Oтворена електронска продавница во Битола

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Битола ја отвори првата електронска продавница во овој град, сопственост на веледрогеријата Марти Алко ДОО -Битола.

Станува збор за веб-електронска аптека која ќе прима порачки пред се за медицински помагала и ќе ги дистрибуира до секој клиент, нарачател, на свој товар.

- Најголем дел од малите и средни претпријатија во Македонија односно 90 насто имаат интернет и затоа очекувам овој тренд и интерес за отворање на веб-продавници да продолжи. Инвеститорите од странство се интересираат за овој новитет и затоа ќе продолжиме со отворање електронски продавници, истакна министерот Ивановски.

Во текот на следната недела Министерството за информатичко општество и администрација ќе распише јавен оглас за 50 нови компании кои ќе може да отворат електронска продавница.