Средба на Попоски со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Скопје го прими во протоколарна посета полковникот Александар Александров, Шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Како што соопшти МНР, на средбата, меѓу другото, беше изразено взаемно задоволство од досегашната соработка на Канцеларијата за врски со Министерство за надворешни работи и останатите релевантни институции во евроатланските интегративни процеси на Република Македонија.

- Воедно, беше нагласена посветеноста на нашата држава за траен мир, стабилност, сигурност и развој на регионот, со јасна перспектива за полноправно членство во европските и евро – атлантските интеграции, стои во соопштението.