Министерката за култура Канческа-Милевска и евроамбасадорот Орав на премиерата на документарниот филм „Не/Видлив град“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска  заедно со евроамбасадорот Аиво Орав и холандската амбасадорка Марија Шурман вчера во Македонската опера и балет присуствуваа на премиерата на арт документарниот филм „Не/Видлив град“, кој е дел од проектот од програмата на Европската Унија, Култура 2007-2013.

Во исто време во фоајето на МОБ беше отворена и изложба со фотографии од прикажувањето на претставите „Не/видлив град“ во Србија, Велика Британија, Франција, Данска и Македонија кои во изминатиот период ги вкрстија сопствената индивидуалност и креативност, и реализираа неколку театарски претстави токму меѓу граѓаните, доближувајќи им ја тој начин културата, уметноста.

Станува збор за театарската претстава која минатата година се играше во автобусот 19 во Скопје, а имаше за цел да придонесе во нормализацијата на односите помеѓу различните етнички заедници.

Според министерката за култура премиерата на филмот и изложбата на фотографии од проектот „НЕ-Видлив град“ е доказ за значењето на меѓународната соработка, меѓукултурната размена како и на програмата Култура 2007/2013, која во изминатите години, со поддршка на Министерството за култура, беше навистина успешно имплементирана на национално ниво.

„Проектот  понуди една палета на различни уметнички изразувања, вмрежување и промоција на уметниците кои творат на европскиот простор, а верувам дека проектот постигна и една друга, повисока цел: ги обедини младите луѓе од сите етнички заедници во една културна синергија, да создадат уметност  за сите“, истакна Канческа-Милевска.
„Не/видлив град“, е проект финансиран од Европската комисија за култура, министерството за култура и холандската амбасада во Македонија. Станува збор за театарска претстава која минатата година се играше во автобусот 19 во Скопје, а имаше за цел да придонесе во нормализацијата на односите помеѓу различните етнички заедници.

Проектот според министерката за култура ја потврдува отвореноста на Република Македонија кон другите култури, и заложбите заеднички да работиме на презентацијата и афирмацијата на европските културни вредности.