Со владина поддршка уште три згрижувачки семејства во СОС Детското село

Во СОС Детското село, годинава, со поддршка на државата, ќе бидат формирани три згрижувачки семејства во кои ќе можат да се згрижат најмногу пет деца.

Согласно Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и Јулијана Накова Гапо од СОС Детското село, за вклучување на овие семејства во постојниот систем, обезбедени се 1,35 милиони денари на годишно ниво. Финансирањето ќе биде партиципативно.

- Со ова, СОС Детското село ја промовира професијата згрижувач во нашата заедница а со тоа придонесува за подобрување на квалитетот на грижата на децата без родители и родителсјка грижа, рече Ристовски.

Јулијана Накова Гапо оцени дека ова е почеток на успешна и дологорочна соработка. - Според нашите разговори и преговори, постапното финансирање на децата згрижени во СОС семејствата ќе се одвива континуирано со цел рамномерен распоред не само на финансиската, туку и на стручната, професионална одговорност, истакна Гапо. 

Во постојниот систем за социјална заштита моментно се активни 155 згрижувачи семејства во кои се сместени 220 деца. Надоместокот за трошоците за сместено лице е 5.000 денари, а за згрижување 1.500. Надоместокот, пак, за дете со воспитно-социјални проблеми на ушилишна возраст се зголемува за 500 денарио, а за исто толку се зголемува и износот за згрижѕување.

Во СОС Детското село има 96 деца од кои 60 се сместени во семејни куќи, 27 се во двете младински програми, а 9 млади луѓе на кои им се дава поддршка според Програмата за полунезависно живеење.