Државата ќе субвенционира нискобуџетни авиокомпании

Владата донесе одлука  со 1,4 милиони евра  да субвенционира  нискобуџетни авиокомпании, за што веќе е почната постапка за измени на Законот за воздухопловство, информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Целта е  да овозможиме што поголем број компании да ги користат аеродормите во Скопје и во Охрид кои ќе отворат нови дестинации,  но и да се намали цената на авиобилетите, рече Јанакиески на прес-конференција на која даде отчет за сработеното во неговиот ресор во првите 100 дена од формирањето на Владата.

Најголем дел од земјите во регионот имаат сопствени авиокомпании  и издвојуваат дел од буџетот за нивна поддршка, но пари за таа намена даваат и земјите што немаат свои авиокомпании.  Доколку го пропуштиме овој воз, бидејќи веќе има зголемен интерес и  патници, истакна Јанакиески, тогаш може други соседни аеродроми да ги земат нашите патници.

Министерот најави дека за две недели владин економски тим ќе понуди нов предлог за динамиката и начинот на финансирање на изградбата на автопатиштата во државата, откако на тендерот за нивно концесионирање немаше ниту едно барање за учество во постапката од компаниите кои ја поминаа претквалификациската фаза. Во Агенцијата за државни патишта се прават дополнителни анализи за начинот на финансирање и изведбата, односно дали тоа ќе биде на ниво на автопат или реконструкција со проширување.

Според Јанакиески, за проектот за целосно автоматизирана наплата на патарините на Коридорот 10 веќе се обезбедени финансии и се очекува тој да профункционира најдоцна до 2013 година.

Прашан дали по денешниот предупредувачки протест на врботените во ЈП „Македонија пат“ е доведено во прашање одржувањето на патиштата, министерот за транспорт за вечер најави состанок со менаџерскиот тим, на кој ќе биле изнесени краткорочни и долгорочни мерки за состојбите во претпријатието.

Зголемувањето на висината на радиодифузната такса,  што како  предлог  веќе е доставено до Владата, според Јанакиески е  за да се обезбеди независно и поефикасно финансирање на јавниот сервис, но  предвид е земена и стапката на инфлација во последниот период.  

Министерот најави проекти  и за подобрување на железничката инфраструктура. Во наредниот период, како што рече,  треба да се склучи  договор за реконструкција  на пругата Куманово - Бељаковце, до крајот на годината ЕБРД и ЕИБ да го одобрат проектот, а во текот на  2013 да почнат  и градежните работи за делот што недостига до границата со Бугарија. - Во оваа фаза треба да се заврши проектот за реконструкција,  да се склучи договор за  кредитирање, а потоа да следи и тендер за изградба. Очекувам дека до  крајот на наредната година ќе потпишеме договор за реконструкција на овој прв дел и оти ќе ја обезбедиме  финансиската конструкција за вториот дел за кој треба изградба, појасни Јанакиески и додаде дека целата инвестиција е околу 450 милиони евра.

Осврнувајќи се на работењето во изминатите 100 дена, Јанакиески нагласи дека неговиот ресор работел на реализација на Програмата со која излегле пред граѓаните на изборите и со која ја добиле довербата да продолжат со реформите со цел да овозможат подобра инфраструктура, безбеден транспорт, влез на нови инвестиции и подобри економски услови за сите граѓани.

Меѓу проектите што ги реализирале ги наброја пуштањето во употреба на реконструираниот аеродром „Александар Велики“ од страна на турски ТАВ во што беа вложени 100 милиони евра, изградбата на автопатската делница Табановце - Куманово во должина од 7,6 километри во вредност од 15,5 милиони евра, легализацијата на дивоградбите, со што, според него е почната постапка за решавање на правниот статус на градби на над 353.060 семејства,... Во  делот на патиштата, посочи, завршена  е изградбата на регионалениот патен правец К2-П-418 од населеното место Џепчиште до границата со Албанија, а завршена е и изградбата на 20 локални патишта во 14 општини. Јанакиески истакна и оти се постигнати значителни резултати во издавањето градежни дозволи што ја рангира Македонија на првото место во таа постапка од страна на Дуинг бизнис, а која од следната година ќе биде по електронски пат.  Ги наброја и пренесувањето на надлежностите за менаџирање со градежното државно неизградено земјиште кај 14 општини, набавката на нови 47 нископодни и 68 двокатни автобуси, лиценцирањето на транспортните компании, распределбата на автобуските линии по електронски пат

Категорија: