Ставрески: Евтини станови за „Купи куќа-купи стан“

На граѓаните им се на располагање евтини станови од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, што може да ги купат преку владиниот проект „Купи куќа - купи стан“, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој денеска го посети градилиштето каде АД за стопанисување со станбен простор каде се градат 7 згради со 330 станови. Половина од становите што не се продадени, според Ставрески, се добра шанса за тие што планират да купат стан преку „Купи куќа - купи стан“ со оглед дека метар квадратен чини 795 евра, односно е под 900 евра, што е услов за кредит преку проектот.

 - Сметам дека се одлична можност за сите оние коишто го немаат решено станбеното прашање. Граѓаните оценуават дека проектот „Купи куќа купи стан“  е добар,  Владата дава пари и помага многу, но оти е потешко да се најдат станови за цена под 900 евра за метар  квадратен, колку што е условот за кредит. Еве токму денеска сме тука на одлична локација и на која има такви станови. Не само што становите  се продаваат по 795 евра по метар  квадартен, туку се опремени и со кујна и со еркондишн,  изјави Ставрески.

Локацијата на становите, оцени, е одлична, во  урбана населба на 10-ина минути од центарот на Скопје, со училиште, градинка, зеленило и се што е потребно за нормално урбано живеење. - Апелирам до сите граѓани кои  имаат потреба од стан и кои сакаат да ја искористат можноста што ја нуди и Јавното претпријатие со понудата на овие станови, но и Владата  со проекетот „Купи куќа - купи стан“, рече вицепремиерот Ставрески.

Покрај во Реонскиот центар, укажа,  државното претпријатие гради станови и во Прилеп, Битола,  Охрид, Кавадарци, Штип, Струмица, Пехчево. Има на располагање околу 300 стана што можат да се купат по цена меѓу 300 и 600 евра по метар квадартен, што,  нагласи вицепремиерот, е навистина е извонредна понуда.

- Има понуда и на куќи. Од она што го  знам е дека „Хот и хот“ нуди куќи во радишани, во Соње, а во текот  на следните месеци ќе има понуда и во Хиподром и во Илинден, што значи  дека граѓаните што сакаат да  направат куќа или да стекнат сопствена куќа можат да го направат тоа со проектот „Купи куќа, купи стан“ со  извонредно поволни услови. Оние кои сакаат  да искористат субвенции од државата со тој проект може да добијат 15.000 евра  за купување  или изградба на куќа и 10.000 евра доколку се решат да купат стан, рече Ставрески.

Според него, по неодамнешната  зголемена поддршка  од државата со неповратната  субвенција,  проектот наидува на голем интерес кај граѓаните. - Верувам дека уште поголем број граѓани ќе го решат своето  животно прашање односно ќе стекнат сопствен дом со помош на Владата, нагласи вицепремиерот Ставрески.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Гроздановски информира дека  становите што се градат во реонскиот центар се мошне евтини и - Овие станови се мошне евтини. Во Република Македонија  сме едни од најевтините со цената затоа што  сакаме со помош на Владата да помогнеме на сите граѓани да се стекнат со стан  и првпат во животот да имаат сопствен дом, изјави Гроздановски.

Тој смета дека со субвенциите од прокетот „Купи куќа-купи стан“ непродадените 150 станови ќе бидат распорадени за брзо време. Интересот според цената и локацијата на овие станови е доста голем. Сите станови се продваат преку оглас. На секои две недели имаме конкурс во медиумите и во подрачните единици, информира Гроздановски. 

Од 7-те згради во Реонскиот центар, 3 ќе бидат готови на крајот на септември,  2 кон крајот на годинава или на почетокот на следната, а последните 2 во текот на 2014.