­ше­ња се, всуш­ност, ма­сов­но по­тку­пу­ва­ње на гла­са­чи­те?

Пе­шев­ски: Проб­ле­мот на опо­зи­ци­ја­та е што во вре­ме­то ко­га вла­де­е­ле не­ма­ле та­кви мер­ки, па се­га, од ни­вен ас­пект, на­род­но ка­жа­но, кри­во им е што вла­да­та соз­да­ла та­ква по­ли­ти­ка со ко­ја ги сти­му­ли­ра зем­јо­дел­ци­те, ту­ри­стич­ки­те ра­бот­ни­ци и ни­за се­кто­ри. И тоа што сме го на­пра­ви­ле ние не е на­пра­ве­но пред из­бо­ри, тоа се ре­дов­ни вла­ди­ни про­гра­ми, кои се из­вр­шу­ва­ат пре­ку го­ди­на­та. Исп­ла­ќа­ње­то на суб­вен­ци­и­те е ре­дов­на актив­ност, нај­а­ве­на со го­ди­ни од­на­пред. Ние про­гра­ма­та за суб­вен­ции ка­ко ќе се од­ви­ва и со кој ин­тен­зи­тет ја има­ме об­ја­ве­но уште во 2011 го­ди­на. Отво­ре­те ја про­гра­ма­та на ВМРО-ДПМНЕ, точ­но знам ка­де е на­пи­ша­но би­деј­ќи бев еден од ко­ор­ди­на­то­ри­те за про­гра­ма­та, знам што стои та­му - тоа е тоа што се слу­чу­ва де­нес. Се­ко­ја го­ди­на. Зна­чи тоа што го пи­шу­ва­ме - тоа и го пра­ви­ме. Зна­чи тоа што го ве­ту­ва­ме, тоа и го ре­а­ли­зи­ра­ме. И тоа е тоа што им пре­чи би­деј­ќи не­ка­ко кај опо­зи­ци­ја­та сè уште по­стои таа ма­три­ца „дај ние да ве­ти­ме не­што пред из­бо­ри, па ќе ви­ди­ме да­ли ќе се ре­а­ли­зи­ра“. Ние, се­пак, се др­жи­ме до тоа што го ве­ту­ва­ме, да го ре­а­ли­зи­ра­ме тоа.

 

 

Извор: „Република“

Новинар: Наум Стоилковски
Фото: Ѓорѓи Личовски

 

 

Џери Наумоф на местото министер за привлекување странски инвестиции дојде од Одборот на директори на Македонија 2025. По потекло Македонец, во делувањето Американец, како експерт за менаџмент со богато бизнис портфолио во реномирани компании, посочува, во интервју за „Република ТВ“, дека покрај условите гарантирани од државата, образуваните работници во Македонија се најголемиот адут за привлекување на странските инвеститори.

Извор: „Република ТВ“

 

 

Во екот на тектонските промени во медиумската сфера и реформите на јавната администрација кои со резерва се оценувани во сите извештаи на Европската комисија за напредокот на Македонија, ресорниот министер Иво Ивановски за Вечер дава политичка оценка на регулацијата на двата сектора. Појаснува дека со каталогот за работни места повеќе нема да има вработувања по порачка во администрацијата, која ќе мора да работи според построги критериуми. За регулативите кои ја регулираат медиумската сфера најави целосно спроведување на донесените закони, без разлика дали некому тоа му се допаѓа или не. Вели дека со самиот факт што во Македонија се регистрирани најмногу медиуми по глава на жител во целиот балкански регион, говори дека медиумите и новинарите ја имаат потребната слобода за работа


Колку нашата земја денес е Е-Македонија?
- Не постои едноставен одговор на ова прашање, имајќи го предвид значењето на придавката "Е". Има многу извештаи коишто следат разни индикатори и врз база на нив сме различно рангирани, но најинтерес и најсеопфатен според мене е извештајот што за прв пат во Давос оваа година го презентираше Бостон консалтинг груп (БКГ) од Бостон, САД наречен Е-Фрикција. Тие ги мерат "препреките" за напредокот на една држава да прерасне во Е-Држава. Имав можност овој извештај за прв пат да го видам во Лондон минатата година, но беше забранет за јавноста се до одржување на конференцијата во Давос каде што Македонија не беше опфатена. При средбата што ја имав со генералниот директор на БКГ лично го замолив да направат дополнителни анализи и да ја рангираат и Македонија, за којашто тој се согласи и пред неполна недела ги добив резултатите. Генерално сме рангирани на 37. место во светот, што е високо достигнување за Р. Македонија, што значи дека сме во земјите со мал коефициент на фрикција или препреки за развој на Е-Македонија. Од четирите подгрупи, најсилни сме во Инфраструктурата на 27. место, па достапноста на информации на 36-то, користењето на технологиите од страна на граѓаните на 41-во и истиот индикатор за индустријата на 45-тото место.

Помалку од два месеци остануваат до гласањето за претседател. Има ли шанси, во блиска иднина во Македонија избори да се спроведуваат со електронско гласање. Сте размислувале ли за ваков проект?
- Овој проект за Е-Гласање го имавме за прв пат предложено во нашата изборна програма во 2008 година и во еден период се водеа разговори помеѓу лидерите на политичките партии, но СДСМ не се согласи да се оди на оваа опција. Јас сум убеден дека Македонија има капацитет да спроведе регуларни изборни со гласање преку интернет. Имаме одлична инфраструктура, имаме над 65% од домаќинства што имаат и компјутер и интернет, имаме доволно ИК писмена нација да се реализира овој современ метод на гласање. Штом има согласност од опозицијата, ние сме спремни да започнеме со реализација. 

Зошто и покрај досегашните најави во земјава се уште не е вклучена во Пејпал?
- Повеќе пати сум одговорил дека одлуката е на ПејПал. Јас сум во постојан контакт со врвното раководство на ПејПал на светско ниво и им правам максимален притисок за да го прошират нивниот систем за да ја опфатат и РМ. Пред започнувањето на светската криза, таа одлука беше донесена од нивна страна, но после тоа ја стопираа процедурата. Сега отворено можам да ви кажам дека последниот разговор што го имав во декември 2013 со генералниот финансиски директор на ПејПал г. Патрик Дупуис ме информира дека надградбата на нивниот систем за вклучување на Македонија во ПејПал е во напредна фаза и дека за скоро време ќе почнат со тестирања. Штом имам нови информации, со задоволство ќе ве информирам.

Која е целта на новите законски решенија за вработувањето во државната администрација?
- Целта е да се постави систем каде што најдобрите ќе добијат работа во администрацијата, најспособните и најквалитетните вработени во администрацијата ќе бидат наградени и ќе им се овозможи да напредуваат, а за најслабите да се воведат посебни курсеви и да им се помогне што повеќе да го подобрат нивното работење. Доколку и тоа не им помага, ќе мора да го отстапат своето работно место, за други нови коишто ќе ги задоволат потребите на граѓаните. Сето ова што го напоменав да биде направено транспарентно со мерливи параметри, без политичко влијание. 

Најавивте формирање на каталог на работни места во администрацијата. Дали со неговото формирање граѓаните ќе добијат поефикасни услуги?
- Каталогот на работни места ќе биде завршен за неколку месеци, се разбира доколку не настанат некои проблеми со изборите. Со него се прави детална анализа на сите работни позиции во државната и јавната администрација, со цел да се идентификуваат работните места што имаат исти работни задачи, а имаат различен наслов. Откако ќе се завршат сите анализи во Македонија ќе има некаде до 5.000 различни работни места, а не како што е сега, околу три пати повеќе. Тоа значи дека во иднина нема да може да се креираат нови работни места по "порачка", односно да може само едно лице да ги исполнува тие услови и од старт да се знае за кого е отворено тоа место. Ќе се стандардизираат работните места и ќе биде многу поефикасна постапката за проширување на систематизациите во централната и локалната власт. Овој каталог ќе биде основата за политичка идна одлука за израмнување на платите во администрацијата. 

Кој во иднина ќе може да стане државен службеник? Кои се основните критериуми?
- Основен критериум е знаење. Во зависност од позицијата на којашто аплицира, критериумите се повисоки. Од познавање на странски јазици, компјутерски вештини, менаџерски способности, психолошки тестови, тест за интегритет и други. Можеби делува застрашувачки, но системот е направен според најдобрите пракси во светот и е многу подобар од голем број земји-членки во ЕУ.

Што ако се јави суфицит од државни службеници? Ќе има ли отпуштања?
- И постоечкиот систем дозволува да отпуштите било кој државен службеник од работа доколку два пати последователно го оцените со единица, но никој тоа не го прави. Не го прават, не дека не го заслужуваат, бидејќи нема објективност во постоечкиот систем. Голема и моќта на претпоставениот. Со новиот систем се намалува влијанието на 65% од оцената на самиот претпоставен. Дел од администрацијата ќе биде и директно оценувана од самите граѓани и тоа директно ќе им влијае во кариерата. Во секој функционален систем природно е да има отпуштања за да има нови вработувања. Но тоа мора да биде транспарентно, да не се доведе до политички реваншизам. 

Дали новите критериуми што се предвидени ќе ја зајакнат македонската администрација?
- Секако дека ќе ја зајакнат. Секој службеник задолжително ќе мора да посетува минимум 40 часа годишно обука, ќе мора да ги положат тестовите за познавање на странски јазици, компјутерски вештини и други вештини потребни за нивното работно место. Ќе се постават мерливи индикатори на почетокот од секое полугодие врз база на што ќе се мери нивната продуктивност. Кој ќе сработи повеќе од тоа, ќе има можност да биде награден и да влезе во најдобрите 5% што ќе добијат една цела плата награда. Ќе има конкуренција помеѓу самите вработени.

Администрацијата е една од клучните сегменти за непречено функционирање на институциите. Колку сте задоволен од досегашните реформи во јавната администрација?
- Реформата на администрацијата мора да е континуиран процес. Како што се менува начинот на живеење, мора да се трансформира и администрацијата. Има институции од коишто сум многу задоволен од начинот на кој се спроведуваат реформите, но имаме и институции каде што резултатите се катастрофални. И за нив преземаме посебни мерки. 

Како Влада, направивте неколку проекти, меѓу нив и оценувањето на админстративците од граѓаните. Какви се анализите, какви резултати даде тој проект?
- Резултатите се доста добри. Има голема разлика од една иста институција каде што е инсталиран уредот за оценување, со подрачна единица каде што не е до аспект на ефикасноста. Значи моќта што им ја даваме на граѓаните да ја оценуваат администрацијата директно влијае врз продуктивноста на таа канцеларија. Ќе инсталираме ваков уред пред секој шалтер, но да не заборавиме дека граѓаните можат оценувањето да го направат и електронски преку интернет и за оние институции што немаат уред пред шалтерите на веб страницата њњњ.семафор.миоа.гов.мк

Досега во македонскиот медиумски простор, речиси немаше законско решение за регулирање на медиумите. Што ќе овозможат законите за медиуми и за аудио-визуелни услуги?
- Законите се направени според препораките на Советот на Европа, директивите на ЕУ и предизвиците што се во нашето општество.
Со Законот за медиуми се зголемува правната и социјалната сигурност на новинарите и уредниците во самите медиуми.
Во однос на Законот за аудио-визуелни услуги, ќе се подобри медиумскиот сектор, ќе се креираат повеќе македонски играни и документарни серии, ќе се воведат фер правила за развој на медиумите, согласно комерцијалните услови на националниот пазар, што значи професионално извршување на својата работа.

Дел од новинарската фела (поточно ЗНМ) и одредени експерти не ги поддржаа законите, а се појавија на преговори за да добијат од законските привилегии и повторно плукаа по вас како министер. Велат, на овој начин државата ќе стане главен уредник на сите медиуми?
- Државата ниту сакала, ниту некогаш имала намера да се меша во уредништвото на медиумите. И најдобрите намери што ги имавме каде што предлагавме конкретни членови во законите за дополнително да се заштитат новинарите од уредниците или сопствениците од една група на новинари не беше прифатено и беше побарано да се избришат тие делови или да им се одземат ингеренциите на Агенцијата за аудио-визуелни и медиумски услуги. Ние тоа го направивме. Искрено се надевам дека саморегулационото тело на медиумите ќе функционира како што тоа функционира во развиените демократски земји. Јас лично го поддржувам ова тело и ја поздравувам одлуката на највлијателните медиуми што се вклучија во него. 

Ќе ги преброите членовите на МАН и ЗНМ? Ќе има ли дисквалификации за манипулаторите кои поднесоа бројки без идентитет спротивно на Законите за медиуми и аудио-визуелни услуги?
- Ние сме во процес на анализирање на доставените документи од двете здруженија. Во тек е одлуката како ќе постапиме со ЗНМ, но во секој случај законот мора да се испочитува до крај. 

Претставничката на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ го поздрави донесувањето на медиумските закони, што беше различно протолкувано од различни медиуми. Кој е вашата лична перцепција за тоа, после разговорот со неа?
- Изјавата на госпоѓата Дуња Мијатович беше многу јасна дека законите за медиуми се добри. Не знам како може зборот ДОБРО некој да го протолкува поинаку. Јас во целиот процес на донесувањето на законите и во Собрание кажував дека имаме силна поддршка од ОБСЕ, додека опозицијата си кажуваше што им одговара. Сега дојде време каде што целата македонска јавност можеше да ја види и слушне нејзината изјава, па самите да одлучат кој лажел, а кој не лажел во Собранието. 

За две години, според најавите 50% од програмата ќе мора да биде од домашно производство, наместо досегашните шпански и турски серии. Но, што мислите, дали телевизиите и продукциите имаат капацитет да произведуваат толку многу сопствена програма?
- Мислам дека Македонија има капацитет да произведе доволно сопствена продукција за 50% од програмата да биде домашна. Самите телевизии не мора да ја произведуваат, тие можат и истата да ја купат, но да биде од домашна продукција. Со ова очекувам дека ќе заживее цела нова индустрија, каде што домашните уметници ќе можат да ја развиваат својата кариера во Македонија. Ќе имаме повеќе интерес за младите студенти да учат за сценаристи, сценографи, монтажери, режисери и сл. професии кои се дефицитарни во нашата земја. Искрено се надевам и дека дел од тие емисии ќе успеат да се пробијат и во други држави, па ќе можат во тие држави да ја следат македонска продукција.

 

Извор: „Вечер“

Новинар: Јованка Царулевска

Фото: Н.Батев

 

Зголемувањето на пензиите, огласите за вработување кај странските компании во Македонија, проектите што се поврзани со надминувањето на предизвиците за домување на граѓаните се проекти кои се реални чекори за враќање на средната класа, оценува заменик-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, за Република ТВ.

- Враќањето на средната класа не е прашање на теорија, туку е прашање на практика и конкретни мерки и потези со кои тоа треба да се направи. СДСМ е политичката партија што ја загуби средната класа во 90-тите години преку лошо спроведената приватизација и дирекно придонесе за средната класа да осиромаши. Потоа, кога СДСМ повторно имаше шанса за враќање на средната класа, исто така ја пропушти шансата. Во тоа време невработеноста не само што не се намали, туку и рекордно се зголеми, 38 проценти во 2005 година. Во тоа време не само што не пораснаа пензиите, туку и се намалија за осум проценти. Земјоделците не добиваа никакви субвенции. Во тоа време немаше проекти како сега што има за директна поддршка на луѓето за решавање, да речеме, на станбеното прашање и слично. Сега, со козметички мерки што никаде немаат точни пресметки како ќе се направат, со 50 или 100 денари враќање на одреден данок, луѓето кои што никогаш не го направиле тоа претходно, кои што ниедна мерка претходно не реализирале, сега ветуваат кули и градови дека ќе направат да се вратела средната класа, и тоа преку парцијални и паушални мерки. Од таму, кредибилитетот на СДСМ за тоа прашање е слаб – оценува за „Република“ заменик-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски.

Извор: „Република ТВ“

 

 

 

 

Македонија е земја со стабилна политичка и макроекономска ситуација, ниски даноци, технолошко-индустриски развојни зони и низа поволности што им се нудат на странските инвеститори, истакнува премиерот Никола Груевски во интервју за Си-Ен-Ен кое беше емитувано вчера.

Во интервјуто, снимено на почетокот на декември во Лондон за време на презентацијата на бизнис можностите што ги нуди Македонија, премиерот Груевски говори за економската состојба во државата, за напорите што ги прави Владата за привлекување инвеститори, за реформите, како и за европските и НАТО интеграциите на државата и за спорот со името.

- Во земјата има стабилна политичка и макроекономска ситуација. Државниот долг е 34 проценти од БДП, валутата е стабилна, инфлацијата е 3 проценти. Политиката е стабилна и од оваа гледна точка инвеститорите се чувствуваат сигурни. Второ, земјата има договори за слободна трговија со сите земји во Европа, вклучувајќи ги и Турција, Украина, земјите од ЕФТА како Швајцарија, Норвешка... Тоа значи дека секој којшто нешто произведува во Македонија, може да извезува во која било земја без да плаќа царина, вели Груевски.

Интервјуто го објавуваме во целост.

Каква ви е даночната стапка?

- Воведовме модел на пропорционална даночна стапка, данокот на личен приход е 10 проценти, данокот на профит е 10 проценти, но само за компаниите кои го дистрибуираат профитот во дивиденди. Компаниите кои не го дистрибуираат профитот во дивиденди, воопшто не плаќаат данок. За нив тој изнесува 0 проценти, а имаат и неограничен број на години и неограничена количина. И другите даноци се многу ниски. На компаниите кои доаѓаат им нудиме најдобар пакет со даноци.

Тогаш, зошто инсистирате да влезете во ЕУ? Зашто кога ќе влезете во ЕУ... На пример, Ирска доби бројни критики затоа што има пренизок данок. Би можеле ли да ги кренете даноците, а со тоа да ја изгубите предноста?

- Веруваме дека доколку сите земји од регионот влезат во ЕУ, во регионот ќе има долгорочна стабилност. Пред повеќе од 100 години, во регионот имаше многу конфликти. Сега ситуацијата е стабилна, но за компаниите да бидат сосема сигурни дека се ќе биде стабилно, добро е и ние да сме дел од ЕУ.

Но кога ќе се приклучите кон ЕУ, даноците ќе мора да се покачат.

- Ќе се обидеме да не го направиме тоа. Но ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата кога ќе дојде време за тоа. Моментално, не само што имаме најдобар пакет даноци, имаме и таканаречени технолошко-индустриски развојни зони, кои може да се наречат и слободни економски зони. Таму има дополнителни привилегии за компаниите кои доаѓаат.

Голема пречка за вашето членство во ЕУ е една едноставна работа – името на земјата. Вие велите дека тоа е ваш идентитет, но Грција никогаш нема да го одобри вашето членство доколку си го задржите името.

- Во изминатите години се обидовме да најдеме компромис околу спорот, но за жал, во претходната година, година и пол, грчката Влада не е подготвена за преговори околу ова прашање и истите ги избегнува. Јас лично се обидов да стапам во контакт со премиерот на Грција за да имаме директни преговори околу ова прашање и да се обидеме да го решиме спорот и да ги надминеме проблемите кои ги имаме. Но тој неколкупати ги одби средбите. Мислам дека ова прашање единствено може да се реши преку дијалог. Сите вакви проблеми во минатото биле решени преку дијалог. Негово избегнување нема да ни даде позитивни резултати.

Каков е компромисот?

- Овој проблем има многу делови и тешко е моментално да се каже какво е решението. Но доколку има дијалог, верувам дека може да дојдеме до решение. Освен тоа, сакам да споменам уште нешто. Пред неколку години, Македонија беше во судот во Хаг и по три години судот одлучи дека Македонија е во право, а Грција не. Значи, меѓународното право е на наша страна. Верувам дека доколку Грција го почитува меѓународното право, може да започнеме со преговорите со ЕУ и да се приклучиме кон НАТО.

Им замерувате ли на другите членови на ЕУ што не ве поддржуваат?

- Прво, знаеме дека моментално Грција не е подготвена за компромис по ова прашање. Не можеме да најдеме решение. Втората фрустрација е што не се подготвени да ни дадат шанса да ги започнеме преговорите за целосно членство. Трето, Грција е навистина успешна во создавање слика дека ние сме виновни, а не тие. Дека не сакаме да постигнеме договор.

 

Самитот меѓу земјите од Централна и Источна Европа што се одржа во Букурешт е важен бидејќи нам ни е потребна соработка со Кина, која е сериозен чинител во светската економија и особено во политиката, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за романската национална новинска агенција АГЕРПРЕС.

Како го оценувате значењето на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Кина во Букурешт?

- Самитот е значаен бидејќи Кина е сериозен актер  во светската економија и што е уште поважно сериозен играч во политиката. Кинескиот солиден раст дава можност за зајакната соработка со земјите од ЦИЕ. Од друга страна ние сме земји на кои им е потребно таква соработка со толку моќна држава која може да финансира големи проекти, така што ова е вин-вин ситуација. Од тој аспект ова е мошне важен Самит.

Како ја оценувате загриженоста изразена во врска со Самитот во Брисел и пишувањата на „Фајненшл тајмс“ минатата недела?

- Не би давал какви било коментари. Тоа се однесува на американските граѓани и тоа што тие мислат за моќта на Кина. Ние сакаме да имаме добра соработка на политички и економски план со САД и Кина, не би сакале да се ставаме помеѓу нив и затоа не би коментирал за тоа.

Дали сметате дека Самитот во Букурешт помеѓу земјите од ЦИЕ и Кина е важен за Самитот ЕУ – Кина?

- Односите помеѓу ЕУ и Кина се мошне важни. Како што веќе реков, Кина е суперсила. Европската унија е исто така сила и голем играч. Затоа има интерес за соработка во двете насоки и колку што се поголеми контактите, поголеми се и можностите за соработка.

Какво е значењето на Самитот во Букурешт за деловните односи меѓу Македонија и Романија и меѓу Македонија и Кина?

- Покрај пленарните средби, јас ја искористив оваа можност за билатерални разговори со премиерите на повеќе земји претставени овде. Меѓу другите, се сретнав и со романскиот премиер. Тоа беше добра средба на која се заложив за подобра соработка, особено во областа на економијата. Ние предложивме следната година во Скопје  да организираме форум за романски и македонски бизнисмени за остварување подобра комуникација меѓу нив. Постои потенцијал за многу подобра економска соработка. Покрај тоа, со Кина пред неколку недели потпишав два големи проекта за финансирање на два автопата со преференцијална камата од 2 процента. Нивната изградба ќе започне во февруари. Едниот е меѓу Кичево и Охрид. Охридското Езеро е најпознатата туристичка дестинација во Македонија. Автопатот ќе биде долг 50 километри. Вториот автопат кој исто така ќе биде во должина од 50 километри ќе го поврзе Скопје со најважниот град во источниот дел на земјата, Штип. Нивната вредност е околу 600 милиони евра со камата од 2 процента, грејс период од 5 години и период на враќање од 20 години.

Кога ќе започне нивната изградба и кога ќе заврши?

- Компанијата потпиша договор според кој работите ќе почнат на 20 февруари следната година, а работите треба да бидат завршени во рок од три години. Тоа е многу добар договор и ние сме многу задоволни. Во моментов разговараме за други можности. Разговараме за финансираwе на хидроелектрани како таа во Галиште, потоа за изградба на друг автопат помеѓу Кичево и Гостивар кој е исто така дел од патниот правец Скопје-Охрид, за можноста од развој на технолошко индустриски области во Македонија за привлекување специјализирани кинески компании кои покажале интерес за тоа, како и за други важни проекти кои се од интерес за двете страни кинеската и македонската.

Конкретно за каков вид проекти станува збор?

- Тие покажаа интерес изминативе години за инвестирање во земјоделството каде сметаат дека постојат големи потенцијали и планираат да отворат капацитети во областа на аграрот. Интерес покажаа и за производство на цемент за што имавме и средби и разговори. Ние излеговме со конкретни идеи во однос на ова. Се разбира ним им е потребно време за да ја анализираат понудата и да донесат одлука.

Како ги оценувате последните случувања во преговорите помеѓу ЕУ и Украина?

- Украинските граѓани се тие кои треба да одлучат што понатаму. Постои добра можност за отворање на пристапните преговори. Но, тие имаат и други алтернативи. Тие треба да одлучат за тоа. Очигледно е дека постојат две различни гледања во земјата: едното кое ја поддржува опцијата за ЕУ и друго кое е против тоа. Затоа не би одел длабоко во нивните внатрешни прашања и да кажам кој е во право, а кој не. Тие се суверена земја и мора да одлучат што е најдобро за нив.