Владата ги очекува извештаите за пожарот во „Македонски пошти“

Владата на Република Македонија на последната седница донесе заклучок со којшто ги обврза сите државни институции коишто имаат делокруг на постапување во врска со каков било аспект во случајот со пожар во „Македонски пошти“ да изготват интегриран извештај, информираше портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев. 

- Државните институции во рок не подолг од 15 дена од минатиот вторник треба да го достават до Владата на разгледување. Се разбира дека и АД „Македонски пошти“ треба да поднесе извештај. Овие извештаи на дополнителните институции ќе бидат интегрирани во вкупниот извештај и Владата ќе го разгледува во период не подол од 15 дена, изјави Ѓоргиев.

Врз основа на приказот во самиот извештај фактите, моментите, доказите коишто постојат таму Владата, како што рече, ќе заземе став за секој аспект од моментите кои се наоѓаат во рамките на самиот извештај и соодветно на тоа ќе даде препораки и заклучоци.

Во пожарот во „Македонски пошти“, што се случи на 15 јануари, беа опожарени фоајето и неколку катови од зградата.