Средба на министерот Попоски со генералниот секретар на ЦЕИ Чиконе

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна  со генералниот секретар на ЦЕИ, Џорџо Росо Чиконе.

На средбата беа разменети мислења околу прашањата за натамошниот развој и унапредување на регионалната соработка, како и за актуелните состојби во регионот и напредокот кон европските и евроатлантските интеграции.


Посебно внимание беше посветено околу односите на Советот за Регионална соработка и неговото највисоко политичко тело Процесот за соработка во ЈИЕ, чиј претседавач е Република Македонија, како и односот со другите регионални иницијативи вклучително и со ЦЕИ, како една од најстарите во регионот.


Во однос на понатамошната соработка, стана збор за идните планови и потребата за алокација на средства за реализација на проекти кои имаат широка регионална примена, со акцент на позитивното искористување на искуството на ЦЕИ во европските и други фондови.