Груевски најави изградба на втора фабрика во ТИР зоната во Штип

Премиерот Никола Груевски на денешното свечено отварање на ТИР зоната во Штип најави дека оваа есен зоната ќе ја има и втората фабрика. Станува збор за регионална комапнија за производство на градежни материјали.

- Веќе поодамна, можеби осум или 10 месеци регионална компанија за производство на градежни материјали ни најави изградба на фабрика, токму овде во ТИР зоната во Штип. Тие неодамна доставија и бизнис план и се многу сериозни во нивната намера за почеток на градба. Според нивните кажувања досега, кон крајот на оваа есен планираат и почеток на градба. Резервираа 6.000 м/2. соседи на Џонсон контролс. Ако се биде како што тие планираат, се надеваме дека ќе се видиме тука на камен темелник кон крајот на оваа есен, вели премиерор Груевски.

Тој истакна дека изградбата на новата фабрика за градежни материјали во ТИР зоната ќе значи многу за Македонија и тоа не од аспект за вработувањето на граѓаните кои живеат во источниот регион, туку и за снабденост со подбри, поразновидни и поквалитетни градежни материјали.

Шефот на Владата рече дека се во преговори и со други заинтересирани инвеститори за изградба на нови фабрики, а преговорите, како што рече тој, се во една средна фаза.