Владата и додели еднократна парична награда од 30.000 евра на Оливера Наковска-Бикова

Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи да и додели еднократна парична награда на Оливера Наковска-Бикова за освоениот златен медал на Параолимписките игри во Лондон, во висина од 30.000 евра.

 Оливера Наковска-Бикова постигна огромен успех, освојувајќи златен медал и поставувајќи светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон 2012.