Втор ден од официјалната посета на Министерот Попоски на Руската Федерација

Министерот Никола Попоски денеска имаше средба со челните луѓе на Руската трговско индустриска комора, при што беше одржана економско-промотивна презентација за претставниците од повеќе руски компании заинтересирана за инвестиции и соработка со Република Македонија.

Притоа, министерот Попоски ги презентираше поволните услови за инвестиции во сферата на енергетиката, како и можностите за зголемување на соработката во областа на земјоделието. Тој исто така ги претстави македонските туристички потенцијали и искажа надеж дека во иднина многу  повеќе руски гости ќе ја посетат нашата земја

Презентацијата беше проследена со особено внимание, а министерот Попоски оствари и неколку одделни средби со претставници на руската бизнис заедница кои се заинтересирани за деловна соработка со Република Македонија.

Во рамки на посетата, министерот Попоски го посети седиштето на Духовната Академија, една од најстарите и најпрестижни академии во Русија.  Тој имаше средба со ректорот на академијата, архиепископот Евгениј, при што меѓу другото беше разговарано околу можноста за  вклучување на Академијата во  чествувањето на годишнината на Св. Климент Охридски.