Писмо од премиерот Груевски до претседателот на САД, Обама по повод годишнината од нападите на 11 септември

Ваша Eкселенцијо,

По повод единаесеттата годишнина од случувањето на грозоморните терористички напади од 11-ти септември 2001 година, кои што воедно претставуваа и терористички напад врз демократијата и слободата во светски рамки, дозволете во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, да го изразам жалењето за големата загуба што семејствата на жртвите и целиот американски народ, ја претрпеа тој ден, и да ја споделиме болката и тагата за изгубените човечки животи. 

Деновиве кога се молиме за душите и спокојот на жртвите, храбрите мажи и жени, би сакал повторно да ја истакнам подготвеноста на Република Македонија и натаму да го презема својот дел на одговорноста во справувањето со сите форми на загрозување на мирот и сигурноста на глобален план, а од друга страна активно да работи на промовирање и заштита на универзалните вредности - мирот, демократијата и човековите права.

Молам, примете ги, Почитуван Претседателе, изразите на моето највисоко почитување.

Никола ГРУЕВСКИ