Договорена либерализација на транспортот меѓу Македонија и Летонија

 

Состанокот на мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Летонија (Латвија) беше парафиран текст на спогодба за меѓународен патен сообраќај каде се предвидува  целосна либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на превозот на стоки односно истиот да се извршува без режим на дозволи.

Договорено е оваа спогодба министрите за транспорт на двете земји да ја потпишат спогодбата во првата половина на 2012 година. Со тоа ќе се воведе целосна либерализација на превозот на стоки и истиот помеѓу Република Македонија и Република Летонија ќе се одвива без дозволи.

На состанокот кој се одржа на 26 и 27 октомври 2011 година во Рига, Република Летонија исто така беше потпишан Протокол со кој е договорено за 2012 година да се разменат 200 транспортни дозволи за превоз на стока за и од трети. Наведениот контингент на дозволи во целост ќе ги задоволи проектираните потребите на македонските превозници.

 Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за меѓународен патен сообраќај со земјите со кои остваруваме економска размена со цел дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот, како и овозможување на либерален превоз.

Категорија: