Промовирана „Училницата на 21-от век“

На Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ) денеска беше отворена „Училницата на 21-от век“ која е најголемиот СМАРТ едукативен центар во Јадранскиот регион.

Едукативниот центар вреден 60.000 евра е донација од компанијата „Стелџес“ од Велика Британија. Неговата цел е да обезбеди интерактивна технологија и простор за обука и професионален развој кој ќе биде достапен за сите образовни институции.

Голем дел од технологијата инсталирана во едукативниот центар е дизјанирана за да им помогне на децата со специјални потреби и деца кои имаат потешкотии со учењето, помагајќи го нивниот развој, преку внесување повеќе интеракција, мотивација и забава во училниците.

Во пракса, смарт универзалната табла која фукнционира на допир може да се користи за било кој предмети за деца и повозрасни, а засега на неа ќе може да се обучуваат сите заинтересирани наставници. На денешната промоција присуствуаше и ресорниот министер Панче Кралев кој рече дека во едукативниот центар ќе бидат достапни најиновативните интерактивни образовни технологии кои се користат во светот.

- Технологијата како никогаш досега го менува и обликува начинот на којшто живееме, функционираме, комуницираме и работиме. Тоа е процес кој бара постојано адаптирање и прифаќање на технологиите кои доаѓаат. Во таа насока, и самото образование мора да ја вклучи технологијата како поддршка и дополнување на наставниот процес, истакна Кралев.

Македонија, нагласи, постојано се залага за воведување повеќе интерактивни технологии и создавање можности за подобро образование за сите ученици и студенти. 

- Интерактивната образовна технологија не секогаш значи модерни табли кои работат на допир. Во Македонија веќе постои инфрастурктура и потенцијал за поголемо вклучување на технологијата во наставниот процес, додаде министерот Кралев.