Министерот Димовски се сретна со мостарскиот градоначалник Бешлиќ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски денеска оствари средба со градоначалникот на Мостар Љубо Бешлиќ.

Градоначалникот Бешлиќ на средбата, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изразил жалење што Мостар во македонската историја е запишан по еден немил настан, кој се поврзува со смртта на претседателот Борис Трајковски.

Министерот Димовски, пак, се заблагодарил за грижата на Мостар и Босна и Херцеговина во одбележувањето на немилиот настан и за почитта што ни ја укажуваат.

- Иако Ротмиље е запишано со црни букви во нашата историја денес сме тука да оддадеме почит на нашиот претседател Борис Трајковски по повод деветгодишнината од неговата прерана смрт. Ние треба да гледаме напред и да ги зајакнуваме односите. Мостар останува наш близок град со заедничка историја, истакнал министерот Димовски на средбата со мостарскиот градоначалник Љубо Бешлиќ.