Средба на министерот Попоски со амбасадорот на Република Ирска Оливер Гроган

Министерот Никола Попоски денеска го прими амбасадорот на Република Ирска во Република Македонија со седиште во Букурешт, Н.Е. Оливер Гроган. 

На средбата беше разговарано околу континуираната поддршка што Република Ирска ја дава во процесот на целосна евроинтеграција на Република Македонија, поважните активности кои ги предвидува Република Ирска за  време на нејзиното претседавање, како и за политиката на проширување и процесот на проширувањето на ЕУ во приоритетите и програмата на ирското претседателство.

Министерот Попоски подвлече дека доделувањето на датум за преговори во време кога Република Ирска претседава со ЕУ ќе биде од историско значење за Република Македонија и ќе има одредена симболика, од причина што статусот на земја кандидат го добивме во 2005 година, кога Ирска исто така беше претседавач со Унијата.

Ирскиот Амбасадор се наоѓа во посета на Република Македонија како претставник на земја актуелен претседавач со Советот на Европската унија, што претставува продолжение на воспоставената пракса за претставување на програмата и приоритетите од тековното претседателство пред институциите на Република Македонија.