Обнова на фасадите на објекти од културното наследство во Гостивар

Со новиот изглед, старата медреса и куќата на Ахмет Чако како обејкти од културното наследството во иднина ќе бидат попривлечни за посетителите, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при посетата на Гостивар, истакнувајќи дека на овој начин ќе се збогати културната понуда. 

Министерката за култура  Канческа-Милевска и градоначалникот Невзат Бејта денеска ги посетија објектите кои се наоѓаат во ценатралното градско јадро врз кои во изминатиот период беа извршени санации и конзервации на покривни конструкции и фасадите, со што им е вратен автентичниот изглед.

- Заштитата на културно-историските споменици е меѓу приоритетите на Министерството и нашата основна заложба е вакви проекти да се реализираат во сите делови на Македонија. Особено сум благодарна на сесрдната помош на семејството Чако, кое се вклучи во обвновата со сопствени средства, рече Канческа-Милевска по посетата на двата реконструирани објекта во Гостивар.

Заблагодарувајќи се за соработката со локалната самоуправа, таа најави дека идната година во Гостивар ќе се работи и на обнова на фасадите на дваесет објекти во централното градско подрачје.

- Ова е добар пример и доказ дека парите вложени во културата се враќаат на вистински начин. Целиот овој ангажман и наш и на Министерството е придонес кон зачувување на богатата историја на семејството Чако, кое е значакно за овој град, рече градоначалниот Бејта.

Куќата на Ахмет Чако е типичен пример на традционална куќа со профана архитектура е изградена во 18 век. Во минатото таа била пошта и болница. Старото медресе кое во склоп на Саат џамијата, изградено е во 17 век и до скоро беше седиште на гостиварското муфтиство.

За обновата на куќата на Ахмет Чако, инвестирани се 1,25 милиони денари, а за старата медреса 1,3 милиони. Со проекти на Министерство за култура, во Гостивар, претходно беа завршени конзервација и реставрација на Саат Култата, симболот на градот и куќата на Даут Болетини, позната како бегова куќа.

Министерката Канческа-Милевска го истакна ангажманот на вработените во НУ Конзеватроски-Центар кои, како што рече биле исклучително посветени при реализацијата на проектите.

Во рамки на одбележувањето на 4 години од НУ Конзерваторскиот центар-Гостивар, која беше директно вклучена во обновата на објектите, вечерва ќе биде отоврена постојана изложба на стари фотографии и ќе биде промовирана илустрирана брошура на 4 јазици во која се опфатени повеќе објекти кои се дел од култруното богатство.