Конференција за енергетска ефикасност

 „Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија - Ретроспектива и развојни препораки“ е тема на денешната конференција што се одржува во Скопје во рамки на осмата „Недела на енергетика Македонија 2012“.

На отворањето на конференцијата се обратија министерот за економија Ваљон Сарачини, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, директорот на канцеларијата на ГИЗ во Македонија Џејмс Макбет и Мартин Клуке претставник на делегацијата ан Европската унија во Македонија.

Инвестирањето во енергетската ефикасност, според министерот Сарачини, е нешто што сите треба да го правиме во иднина.

- Потребно е домаќинствата и граѓаните да разберат дека за секој вложен денар во енергетска ефикасност се враќаат три денари добивка и тоа мора да го сфатиме сите, истакна Сарачини.

Тој појасни дека доколку секое семејство вложи во енергетска ефикасност заштедите би биле до илјада евра годишно, а кај компаниите заштедите на годишно ниво би биле до 10.000 евра. - Тие пари значителнио ќе ја подигнат конкурентноста на компаниите, нивната продуктивност и ефикасност, додаде Сарачини.

Министерот за економија потсети дека лани преку ГЕФ проектот се реконструирани 18 училишни обејкти во шест општини, при што  е направена целосна замена на фасадите, комплетна изолација и замена на сите светилки и прозори, како и инсталирање на ново централно греење. Во втората фаза од овој проект опфатени се уште 16 училишта кој до февруари идната година треба да бидат завршени.

Министерството, додаде Сарачини, петта година по ред ќе објави јавен повик за субвенционирање за инсталирани сончеви колектори.

- Мерката се покажа како добра. Досега субвенционирани се околу 2.000 домаќинства, а само лани имавме над 2.500 барања од граѓани, а субвенционирани се само 500 согласно буџетот. Заштедата на годишно ниво од еден инсталитран сончев колектор е од 12.000 до 15.000 денари, рече Сарачини и очекува поголем интерес, но и поголем буџет за следната година.

Стремежот на Град Скопје, како што истакна градоначалникот, е во иднина да има повеќе енергетски ефикасни проекти кои ќе придонесат за подобар и одржлив живот на граѓаните, но и подобра животна средина.

Трајановски нагласи дека градот презема мерки за енергетска ефикасност, потсетувајќи дека Град Скопје отвори Инфоцентар за енергетска ефикасноство кој граѓаните може да ги добијат сите почетни информации. Минатата година Советот усвои Акциски план за одржлив развој на енергијата до 2020 година, преземани се мерки за енергетска ефикасност во повеќе основни училишта, во центарот на градот поставен е соларен полнач за мобилни телефони,...