Соопштенија

  • Попоски: Имаме можност да ги надминеме преостанатите пречки за членство во НАТО и ЕУ

    Премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Њујорк се сретнаа со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун. Министерот Попоски информира дека во разговорите Бан Ки-Мун бил запознаен со приоритетите на Владата на Република Македонија во тековниот период, за реформските напори што се прават, а станало збор и за спорот со името.

  • Груевски на Генерално собрание на ОН: Ние знаеме кои сме

    Ние знаеме кои сме и како ќе живееме. Ние сме Македонци, зборуваме македонски, а нашата држава се вика Република Македонија, истакна премиерот Никола Груевски во денешниот говор на 66. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации. Премиерот подвлече дека „ние не сакаме да сме во позиција нашето име и идентитет да бидат оспорувани од една земја и секако дека ние самите тоа го немаме побарано“. Но, според него, реалноста е често пати ладна, тешка и брутална.

  • Во Њујорк бизнис форум „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“

    Македонската Влада вчера во Харвард клубот во Њујорк организираше Бизнис форум за презентација на инвестициските можности на нашата земја „Македонија – Најконкурентна европска бизнис дестинација“, на кој учествуваа претставници на околу 100 американски компании.
    Премиерот Никола Груевски на форумот говореше за економската состојба во Македонија, а свое обраќање имаше и заменик премирот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски кој зборуваше за ...

  • Ставрески: Светска банка на Македонија ќе и додели финансиска помош од најмалку 155 милиони долари

    Светска банка ќе и даде на Македонија финансиска поддршка оваа и следните две години во износ од 155 милиони долари за реализација на неколку крупни проекти. ММФ и Светска банка ја оценија Македонија како земја со здрави економски политики. Остварените резултати во однос на порастот на БДП, степенот на зголемување на странските директни инвестиции и високиот пораст на извозот се клучните три работи позитивно оценети.

  • Обраќање на премиерот Груевски на Самитот на балкански лидери

    Регионот на Балканот низ историјата се покажа како центар од кој се ширеа науката, образованието и културата. Тоа е добра основа за да констатираме дека имаме заеднички платформи и дека можеме да бидеме подобри во секој поглед, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на Самитот на балкански лидери кој синоќа се одржа во Њујорк. Според Груевски, улогата на лидерите е да бидат, пред се, „промотори на новиот дух кој говори за обединување наместо за подвојување, на позитивни чувства наместо омраза...

  • Попоски: Мораме да пристапиме со оптимизам, тоа е во интерес на нашите стратешки интереси

    Многу е важно да се поддржи еден позитивен пристап, отвореност, соработка, и во тој дух многу ќе ни се помогне и ќе ни се олесни ситуацијата за да се надминат некои пречки кои ни се наметнати, а не се реални, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски кој денеска во Њујорк заедно со премиерот Никола Груевски се сретна со медијаторот Метју Нимиц.

    Оценувајќи ги разговорите како многу корисни, Попоски информира дека на средбата со Нимиц се разменети ставови и предвидувања за решавање на спорот кој Грција го наметна за нашето уставно име, со исклучително позитивен и конструктивен пристап.

  • Владата на Република Македонија го реализираше и вториот дел од наградата за кошаркарската репрезентација

    Согласно владината одлука, по исплаќањето на првиот дел од наградата во висина од 3000 евра по поединец, Владата на Република Македонија денеска го исплати и вториот дел од наградата од 5000 евра по поединец, со што се реализира комплетниот износ од наградата за постигнати успеси на Европското првенство на членовите на кошаркарската репрезентација на Република Македонија, кој изнесува 8 илјади евра за секој играч и член на стручниот штаб

  • Македонија доби 107 милиони евра заем од ЕБОР за изградба на делницата Демир-Капија - Смоквица

    Заокружена e финансиската конструкција за изградба на делницата Демир Капија - Смоквица, од Коридорот 10. Средствата во износ од 107 милиони евра се обезбедени со денеска потпишаниот договор со Европската банка за обнова и развој. Договорот за заем го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет.

  • Премиерот Груевски оствари средба со играчите и членовите на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 20.09.2011 година) оствари средба со играчите и членовите на стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Македонија.
    На средбата соговорниците разменија мислења и впечатоци за текот на европското првенство во кошарка и за позитивната атмосфера во Македонија која беше создадена како резултат на спортскиот успех.

  • Премиерот Груевски се сретна со претставници на Делегацијата Се-кинескиот Народен конгрес

    Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на Делегацијата на Се-кинескиот Народен Конгрес, предводена од потпретседателот на Постојаниот комитет на Се-кинескиот Народен Конгрес, г-дин Санг Гуовеи.
    На средбата беше изразено задоволството од постигнатото високо ниво на севкупните односи меѓу Република Македонија и НР Кина што ги карактеризира дух на пријателство, меѓусебно разбирање и успешна соработка...

Pages