Груевски: Не е фер да правиме компромиси за да се добиваат дипломи без знаење

 Со воведувањето државен испит во високото образование сакаме да овозможиме механизам за гарантирање на минималниот квалитет во високото образование, рече премиерот Никола Груевски.

На гостувањето во вестите на телевизија Канал 5 тој посочи дека тоа ќе овозможи кога ќе се земе дипломата таа да не биде еквивалентна на парите туку на знаењето што е стекнато. Тоа, нагласи Груевски, е основната и немаме никаква друга причина зошто би се довеле луѓе да ни протестираат.

Единствената работа која ќе се постигне со оваа реформа, како што рече, е многу добронамерна, а тоа е идните генерации во Македонијада имаат повиско знаење. Државниот испит, потсети дека го го има во повеќе земји и оти е значаен во тие земји.

- Ние се одлучивме да влеземе во една ваква операција за која однапред знаевеме дека опозоцијата која што е тотално изгубена ќе се налепи на сето ова и ќе сака да ја искористи целата ситуација. Однапред знаевеме дека соросовите организации нема да спијат. Тие за тоа земаат плата за се што можат да ја нападнат Владата, рече Груевски.

Истакна дека неможе да го разбере протестирањето на некои студенти, кои што студираат во моментот и знаат дека нема да полагаат државен испит, бидејќи сите досега запишани студенти не ги опфаќа државниот испит.

- Тоа значи дека имаат некои други мотиви, дали политичко-партиски мотиви, дали е тоа некоја младечка бунтовност па да се излезе на протест за што и да е, наивност или недоволна информираност, сите можни опции ги ставам на маса, но една не можам да ставам дека се борат тие да не полагаат државен испит, бидејќи тие и нема да полагаат, подвлече премиерот.

Законот, како што рече тој, не предвидува сегашните студенти да полагаат државен испит.

- На кроткорочен план за нас е најдобро и најлесно да речеме нема да има државен испит ќе си бидеме мирни и спокојни, нема да има протести. Меѓутоа ние гледаме долгорочно и тоа е обврска на секоја влада, да гледа долгорочно и да работи за доброто на своите граѓани, да се грижи тие да имаат подобро и поконкурентно знаење, зборам поконкурентно во однос на истите генерации во Авсрија, Германија, Англија, да не испадне со нашата диплома многу малку знаење, а Германската десет скалила погоре, додаде Греувски.

Обврската, подвлече, е да се грижиме за народот, а не во ситуации кога се продаваат и купуваат дипломи, сите да бидат мирни и рамнодушни.