Бесими и началникот на ГШ на АРМ на тактичко-техничкиот збор на воениот стадион

По повод јубилејот 20 години АРМ и 18-ти август  Денот на Армијата, денеска и вчера на воениот стадион во Градскиот парк, е организирана изложба на воената опрема и борбената техника со која располага АРМ.

Тактичко -техничкиот збор денеска на воениот стадион го псоетија и министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - мајор Горанчо Котески.

Целта на изложбата е дружење со припадниците на АРМ и можноста граѓаните на Република Македонија да видат дел од опремата и техниката со која располага Армијата.

Прикажани се, информира портпаролот на ГШ на АРМ потполковник Мирче Ѓоргоски, дел од борбените средства и опрема со која нашите припадници извршуваат редовни борбени задачи и дел од она што е распоредено во мисиите надвор од Република Македонија.

- Најголем дел од опремата е компатибилно и е во одлична борбена состојба. Се што е прикажано од борбена техника и вооружување лично или колективно е апсолутно без никаква муниција, изјави Ѓоргоски, додавајќи оти најинтересен и атрактивен за граѓаните е изложениот борбен хеликоптер МИ-24, но има интерес и за другите зависно од секој поединец.