Билатерални средби на Министерот Попоски во Минхен

На маргините на Конференцијата за безбедност во Минхен, Министерот Попоски се сретна со својот колега, полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски. На средбата се разговараше за европските интеграции, билатералните односи и соработката помеѓу двете земји. 

Министерот Попоски информирајќи за претстојните активности намакедонското претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа во првата половина на 2013, упати покана до Министерот Шикорски за учество на еден од претстојните министерски состаноци во рамки на претседавањето.

Министерот Попоски се сретна и со претседавачот на Минхенската Конференција, Амбасадор Волфганг Ишингер, со кој дискутираше за теми поврзани со Минхенската Конференција која соговорниците ја оценија како многу успешна. На средбата се разговараше и за актуелните регионални случувања во Југоисточна Европа како и за активностите за пристапување на Македонија во ЕУ и НАТО. Министерот Попоски упати покана до Амбасадорот Ишингер да ја посети Република Македонија.

Македонската делегација предводена од Претседателот Иванов и Министерот Попоски остварија средба и со Министерот за надворешни работи на Турција Давутоглу на која беа реафирмирани исклучително пријателските односи помеѓу двете земји.