Владата усвои нов закон за заштита на децата

 Нов Закон за заштита на децата усвои  Владата на последната седница, за чие креирање Министерството за транспорт и врски соработувало со УНИЦЕФ. Меѓу новините е тоа што се овозможува домашно правно и физичко лице да основа агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.

- Со оваа одредба се овозможува отворање агенции за чување  деца со што непосредно се надминува проблемот со нерегистрирани лица кои чуваат деца и воедно со регистрација на агенциите, лицата кои работат односно даваат услуга чување на деца имаат одговорност и нивната работа е предмет на инспекциски надзор и контрола, рече на прес-копнференција министерот Спиро Ристовски.

Лицето што дава услуга за чување  деца треба да исполнува одредени услови, меѓу кои да не е осудуван за кривични дела, да не му е одземено родителското право, да е психофизички здрав.

Законот  овозможува и физички лица да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст како професионална дејност, во домот на родителите и во сопствениот дом. Предвиедено е со оваа мерка да се стимулираат невработени лица да се вклучат во системот на заштита на децата преку давање на услуга - чување на деца.

Воведена е и законска одредба со која министерството ќе води  регистри како единствена база на податоци за правни и физички лица кои вршат дејност во рамките на системот за згрижување, воспитание и образование на деца од предучилишна возраст и на установи за одмор и рекреација на децата. Регистрите ќе бидат објавени на веб-порталот на Министерството за труд и социјална политика и заинтересираните лица може да проверат пред да ангажираат одредено лице дали тоа е регистрирано за вршење на овој тип на дејност, односно дали поседува валидна лиценца за вршење на одредени работи во дејноста.

Ристовски потсети и на новините што МТСП ги промовираше во оваа сфера, како  Центар за ран детски развој, систем на лиценцирање  за стручниот кадар и директорите на градинките и лицата кои се вклучени во дејноста на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, зајакнување на инспекциски надзор врз користење на правата и почитување на законот од страна на установите и на физичките лица кои ќе вршат одредени работи од дејноста, воведување Програма за рано учење и развој, како и електронско досие за секое дете со што ќе се следат секојдневните активности во установата за деца...