Средба Попоски -Свилановиќ

Консултации на активностите во рамки на актуелното претседавање на Република Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) со фокус на регионалната соработка во европските интеграции и особено идентификување на инфраструктурни проекти од регионално значење, биле тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Попоски со генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС) во Југоисточна Европа Горан Свилановиќ.

- Ќе се обидеме во овој период да направиме едно согледување, анализа, за тоа што сакаме во наредиот дел да биде клучен дел на регионалната соработка. Се надеваме дека ќе успееме да привлечеме поголемо внимание во делот на финансирањето на регионалната инфраструтура, односно конкретни проекти со  регионално значење. Мислиме дека студијата за иден развој на регионалната соработка во делот на економскатаб соработка е нешто што може да ни даде дополнителна вредност и она што за нас е најзначајно е од сега до јуни да дадеме придонес како претседавач на регионалната соработка за европеизирање на односите а не за нивно балканизирање, рече Попоски.

Во овој контекст тој изрази уверување дека заклучоците што ќе се постигнат до Минситерскиот состанок во мај и самитот на шефови на држави во јуни во Охрид ќе бидат основа за зголемена регионлана соработка и за да ги убедиме европските партнери дека има добра основа и за зголемена финснасиска поддршка на регионалните проекти.

Според Свилановиќ, Советот за регионална соработка за свој приоритет го има развојот на Стратегија за регионална соработка до 2020 година, која ќе се потпира на Стретегијата за периодот до 2020 на ЕУ. За реализација на овој документ, треба да биде готов до ноември и поддржан од членките на Процесот за соработка во ЈИЕ, се смета на финансиска поддршка од ЕУ и особено новиот инструментот за претпристапна помош ИПА-2.

- Според статистика ИПА-1 во просек половина од парите што беа расположиви се искористени. Тоа е лоша статистика за нас во регионот и многу лоша статистика за нашиот партнер ЕУ и затоа сега разговараме за ИПА инстументот да биде полесно и поефикасно искористен од регионот. Во овој процес СРС има важна улога кога ќе се одлучува за регионалните фондови, она што се нарекува повеќенаменка, рече Свилановиќ.

Одговорноста за слабата искористенот на ИПА фондовите тој ја гледа кај двете страни, а не само кај регионот и новиот ИПА-2 инструмент очекува да биде прилагоден на апсорбциската ноќ на земјите во регионот.

Двајцата подвлекоа дека станува збор за проекти во инфраструктурата од регионално значење како доизградба на коридорите 8 и 10 и проекти за прекугранична соработка, за кои ќе се постигне консензус на регионално ниво.

Регионалниот совет за соработка е наследник на Пактот за стабилност на ЈИE и ја поддржува евроателантската интеграција на регионот, а во својата работа е фокусиран на еконсомска, општествена, безбедноста соработка. Во СРС членуваат 46 земји, организации и меѓународни финансиски институции. Горан Свилановиќ ја презеде функцијата генмерален секретар на СРС на 1 јануари 2013 година, на која беше именуван од министрите за надворешни работи на земјите од ПСЈИЕ на состанокот во Белград во јуни, лани.