Отворената владина седница почна со точка за евоинтеграциите

Владата ја почна отворената седница со прашања за евроинтеграциските процеси на Република Македонија, за кои говореше вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Сите реформи и активности во однос на патот кон членство во ЕУ и во НАТО ќе бидат содржани во Акцискиот план за 2015 година, нагласи вицепремиерот Бесими и посочи дека Владата продолжува со реформите приоритетно во таа насока во јавната администрација, слобода на изразување во медиумите, меѓуетничките односи, добрососедските односи и регионалната соработка.  

Тој најави дека наредната седмица се очекува да биде изготвена и Националната програма за 2015 година врз основа на  која е предвидена јавната дебата на која ќе бидат повикани претставници на бизнис заедницата, приватниот сектор, академската заедница, цивилниот сектор, вклучувајќи ги и новинарите да учествуваат со свои забележки и предлози.

- Досега е регистриран напредок во делот на судството. Одржани се две серии состаноци на шест работни групи во текот на октомври-декември годинава за подготвока на Нацрт стратегија за реформа на правосудниот систем 2015-2019 година. Во Академијата за судии и јавни обвинители за 2015 година  предвидени се меѓу другото осум обуки за подобрување на квалитетот на правдата особено појасно аргументирање и транспарнтност на судските предуси, како и четири обуки за притворот и други мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот во кривичната постапка и судската пракса на Европскиот суд на човековите права. Сето тоа во насока на независноста, одговорноста и ефикасноста на судството, појасни меѓу другото Бесими.

Вицепремиерот задолжен за еворпски прашања информира дека ќе се набават и софтвер и хардвер кои ќе овозможат подобар пристап и напредно пребарување на сите судски одлуки, во насока на зголемување на транспарентноста на судството. 

Судскиот совет, рече Бесими, ќе доставува квартални извештаи за следење на состојбата со старите предмети, кои се во системот подолго од три години. 

Во делот на слободата на изразувањето и медиумите, потенцира, ќе продолжат обуките за судии кои работат предемти за клевета и навреди, согласно граѓанската одговорност. 

За прашањето за меѓуетничките односи, според Бесими, во тек е анализа за имплементацијата на Охридскиот договор, 

Во дело на реформите во јавна администрација  се подготвува Нацрт-законот за општа управна постапка, а измените, појасни, се во насока на подобрување на транспрентноста на управните постапки и зголемување на  довербата во јавната администрација. 

Вицепремиерот Бесими рече дека во делот на измена на Изборното законодавство и проверка на Избирачкиот список врз основа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР усвоен е акциски план за спроведување на методологијата за проверка на Избирачкиот список. Но, истакна тој, ќе треба во составот на експертските комисии да има и претставници на политичките партии.

Продолжуваат и активностите и иницијативите на Република Македонија за добрососедските односи и зајакнување на регионалната соработка.