Министерот Попоски имаше средба со босанскиот претседател Небојша Радмановиќ

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ утрово во Сараево се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Состанокот е одржан зад затворени врати.

Попоски, претходно со министерот за надворешни работи на БиХ Златко Лагумџија потпиша Протокол за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бих во областа на дипломатската обука.

На средбата меѓу двајцата министри беа разменети мислења за досегашното ниво на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, како и можностите за нивен натамошен развој, со посебен акцент на интензивирањето на економската соработка.

Министрите Попоски и Лагумџија разменија мислења и за регионалната соработка, со посебен осврт врз македонското претседавање со ПСЈИЕ.