Ѓорѓиев:Испразнетите министерски места ќе се пополнат на собраниска седница

Во текот на следната недела на собраниска седница претседателот на Владата на Република Македонија ќе достави предлог за пополнување на позициите на заменик претседателот на Владата Теута Арифи, задолжена за европски прашања и на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, кои си поднесоа оставки на нивните функции.

- Владата им се заблагодари за досегашниот придонес на Арифи и на Бејта, за нивната посветеност во реализацијата на владината програма и во спроведувањето на мерките и политиките на Владата, нагласи владиниот портпарол Алекснадар Ѓорѓиев на денешната прес - конференција.